Катина Иванова
актерка
Во МНТ, екипа од 80 луѓе до средината на јули сме во состојба на готовност. Работиме на пробите за претставата „Троил и Кресида“ во режија на Љубиша Георгиевски. Тоа ќе биде грандиозен проект, па и денеска од 9 до 17 часот сум на проба, а потоа секако сум само за одмор и релаксација.
Мирсад Јонуз
селектор на макед. фуд. репрезентација
По пет напорни работни дена, како со бизнисот, така и со фудбалот, денеска е ден за одмор, но и за резимирање на резултатите од изминатата работна недела. В недела, главен настан ми е следење на финалето на Купот на Македонија во фудбал.
Мартин Петковски
директор на ТА „Пет"
Иако нашите аранжмани за Турција со авионски превоз почнуваат од 18 јуни, во агенцијата секојдневно е врвулица од луѓе, кои се интересираат за летување во Анталија, Аланија, Кемер... Интересот е навистина голем, па речиси и немам слободно време. Сезоната влезе во пол ек! |