Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Седум европски банки не го поминаа стрес-тестот

Со тестот беа опфатени и четири банки што се присутни на македонскиот пазар, но тие го издржаа тестот

Само седум банки во Европа се ризични и не би можеле да издржат уште една финансиска криза, оцени Комитетот на европските банкарски супервизори што им правеше стрес-тест на 91 банка. Иако формално, имињата на банките не се наведени, државите опфатени со тестот соопштија дека станува збор за една германска банка Хипо ријал естејт, пет шпански штедилници, Дијада, Кахасур, Еспига, УНИМ и Банка сивика, како и грчката земјоделска банка АТЕ. Со стрес-тестот се тестираа и четири банки што се присутни на македонскиот пазар, но тие го издржаа тестот. Националната банка на Грција, словенечката НЛБ, грчката Алфа банка и француската Сосиете женерал покажале отпорност на нова економска криза.

Во меѓувреме, се проверуваше и стабилноста на македонските банки. Според тестовите спроведени од НБМ, банките успешно се справиле со кризата, кредитните портфолија не се влошиле, а засега нема повлекување на штедните влогови. Депозитната база брзо расте, растат депозитите на населението, нема загриженост од аспект на ликвидност на банките.

Според Централната банка на Македонија, стрес-тестови се прават често и тоа е прв сигнал за можни проблеми во овој сектор.

Според анализата на Европската комисија, седумте банки што паднаа на стрес-тестот би се соочиле со недостиг од 3,5 милијарди евра. Банките беа проверувани за да се справат со умерена рецесија и со дополнителни загуби од државните обврзници. Банките, чија адекватност на капиталот е под 6 отсто, паднаа на тестот.

Резултатите од тестот за способноста на европските банки за справување со кризни ситуации беа дочекани со олеснување. Шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штрос Кан, говореше за важен чекор за поголема доверба на финансиските пазари. Американскиот министер за финансии, Тим Гајтнер, истакна дека Европа со тестот дала значаен придонес за транспарентноста на финансиските институции.

Европскиот регулатор соопшти дека во седумте банки што паднаа на тестот капиталот би паднал под нивото што се смета за адекватно во случај на т.н. државен шок, односно неспособност на државата или на владата да ги плати државните обврзници во кои инвестирале тие банки.

Европскиот финансиски сектор се покажа стабилен, оценуваат експертите, иако постојат сомневања дека тестот, сепак, и не бил толку ригорозен.

„Во секој случај, станува збор за тест што и не беше толку драматичен. Но дури и да сметате дека тестот не беше некој супер тест, тоа не значи ништо, затоа што останува на банките, сепак, да си ја завршат домашната задача, односно да ги подобрат својот бизнис-модел и капиталот“, вели економистот Ралф Грунемајер.

Светските аналитичари прогнозираа дека стрес-тестот нема да го минат десет европски банки, меѓу кои само неколку грчки. Европската централна банка упорно повторува дека тестот ја покажал издржливоста на банките. И покрај се', тестираните банки покриваат околу 50 проценти од пазарот на капиталот во Европа. Тоа што само неколку од нив паднаа на тестот, не е изненадување за Фолкер Хелмејер од Покраинската банка во Бремен.

„Централните банки презедоа многу државни обврзници од Југоисточна Европа, од банки, кои, очигледно, немаат внатрешна сила. Видовме дека се случи рекапитализација. Исто така, во последните 12 месеци финансискиот сектор и државите си ја завршија домашната работа“.

ММФ и САД ги поздравија резултатите од тестот, оценувајќи дека тие ќе помогнат да се стабилизира пазарот. Останува да се види како берзите ќе реагираат на тестот? Постојат стравувања дека доколку тестот биде оценет како недоволно ригорозен од експертите, може да доведе и до натамошни турбуленции на европските финансиски пазари. (Ек.Р)


#
Статијата е прочитана 1014 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колапс на „Гоце Делчев“
Инвеститорите ги чекаме идната година
На чекор до парламентарна криза
Дали Израел е нормален?
Мобилизација на рок-силите на „Демофест“ во Бања Лука
Македонските политичарки би снимале реклами
Невремето ги запали цените на земјоделските производи
Проблем до проблем во администрацијата
Духовите на починатите ги прогонуваат живите на „Фејсбук“
Карикатура
Контадор ја одбрани титулата на Тур де Франс
Никогаш повеќе „Љубовна парада“
Стил