Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Брисел не сака да го дели Западен Балкан

ЕУ нема да ја менува стратегијата за регионов секоја недела

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Европската унија го создаде Западен Балкан и нема намера да го испрати во историјата, ребрендирајќи го во две групи земји - е категоричната најава од официјалните кругови во Брисел, по јавното промовирање на т.н. Јадранска група и Централен Балкан од страна на Европскиот совет за меѓународни односи.

Во Европската комисија порачуваат дека до нив не ни стигнала таа идеја, но и да е тука, немаат намера да ја менуваат стратегијата секоја недела, бидејќи најновата е прилично нова, од март годинава и ќе биде потврдена на министерскиот состанок во Луксембург токму денес. Во неа, како што се потенцира, нема ништо што асоцира на поделба на регионот на Западен Балкан во две групи, една која се движи побрзо до ЕУ и втората која заостанува, дотолку повеќе што тоа би било контрапродуктивно и за самата Унија, која со месеци се обидува да ја увери Србија да ја прифати европерспективата, а сега ќе треба да и' каже дека е во назадната група.

И експертите за Балканот во Брисел ја отфрлаат идејата за формална поделба на регионот од страна на Европската унија, оценувајќи дека тоа би било контрапродуктивно, особено сега кога и без тоа е заглавен процесот на евроинтеграцијата.

„Србија се' уште не знае каква иднина сака, иднината на Косово е несигурна, БиХ напредува многу бавно, а Македонија е блокирана поради спорот околу името со Грција. Всушност, во моментов ситуацијата во Централен Балкан не е многу ветувачка и, ако се подели по оваа линија регионот, би било многу лошо“, смета Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност.

Според него, нема никаква формална стратегија да се ребрендира Балканот, туку само се констатира она што сега реално постои во регионот, односно чувството дека земјите од т.н. јадранска група напредуваат многу повеќе од остатокот, со тоа што Македонија треба да го фати чекорот со нив и да не дозволи да се најде назад, со Србија, БиХ и Косово.

Според експертите во Брисел, повод за ваквото гледање на регионот е упатувањето на поканите за прием во НАТО на Хрватска и на Албанија, очекувањата Тирана и Подгорица бргу да поднесат апликации за членство во ЕУ и отворањето нови преговарачки поглавја меѓу Загреб и Брисел, што го прави пореален приемот на Хрватска во блиска иднина во Унијата.

Генерално, сите објаснуваат дека во моментов нема конкретни иницијативи да се подели повторно регионот, како што се подели веќе еднаш Југоисточна Европа, но дека ќе биде добро ако земјите во него самите се ребрендираат, односно ако го забрзаат движењето кон ЕУ. Пораката е дека на регионот му треба нов моментум, но дека политиката на ЕУ во моментов не помага многу во тоа, бидејќи дава конфузни резултати.

 


Статијата е прочитана 3080 пати.

Испрати коментар

Од: Marks
Датум: 29.04.2008 04:48:37
Ima li kraj Bugarskata romantika?
Од: Emanuel Kant
Датум: 29.04.2008 12:42:07
Nema da docekas druze Marks. Vistinata kakto znaes e obektivna dadenost. I kolkoto i da se kosis i plukas utopijata na makedonizma nema da mine. Prosto dialektika.
Од: Dovcerasen makedonec
Датум: 29.04.2008 14:36:15
Dali ima kraj "makedonskata" romantika
Од: emina debar
Датум: 29.04.2008 15:20:51
kako moze da go meni imeto makedonija koga sekoga bila makedonija i ke ostane makedonija nesme vo parlament da gi menuvame pratenicite nee mozno e samo edno ime ...............
Од: В
Датум: 29.04.2008 21:37:42
Македонија на македонците.Македонци не се срамете кажете дека сте македонци.Македонците се во Грциа,Бугарија,Албанија и наша Македонија.Бидете горди што сте на македонска земја на славните претци.Не слушајте никој,па и европа сто вели македонци секаде сте македонци бидете горди македонци,ако ЕУ не обедини благодариме,ако не пак благодариме,ние пак сме горди македонци.Повеке храброст на македонците сто се надвор од нашава и нивна Македонија,Македонија е една нема повеке.......

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Предизборни разрешувања во државните институции
Македонија годинава со рекордна инфлација
ВМРО-ДПМНЕ доби 2.000 предлози од граѓаните