Што прават денеска
Миле Кузмановски
пејач
Во првиот час од денешниот ден, со семејството полетуваме на десетдневен одмор во Аланија, Турција. Со оглед дека сум некаде до половина со концертната турнеја низ Македонија, овој одмор ми е многу потребен. По враќањето, планираме турнејата да продолжи во Кавадарци.
Ана Зафирова
новинарка
По напорната работа, денеска заминувам на заслужен викенд - одмор во Охрид со мајка ми и сестра ми. Независно од временските услови, планирам да уживам во убавините на Охрид и сосема да заборавам на обврските. Па, викендите се за тоа, за одмор до заборав, нели?! Нино Леви
актер
Како професионална обврска денеска треба да се сретнам со младата режисерка Маја и да се договориме околу мојот ангажман во нејзиниот студентски филм. Се' што останува од денот е само за семејството и за блиските. Во СП во фудбал ќе се вклучам од 4 јули. |