Број 3433  вторник, 16 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Во п��себна психичка состојба сте, така што повеќе ви одговара да планирате и да сонувате отколку да работите. Една од причините за таквата работа е ослабената виталност. Со личности од странство остварувате успешен контакт. Давате многу повеќе отколку што примате.



БИК

Професионалниот успех, хармонијата со партнерот и финансиската состојба прават да сте во одлична форма. Вооружете се со оптимизам, наскоро ќе ви биде потребен. Потрудете се да најдете средина во животот и се ќе биде совршено. Во спротивно, можни се здравствени проблеми.



БЛИЗНАЦИ

Постојано имате нови планови и идеи , за чие остварување треба да побрзате. Насоченоста кон здравјето и работата и понатаму е актуелна. Непријатностите се зад вас, наредните денови ќе бидете во фаза на правење планови за професионалните и приватни обврски.



РАК

Ги преценувате своите можности, а тоа подоцна може да влијае на нервниот систем кој може да провлече сериозни проблеми. Слободните моменти искористете ги за занимавање со хоби. Задолжително шетајте покрај вода, таа ќе ве поттикне да размислувате повеќе.



ЛАВ

Брзоплети сте и самите си го комплицирате животот. Пожелно е објективно да ја процените моменталната ситуација и сопствените можности бидејќи секој непромислен потег ве води во ризик. Бидете внимателни и се ќе биде во ред. Со некој беспотребно ги затегнувате односите.



ДЕВИЦА

Може да ви се случи фатална љубов. Проблемите со здравјето не се толку сериозни , но морате да им обрнете внимание. Ќе го остварите она за што долго сонувате, а тоа е пронаоѓање на идеален партнер. Ќе бидете успешни доколку и се препуштите на спонтаноста и ситните радости.



ТЕРЕЗИЈА

Се трудите да ги реализирате своите естетски тежнеења. На успех може да се надеваат оние што имаат врска со уметноста. Задоволни сте со самите себеси, затоа размислувајте позитивно за се, особено на љубовта. За партнерот сте подготвени да симнете ѕвезди од небо.



СКОРПИЈА

Поради пречувствителноста на постапките на околината, може да направите потег за кој нема оправдување. Здравствените проблеми не се причина за грубост и малтретирање на оние со кои морате да соработувате. Погрешно ви е мислењето за партнерот.



СТРЕЛЕЦ

Денот го поминувате под влијание на важни случувања. Бидејќи мисловниот процес е силен, искористете го на адекватен начин, занимавајќи се со работи што го бараат тоа. Проблеми можат да се јават во вид на желба за критикување на другите. Но, немојте да претерувате со тоа.



ЈАРЕЦ

Работата ви помага да го компензирате емотивното незадоволство. Откако сфативте дека околината нема разбирање за вас во онаа мера во која ви е потребно, се повлекувате во сопствениот свет. Го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени.



ВОДОЛИЈА

И натаму ѕвездите ве обожаваат. Уживајте во тоа што ви го нудат, не оптоварувајте се со хипотетички прашања. Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Со Терезиите и Близнаците постигнувате прилично идеална соработка. Единствено, ве загрижува нечија судбина.



РИБИ

Ништо не можете однапред да испланирате. Ненадејните случувања ве вадат од колосек, и покрај тоа што ви ги изгледаат интересни. Еден Овен се труди да ви излезе во пресрет. Немате премногу време за размислување. Во вистински момент ќе направите вистинска работа.












#
Најди! во Утрински
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region