Број 2821  понеделник, 27 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Ананд на дофат на светската круна

Индиецот Вишванатан Ананд (рејтинг 2783) уште повеќе се доближи до титулата светски шампион во шах, откако со ремито во осмата партија го задржа водството од три поена против Русинот Владимир Крамник (2772). Во мечот од 12 партии, кој се одржува во Бон за награден фонд од 1,5 милиони евра, Ананд води со 5,5-2,5 и за одбрана на светската круна ќе му заврши работа една победа или две ремија до крајот. Задачата на Крамник уште повеќе ја усложнува тоа што во деветтата партија ги има црните фигури, а последен пат со такви победи во 2006 година, и тоа во целосно загубена позиција против Веселин Топалов.

Осмата партија беше отворена со Виенски варијации, во кои Ананд третпат во мечот дозволи растурање на пешачката структура на кралската страна и изложување на својот крал во центарот. Крамник требаше да избира меѓу впуштање во нејасен заплет или да се сконцентрира на искористување на депласираноста на еден од црните топови и го избра второто. Но, противникот успеа да се загради и да го извади својот топ во центарот, по што позицијата се израмни. Крамник направи уште еден обид да компликува, но кога и тоа не му успеа - форсираше повторени шахови и ремито беше неизбежно.

Крамник - Ананд



1. д4 Сф6 2. ц4 е6 3. Сф3 д5 4. Сц3 д:ц4 5. е4 Лб4 6. Лг5 ц5 7. Л:ц4 ц:д4 8. С:д4 Да5 9. Лб5+ Лд7 10. Л:ф6 Л:б5 11. Сд:б5 г:ф6 12. О-О Сц6 13. а3 Л:ц3 14. С:ц3 Тг8 15. ф4 Тд8 16. Де1 Дб6+ 17. Тф2 Тд3 18. Де2 Дд4 19. Те1 а6 20. Кх1 Кф8 21. Теф1 Тг6 22. г3 Кг7 23. Тд1 Т:д1+ 24. С:д1 Кх8 25. Сц3 Тг8 26. Кг2 Тд8 27. Дх5 Кг7 28. Дг4+ Кх8 29. Дх5 Кг7 30. Дг4+ Кх8 31. Дх4 Кг7 32. е5 ф5 33. Дф6+ Кг8 34. Дг5+ Кх8 35. Дф6+ Кг8 36. Те2 Дц4 37. Дг5+ Кх8 38. Дф6+ Кг8 39. Дг5+ Кх8 реми


Статијата е прочитана 166 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Првенства
Финалето на сезоната во Валенсија за Стоунер
Никола Костов преживеа импичмент
Студен туш и разочарување во Битола
Светски рекорд на Австралиецот Јауковиќ на 50 м пеперутка
Премиерата во Зелден во знакот на Цетел и Албрехт
Хет-трик на српските екипи против хрватските
На Марадона му пречеа скапите влезници во Грузија
Црногорецот Бакраќ најбрз кај салата „Борис Трајковски“
Дрита запрена на Чаир
Прв собир на репрезентацијата по Исланд
Ливерпул стави крај на бајката на Челзи
Баерн и Ајнтрахт до три бода со пресврт