Што прават денеска
Тања Кочовска
актерка
Денеска немам ниту проба, ниту претстава во мојот матичен Театар за деца и младинци, па можам целосно да се посветам на телефонирањето за да закажам термин за лична карта и за пасош. Оваа активност ќе мора да ја прекинам заради претходно договорен ручек во кинески ресторан.
Венцислав Недев
сел. на Макед. федер. во трад. карате Денов ми е исполнет со обврски околу подготовката за семинарите што ме очекуваат во блиска иднина. Едниот ќе се случува во текот на викендот, во париз, а другиот во Грција, на 24 јануари на Тасос, кога истовремено ќе се одржува и Медитеранското првенство во традиционално карате.
Дејан Илиевски
бизнисмен Денов, главно, ми поминува во редовните обврски. Прво на листата е исполнувањето на утринските желби на Дарко и Јована, а потоа предновогодишната набавка за мојата продавница „Крин“. Попладне ќе средувам некои документи за фирмата, а ќе го исполнам и ветувањето на сопругата Марија релаксирано да пиеме кафе додека децата се забавуваат во некоја игротека.
|