Број 3149  вторник, 01 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Мите Грозданов

актер

Како да свртам, денот ми доаѓа наопаку. Денеска имам намера да одам во Совет за радиодифузија да реагирам за присилното наплаќање на ТВ-претплатата. Потоа ќе се посветам на подготовката на претставата „Затвор за жени“, што на 14 декември мојот театар „Македонија“ ќе ја одигра во МКЦ во Скопје.

Влатко Илиевски

музичар

Утринава, во 8 часот, одам на мојот редовно кондиционо трчање до Средно Водно. Потоа имам снимање на една новогодишна емисија, па во текот на денот веќе започнувам со пробите за мојот солистички концерт во февруари идната година. Попладне, имам проба на дипломската претстава на ФДУ.

Сашо Ливрински

композитор

И денеска ги имам редовните работни обврски како професор во Средното училиште „Кочо Рацин“. Попладне, најдобро се одморам создавајќи нова музика, па работам на песните за новото ЦД на Дарко Билбиловски.


#
Најди! во Утрински