Дневен хороскоп
Овен
Подготвени сте да започнете со нов предизвик и да го остварите она што ви е во план. Кога акцијата и динамиката се во прашање, вие сте број еден. Иако периодот не ви е наклонет за нови запознавања и започнувања врски, едно лице постојано се труди да го привлече вашето внимание.
Бик
Ништо не можете однапред да испланирате. Ненадејните случувања ве вадат од колосек, меѓутоа слободните моменти ви изгледаат поинтересни. Лице родено во знакот на Водолија настојува да ви излезе во пресрет во врска со работата. Немате време за размислување. Спонтано и во вистински момент ќе донесете соодветно решение.
Близнаци
Се однесувате како да сте најпаметни, најдобри и најубави, но знаете дека таквото размислување умее да ја налути околината и да предизвика љубоморни коментари на кои вие не знаете како да одговорите. Можеби би било подобро кога таквиот став би го задржале само за себе.
Рак
Иако водени од амбицијата, понекогаш знаете да бидете нереални кога станува збор за проценување на вашите можности. Многу подобро ќе биде доколку научите да ги балансирате нештата и тогаш кога изгледаат неостварливи. Емотивната состојба во наредните денови би требало да ви го поправи расположението.
Лав
Исполнети сте со енергија, но не ја трошите, за жал, на најдобар начин. Поради тоа се можни пропусти во вид на нервоза или на повреда. Најдобро е да покажете каде се наоѓате и дали правилно постапувате. Доколку го правите тоа, резултатите се видливи. Занимавајте се со спорт- тоа дефинитивно помага.
Девица
Емотивното поле е проблемот во периодот што следува. Кога ќе успеете да ја покриете материјалната страна, ви се јавува недоразбирање со партнерот, бидејќи правите се' без претходно да се консултирате со него. Можеби мала раздвоеност добро ќе ви дојде.
Терезија
Пожелно е објективно да ја процените моменталната ситуација и сопствените можности, бидејќи секој непромислен потег води кон ризик. Внимателно однесувајте се за да избегнете непријатно искуство со униформирани лица. Со некои непотребно ги затегнувате односите.
Скорпија
Свесни сте дека многу работи кај вас мора да претрпат промена, но тешко ви оди тоа да го направите. Многу е подобра опција постојано да се жалите на сопствената судбина и да дискутирате со соработниците дека вам ви е најтешко. Сепак, луѓето се оние кои најмногу помагаат.
Стрелец
Изгледате задоволно на љубовно поле, покрај вас се наоѓа лице кое искрено се грижи да ги исполни вашите емотивни желби. Доколку сте слободни, ве очекуваат покани за состанок. Ќе ви годи нечие интересирање и нова љубовна романса. Добро сте расположени кога се во прашање нови емотивни предизвици.
Јарец
На некои лица родени во овој знак можно е да им се случи фатална љубов, а на некои здравствени проблеми од хормонална природа. Се надеваме ќе бидат среќни раце, па ќе успеете да го остварите она за кое долго мечтаете, а тоа е пронаоѓање идеален партнер. Уште ако и вие сте идеални, тогаш сериозноста на врската е на повидок.
Водолија
Емотивна инспирација и мечтаењето се неисцрпни ако се наоѓате во вистинско друштво или со лице кое в�� плени со добри мисли. Зачувајте го емотивно- романтичарскиот поглед на светот околу вас. Можеби така функционирате многу подобро и на професионален и на приватен план.
Риби
Можни се проблеми поврзани со здравјето кои сериозно ќе ви ги нарушат плановите кои сте на пат да ги реализирате. Мора да размислувате малку и за иднината, не само за моменталните случувања. Тоа е најдобар начин да ги разберете нештата што ви претстојат.
|