Што прават денеска
Дарко Димитров
продуцент
И покрај непроспиената ноќ мината со Мона, се будам радосен и среќен, со насмевка на лицето. Денеска, а и во наредните денови ме очекуваат интензивни проби со Ања Ветерова, со која наскоро патуваме за Минск на детската „Евровизија“. Остатокот од денот е резервиран за подготовка на еден голем проект што наскоро ќе го објавиме.
Наталија Грубовиќ
водителка
Сакам неделата да ја почнам релаксирано, па затоа денот го стартувам во студиото „Диор“- прво на фризер, па на некој од СПА-третманите. Потоа имам обврски на Економскиот факултет каде што сум на постдипломски студии, а оттаму продолжувам на состаноци во „Капитол адвертајзинг“, каде што сум ангажирана како ПР.
Дејан Лилиќ
актер
Штотуку се вратив од еден фестивал во Бугарија. Време за одмор нема, ако не се смета вчерашниот ден, па така денеска веднаш продолжувам со фул исполнет работен распоред. Утрово ме чекаат обврски во театарот, во 11 часот имам проба, потоа одам на синхронизација, па кастинг и вечерва на претстава во Драмски театар. |