Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Адријана Алачки

пејачка

Го пијам утринскиот чај со Горан и правиме план за денот. Ја испраќам Граци на факултет и Баже во гимназија. До 10 ч. сум готова со ручекот за семејството и потоа одам на фризер кај Деки. Во 12 ч. имам новогодишно снимање за МТВ. Потоа, заминувам со моите колешки во Кочани, каде што ќе учествуваме на хуманитарниот концерт за помош на Александар Ицковски, што треба да се оперира во Белгија. Се чувствувам среќна кога можам некому да помогнам од срце, безусловно.

Ана Зафирова

новинарка

Темпото на функционирање ми е водено од работните задачи што ми следуваат во однос на подготовката за емисија. Затоа првиот дел од денот е определен за монтажа на емисијата, потоа на состанок со идниот соговорник. Следува договор со Ане од Специјалната олимпијада во врска со викенд-дербито меѓу кошаркарските тимови на МЗТ и Работнички на кое ќе учествуваат специјалните олимпијци и, на крај, одам на часови на постдипломски. Кога ќе се врата дома, во 21 ч., веројатно ќе колабирам в кревет.

Фани Христова

диџејка

Денес одам за Битола и ќе останам до викендот да си ја видам фамилијата и да си ги наполнам батериите. Ќе си уживам со сите најблиските, а менито ќе биде исклучиво по мој вкус. Се разбира, и ќе работам - инспиративно пишувам текст за Игор Митровиќ и се подготвувам за следниот работен викенд низ клубовите.

 


#
Најди! во Утрински