Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Благица Павловска

пејачка

Моментално сум целосно ангажирана со преуредување и реновирање на станот, така што пејачките активности малку ми се ставени на „чекање“. Всушност, на чекањето некако му се гледа крајот! Очекувам сопругот во септември да биде на слобода во Италија, па го подготвувам станот за неговото доаѓање и заедничкиот живот.

Сашко Поповски

кап. на Мак. ватерполо репрезентација

Со репрезентацијата веќе сме влезени во интензивните тренинг - подготовки за Европското првенство, што од 4 до 13 јули ќе се одржи во Шпанија. Денеска, од 9 ч. имаме тренинг во теретана, па од 10 до 12 ч. тренинг на Олимпискиот базен во Скопје. Попладне - време за одмор и секојдневен живот, па вечер, повторно тренинг.

Трајанка Илиева

актерка

Претпладнево од 10 ч. веќе сум во Драмски театар, каде што имам проба на „Сон на летната ноќ“, што ја подготвуваме за „Охридско лето“. Потоа продолжувам на ФДУ, каде што ме очекува проба на испитната претстава „Сон на летната ноќ“ на студентите по режија. Вечер на „Баскерфест“, и на крај едно испраќање.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ