Број 3324  понеделник, 05 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп


ОВЕН

Среќни сте и задоволни. Направивте се' што е во ваша моќ, па сега можете мирно да уживате во признанијата. Доколку не сте се искажале на адекватен начин, некаде грешите. Размислете што би можело да биде проблем, па коригирајте се.



БИК

Се колебате во врска со една одлука, а времето минува. Активирајте се и вклучете се во потфатите зашто на извесен начин ова е ваша година. Поработете на самодовербата и потенцирајте ги позитивните особини. Така ќе функционирате подобро.



БЛИЗНАЦИ

Се борите против факторите што ве ограничуваат. Околината не ве доживува сериозно и не обрнува внимание на вашите ставови. Кога ќе ја сфатат суштината, ќе биде доцна, но не и за вас. Веќе подолго време профитирате.



РАК

Само со дипломатија ќе ги одбегнете расправиите. Конфликтите со партнерот се поради пари. Можни се и здравствени проблеми. Доколку посветите внимание на овој сегмент од животот и не се оптоварувате со туѓи глупости, ќе испливате од проблемите.



ЛАВ

Искористете го вистинскиот момент и доброто расположение за тимска работа зашто не сте секогаш во олку добра форма. Ќе имате корист од партнерство од кој било вид. Пред вас е исклучително поволен ден за работа, кој ветува повеќе отколку што очекувате.



ДЕВИЦА

Доколку ве фати мрза, обидете се да најдете начин да се размрдате. Не пропуштајте ги можностите зашто нема да се повторат. Искористете го краткиот одмор за емотивна стабилизација. Подгответе се за коренски проблеми. Пред вас се важни одлуки.



ТЕРЕЗИЈА

Дружете се со Овни - ќе биде лудо и незаборавно. Тие се во добро расположение, па може да ви понудат многу нежности и страст. Сите денешни постапки се базирани на физичка привлечност, богат духовен живот и чувства. Хармонични сте.



СКОРПИЈА

И натаму сте под влијание на сексуалната енергија. Бидејќи станува збор истовремено и за креативна енергија, искористете ја на разни полиња. Изгледате одлично, се чувствувате фантастично, а причината е субјективна. Деновиве ќе го сретнете човекот на својот живот.



СТРЕЛЕЦ

Бидејќи постои опасност да налетате на груби луѓе, повреда во сообраќај или нешто друго - можете да ги одбегнете со правилни постапки. Однесувајте се внимателно, барем денеска и размислете дали се исплати тоа што вложувате толкав напор за да решите еден банален проблем.



ЈАРЕЦ

Вложувате огромна енергија во решавањето на одреден проблем. Склони сте кон бурни реакции и постапки од кои имате мала корист. Бидете внимателни и трпеливи ако сакате да го одбегнете соочувањето со неистомислениците што може да биде доста бурно.



ВОДОЛИЈА

Креативната моќ и фантазијата ви помагаат да се занимавате со она што го сакате зашто таму го давате својот максимум. Ќе ја освежите врската со партнерот, а нежностите ќе бидат ваша главна преокупација. Ако ви здодеа некој Лав, свртете се кон Биковите.



РИБИ

Денеска ќе дојде до израз вашата елоквентност и информираност. Знаете што се случува околу вас, а кога станува збор за егзистенцијални прашања, ве бидува за давање совети. Љубовта ви е попотребна од кога било досега, но опкружени сте со погрешни луѓе.


#
Најди! во Утрински