Што прават денеска
Ана Мартиноска
универзитетска професорка
По напорната недела, а богами и напорната година, викендов е време за слатки маки – со саканиот да избереме дестинација за летниот одмор. Очекувањата се едноставни: море, лежалки во сенка, некоја добра книга. Во меѓувреме, ме очекува и една роденденска забава, прошетка со пријателите по Старата скопска чаршија и Копола на договорениот филмски репертоар.
Тања Каракамишева-Јовановска
универзитетска професорка Викендот ми е секогаш резервиран за семејството и за прекрасните моменти што ги поминуваме заедно на море. Морето е нашата најубава издишка од напорната работна недела, најдобрата духовна храна, најпрекрасното место за размена на љубов, среќа и задоволство.
Оља Ангелевска
новинарка
Викендот имам идеја да напишам текст за мелодија која ја подготвуваме со Миле Барбаровски за претстојниот фестивал во Лешок. Треба да ги здружиме идеите, се надевам на добар исход. Приквечер ќе побараме место каде што ќе можеме да се разладиме и да уживаме. Бидејќи се решавам импулсивно, можни се и Охрид, Прилеп и Битола. |