Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Кој ќе го контролира прислушувањето на МВР?

По усвојувањето на измените на Законот за електронски комуникации со кои МВР ќе може без судски налог да следи Интернет и телефонски комуникации, се постави дилемата кој сега ќе ги штити граѓаните од упадот во нивната приватност. На вчерашната дебата „Заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување“ организирана од Фондацијата институт отворено општество и Дирекцијата за заштита на личните податоци се отвори и прашањето за тоа како граѓаните ќе се штитат од донесени измени МВР да ја следи секоја комуникација без ограничување.

Од ДЗЛП велат дека тие имаат надлежност да постапуваат единствено по барање на граѓаните доколку тие од МВР не добијат информации за тоа дали е вршен увид во нивната лична комуникација.

„Дали вашите податоци се обработуваат е регулирано со Законот за полиција, според к��ј, секој граѓанин има право да се обрати до МВР и да побара информации дали некои негови лични податоци се обработувани и на кој начин. Ако не сте задоволни од одговорот или МВР воопшто не ви одговори, тогаш граѓанинот има можност да се обрати до Дирекцијата за заштита на личните податоци. Ние потоа ќе можеме да отвориме постапка и да побараме од МВР, односно во Центарот за обработка на податоци да видиме кој и зошто вршел увид“, вели Елена Стојановска од ДЗЛП. Таа додава дека доколку се утврди дека прислушувањето било неоправдано, се носи решение за натамошна постапка.

Измените на Законот за електронски комуникации, кои се спротивни на Уставот, овозможуваат МВР арбитрарно и неограничено да ги прислушкува сите комуникации на граѓаните. Последиците ќе бидат огромни, бидејќи сега и законски ќе се следи целата комуникација на граѓаните без можност да се спречат злоупотреби.

„И да не постои реална можност за злоупотреба доколку не се следат поставени стандарди може да дојде до непочитување на тие одредби. Нашата надлежност во делот на вршење проверка е токму таа да видиме дали увидот се врши во токму определената законска цел“, истакнува Стојановска.

На вчерашната трибина беше укажано и дека медиумите кога пласираат информации треба да прават процени дали изнесувањето лични податоци повредува нечија приватност. Од нив се бара примена на соодветни мерки за заштита на идентитетот на луѓето за кои се пишува. Генералните препораки се замаглување на ликот, користење иницијали, како и согласност од лицето што е снимено. Овие препораки се изземаат доколку снимањето или фотографирањето е на јавни настани. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 499 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 19.06.2010 02:02:27
Како кој ќе го контролира прислушкувањето и пратењето - да не заборавиме.Па се знае, Големиот Брат.Имаме 2010.Го надминуваме Орвел, сега ќе бидеме во центарот на вниманието на Европа, ете формираме ново Гестапо но нема така да се вика а ќе се наоѓа во демократска Македонија?.Еве им се јавувам на Големото Уво и Големиот Брат и ги поздравувам.Нека не се грижат за безбедноста на државата.Народот, тој како и секогаш е мирен и не работи против интересите на државата, а за останатите та тие заедно пијат кафе па нека се испитаат и договорат....Да не им текне да ни вградат чипови??
Од: sirma vojvoda
Датум: 19.06.2010 10:30:22
hehehe ke prisluskuvale kako demek do sega baraa nalog za prisluskuvanje ma ajde dosta so lagi i izmami dzabe vi e se vozot sekoj den se pobrgu i pobrgu odi ne se plasime veke da go kazeme i kreneme nasiot glas..GOTOVO E!!!!!!!!!!!!
Од: koj?
Датум: 19.06.2010 11:09:55
DPMNE i Gordana Jankulovska
Од: Трпе
Датум: 19.06.2010 12:40:04
Одговорот е многу јасен,разбира се,партијата на власт.Баронот мора да биде информиран и тој да одлучи чива глава ке лета.
Од: slobodaustun
Датум: 20.06.2010 07:32:53
policijata podobro da si ja vr[i rabotata za koja se plateni a ne da gi pri[lu[uvaat telefonite na obi;niot gra]anin koj pravi zagovor ne se dogovara po telefon.

Најди! во Утрински
На прво место
Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата
Опозицијата се мобилизира за избори