|
|
|
|
|
|
Бранко Црвенковски го поканил Дмитри Медведев во Mакедонија
Русија нема да ја промени политиката во однос на името на Македонија
СкопЈе - Уверување дека Русија нема да ја промени политиката во однос на името на Македонија доби завчера во Москва македонскиот претседател Бранко Црвенковски од својот руски колега Дмитриј Медведев.
Русија ја призна Македонија под уставното име, а претседателот Медведев го уверил Црвенковски дека оваа политика нема да биде променета и покрај притисокот од Грција, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
Црвенковски изразил благодарност за принципиелната политика што ја води Руската Федерација спрема Република Македонија од нејзината независност, па се' до денес. Притоа, тој нагласил дека нашата земја е цврсто решена да ги развие односите со Руската Федерација во сите области и го замоли претседателот Медведев да ги мотивира руските енергетски фирми да покажат интерес за учество во процесот на гасификација и изградбата на гасоводот.
Медведев и Црвенковски разговарале и за состојбите во регионот и искажаа загриженост од можноста за поделба на Косово и долгорочна ситуација на замрзнат конфликт, која може да мотивира различни радикални структури да преземат чекори за менување на границите по етнички линии, се наведува во соопштението.
Црвенковски учествуваше во Санкт Петербург на 12. Меѓународен економски форум. За време на дводневната посета на Русија, Медведев се сретна со Црвенковски, при што нашиот претседател го покани претседателот на Руската Федерација да ја посети Македонија.
|
#
|
Статијата е прочитана 1260 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kris |
Датум: 09.06.2008 00:18:25 |
|
uste ednas Rusija pokaza deka nejzinite vrati se sekogas otvoreni za nas, bez uslovi, bez uceni
za razlika od EU sto postojano dodava po nesto,
osmi, deveti, deseti uslov - a celo vreme e gluva
za stradanjata na mekedonskiot narod i makedoncite vo sosednite zemji..
fala i na majka Rusija
|
|
|
|
|
|
|
Од: Vancho |
Датум: 09.06.2008 08:04:31 |
|
Pa Rusite imaat po golemo srce od EU -Licemerite,koi uvek sakaat da ti nametnuvaat dvolichna politika. EU je veshtachka tvorevina na Vatikan i negovite zapadni podanici,koi baraat klanjanje versko i sluzenje Ekonomsko. Tova ti je starata zmija za zal mladite tova ne go razbiraat,pa mudrite tova ke go razberat no ostanuvat nemokni zasto Kapitalot gi pravi zakonskite igri.No ni pri Rusite koi se nezavisni Ekonomski i Vojno i svaka im chast. |
|
|
|
|
|
|
Од: читател |
Датум: 09.06.2008 08:48:20 |
|
Ако Русија и помогне на Македонија за што поскора гасификација, тогаш ќе биде исполнет основниот предуслов за индустриско-земјоделски напредок на земјава. И наместо бесполезно да тропаме на вратите на ЕУ, ќе се насочиме кон сопствен економски напредок. Енергенсите се основен предуслов за развој, а ние во моментов ги немаме доволно(или ни се прескапи. Гасификацијата е спас на Македонија. |
|
|
|
|
|
|
Од: tj |
Датум: 09.06.2008 13:25:59 |
|
Konecno izgleda presvrt vo nadvoresnata politika.Kukanjeto po birokratite od NATO i EU e zaludna rabota.Izgleda Sarkozi trebase da odrzi govor pa da padnat maskite.Zapadot nema da si gi rasipuva relaciite so Grcija taa e vece megju niv, i ekonomski i voeno (sarkozi go potvrdi toa).Se zasitivme od ucenite na birokratite od Brisel.Blagodarnost kon ruskiot pretsedatel, duri i vo najgolma guzva go primi nasiot pretsedatel.Ekonomsko-politickite relacii so Rusija kako zemja na pat da stane ekonomska, energetska i voena sila sekako ce i bidat od golema korist za Makedonija.Ruskiot pazar e vistinsko eldorado denes, ce ima mesto i za nas ako malko i nie porabotime na toa. |
|
|
|
|
|
|
Од: giannis |
Датум: 09.06.2008 17:17:35 |
|
Само шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров не ја потврди поддршката за Македонија. Тој изјави дека Москва ќе прифати решение за кое двете страни ќе се согласат на преговорите со посредство на Обединетите нации |
|
|
|
|
|
|
|
|