Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Политика

Пасош во фотофиниш за почеток на одморот

Ако се јавите денеска за пасош по редовна постапка, ќе ви закажат во септември

Горан Адамовски


За фотографирање и за аплицирање оди лесно, а подигањето на готовите лични документи потешко. Вака во кратки црти функционираат работите во Управното одделение на Секретаријатот за внатрешни работи (СВР) Скопје во зградата на Македонската радио-телевизија. Екот на летото, како по обичај, го зголеми бројот на барателите за пасош, додека за лични карти има вообичаен интерес.

Бесплатната телефонска линија 080019292 за закажување термин ќе ја добиете од прв обид. Ако се јавите денеска, службениците ќе ви го понудат крајот на јули за аплицирање за лична карта, додека за пасош првиот слободен термин е почетокот на септември. Тоа значи дека летото ќе го пропуштите, освен ако не се одлучите за добивање пасош по брза постапка, кој ќе ве чини околу 5.000 денари.

Според информациите од МВР, овие граѓани добиваат термин за аплицирање уште наредниот ден откако ќе се јават на телефонскиот број или, пак, ја искористат шансата за закажување преку интернет на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи (www.mvr.gov.mk).

„Да закажеш не е проблем сега, метеж веќе нема толку, па не оди тешко ниту аплицирањето. Ќе си дојдеш во терминот што ти го закажале и ќе завршиш работа бргу. Ама да го земеш пасошот, може да биде комплицирано“, ни вели еден повозрасен скопјанец, кој вчера трпеливо чекаше во зградата на МРТВ да види дали е изготвен неговиот личен документ. Тој вели дека бил на сликање пред еден месец. Чекал да добие СМС-порака на мобилен телефон дека пасошот му е изготвен и оти може да дојде да си го подигне.

„Пријателите ми рекоа дека се случува да не ти пратат порака, а пасошот да ти биде готов, па дојдов да проверам оти за десетина дена треба да одам на море“, раскажува скопјанецот.

Просторијата за подигање на готовите биометриски документи се наоѓа од спротивната страна на зградата, поточно, од нејзиниот главен влез. Штом се качите на катот, треба да се пријавите на шалтерот каде што го заведуваат вашето име и презиме. Ќе ви речат да почекате да видите дали ќе се прочитате на мониторот. Ако биде така, значи дека личниот документ по кој сте дошле е готов. Тогаш одите во „главната просторија“ каде што се шалтерите со готови лични карти и пасоши. Ќе почекате да дојдете на ред и за кратко време ќе го добиете тоа што го сакате. Работата е што може да чекате со часови, а, сепак, на крајот да ви кажат дека „документот е во изработка“.

„Пред две недели дојдов директно по работа. До 20 часот останав тука и не завршив работа“, ни се жали една девојка, која вчера, сепак, имаше среќа и без многу чекање ја извади личната карта.

Службениците објаснуваат дека поголем метеж за издавање на готовите документи се правел во попладневните часови, како и тоа дека сите брзале да извадат пасоши пред почетокот на летото, а дека сега е опуштено.

И навистина, вчера кога екипата на „Утрински весник“ изврши увид во Управното одделение, работите се одвиваа без поголеми нервози. Климатизираните простории нудат спас од горештините, а иако беше петок, ден во кој поради бесплатните автобуски билети за пензионерите се создава поголем метеж, немаше голема раздвиженост низ шалтерите. Од око, барем, се добива впечаток дека се' може да заврши за десетина минути, иако одвреме-навреме понекој граѓанин откако ќе дознаеше за што сме дошле, ќе ни се пожалеше дека „губи драгоцено време“ и ни сугерира да напишеме дека „не се ажурни“.

Од МВР вчера ни соопштија дека досега биле издадени 1,211.833 биометриски патни исправи, од кои речиси 67.000 биле од „втората“ генерација.

„Тие се чекор понапред од првата генерација во смисла на заштитата. Во нив е вметнат втор елемент во чипот - отпечатокот на прстот“, објаснува Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност при МВР.

Издадени се и повеќе од 1,150.000 лични карти, како и 344.927 нови возачки дозволи. Како што е познато, до април 2012 година сите граѓани мора да имаат биометриски лични карти, пасоши и возачки дозволи.


#
Статијата е прочитана 1600 пати.

Испрати коментар

Од: dijaspora
Датум: 09.07.2011 15:57:29
Napisete malku I za dijasporata voice koja samo voice amerika cekaat poveke od 3000daniela luge,za famoznite makedonski pasosi.I zosto seuste nema masini da se izdavaat istite nego se ceka na mobilnata ekipa koja nikoj ne zena koga ke dojdi.voice konzulatot velat mnogu bila skapa masinata da se kupat za vo dijasporata. Neka prodadat eden od spomenicite moze ke izvadat pari za masina.
Од: L.
Датум: 10.07.2011 01:43:03
Ne e sosema tocno toa sto go pisuva na krajot od statijata. Imeno, site gragjanai do 2012 moraat da izvadat biometrijski licni karti i vozacki, no sto se odnesuva do pasosite, niv mozat no i ne mora da se vadat. Sekako poseduvanjeto na biometriski pasos, e pridobivka plus za onie koi sakaat da patuvaat bez vizi niz poveceto zemji clenki na EU.
Од: kiro
Датум: 10.07.2011 08:52:51
Za sram ste be so tie pasosi, . Ne cudnoi so retardirani luge. A kade go ima toa vo svetot; Zatoa site mladi luge nestrplivo cekaat da pobegnat od uzasnoto zemjice.

Најди! во Утрински
Политика
Учениците по нова шема од септември

"""