Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Едиторијал

Едиторијал

Исправена неправда

Соња Крамарска

Предолго чекаа македонските граѓани на паѓањето на шенгенскиот ѕид. Две децении висење пред странските амбасади во Скопје, понижување, финансиско оптоварување. Визите не беа само физичка пречка, туку и психолошка бариера кон Западот. Не' проценуваа дали сме здрави, дали ни се сите заби на број, дали имаме што да облечеме, дали ќе јадеме или ќе просиме во некоја од европските метрополи. Се разбира, и Западот понекогаш може да страда од предрасуди и стереотипи. Балканот во таа смисла е последната жртва.

Македонските граѓани сосема заслужено се најдоа на белата шенген-листа. Европа веројатно и досега сфати дека не политичарите што носеа погрешни одлуки во изминатите две децении, туку граѓаните беа тие што беа дискриминирани. Политичарите од Македонија и нивните колеги пошироко од Балканот беа привилегирани во Европа. Да, и таму има привилегии. Тие се, всушност, изум на Западот.

Македонската јавност достоинствено и културно го дочека падот на шенгенскиот ѕид. Може да се каже дури и дека немаше некоја експлозија на радост. Со исклучок на медиумите, главно, под инструкција на Владата на која безвизниот режим и' треба за да го прокнижи како успех на „Преродбата“, обичните граѓани не бликаа од среќа. Така и треба. Тие знаат дека европските земји им дадоа нешто што одамна им припаѓа, а тоа е слободата на движење и размена. Тоа е нешто што треба да има третман на цивилизациска, а не политичка придобивка.

Визниот режим беше особено апсурден во услови кога луѓето што беа поврзани со криминални структури и од кои Европа се плашеше, всушност, лесно доаѓаа до визи. Страдаа обичните граѓани, оние што сакаат да отидат на гости, на летување или зимување, или да отидат едноставно на шетање. Европските политички центри треба да знаат дека добивањето визи во Македонија беше претворено на некој начин и во бизнис. Нека ги отворат само илјадниците огласи каде што се нудеше посредување за визи за некоја сума за „провизија“.

Смешни се настојувањата на Владата падот на визниот режим да го прогласи за свој политички успех. Ако премиерот Никола Груевски и владејачката партија сакаат да постигнат вистински успех на политички план има други потези со кои можат да ја докажат својата волја за напредување на земјата. За еден таков потег, имаат дури и рок, до 10-11 декември. Оттука, непотребен беше театарот на плоштадот во Скопје на кој, божем спонтано, се собраа граѓани да го прослават укинувањето на визите, а Груевски, божем случајно, се најде таму. Евтино и невкусно.

Божикниот подарок од ЕУ за Македонија е убав и културен гест, но никој нема да се залета нестрпливо и еуфорично да го искине целофанот и портокаловата панделката во кои е завиткан. Тоа е нешто што предолго сте го чекале и повеќе не ви прави некој голем ќеиф. Особено што економските состојби во државата не се во ѕвездените височини каде што ги сместува вицепремиерот Зоран Ставрески и не дозволуваат прочуениот македонски јазик и идентитетот да ги преплават австриските скијачки центри. Освен тоа, пензионерите, нели, ќе се упатат кон домашните бањи.

Ќе видиме што ќе покажат првите искуства од минувањето на границите без визи. И дали ќе се остварат прогнозите дека безвизниот режим ќе доведе до кадровско осиромашување на државата. Ако биде така, тогаш тоа е добро, затоа што ќе се зголеми цената на трудот во земјава. Но, билансите што пристигнуваат од странство говорат дека откако почна светската економска криза, европските земји се борат како да ги задржат работните места на своите граѓани. По тоа и ги оценуваат владите таму. Колку работни места успеале да спасат, а колку се загубени.

Во секој случај, добро е што Европа по подолго време ни нуди гостопримство. Македонските граѓани сега ќе можат самите да се уверат во предностите што ги нуди членувањето во европската заедница, наместо за тоа да читаат или да гледаат филмови. Така ќе се изостри, се надеваме и критичката мисла во Македонија, која и самата веќе подолго време е во криза.


#
Статијата е прочитана 1559 пати.

Испрати коментар

Од: Rezim
Датум: 02.12.2009 00:38:01
Се додека има новинари како вас, Груевски куршум не го дупит и сабја не го сечит... продолжете понатаму.
Од: tihi
Датум: 02.12.2009 07:23:05
Licno ne me faka nekoja golema euforija od bezvizniot rezim.No sepak mislam deka nema potreba od omalovazuvanje.A i za toa deka bilo poklon ,ne etocno.Da bese taka i bosna i albanija ke go dobiea.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2009 08:09:40
Се слагам со вас да ни е дадено нешто што одамна ни припаѓа.Но несте на иста бранова должина со помодрените кој тврдат да ова е незаслужен дар,оти нене биба за ништо а овие од ЕУ дарежливи.И на крај меѓу работено и сработено има разлика,едни можат да работат цел живот а да нема ефект а други тоа да го сработат и опа награда.Оние првите по се изгледа работеле ,,у корист наше штете,,а за лични потреби,затоа највероватно се така и,,наградени,,.А со својата познато гумарабика однесување соседот ни испорача ,,дебела награда,, е за тоа признавам се ептен заслужни.
Од: ke omekne pritisokot
Датум: 02.12.2009 09:00:00
Znaci Evropa malkicko popusti bez da platime so imeto.Barem do sega taka izgleda. Zosto togas po "pametnjakovcite" kako Tito Petkovski,Denko Maleski itn vo polza na Grcija da go skvernavime najsvetoto sto go imame. Na Evropa i pokraj toa deka nemame nafteni polinja i trebame poveke od kolku taa na nas. So vekovi bevme vo ropstvo i ne smenivme ime a nemavme i drzava i sega siguren sum deka ke uspeeme da go omekneme imperijalistickiot pritisok. Vo toa moze da pomogne i cenetiot Utrinski.
Од: sme bile vo evropa
Датум: 02.12.2009 15:30:33
E znaeme evropa od pred sengen,i sega tie sto imaat pari nema sto drugo da vidat a da e podobro od naseto.Pari tutkutaka nikoj badijala ne dava,treba da ZASLUZI.To ne e zasluga aku se promeni nasiot identitet.

Најди! во Утрински
Едиторијал