Ви се случуваат фантастични работи. Ете ви ја причината за енормната количина на љубов која ја емитувате врз околината. Внимавајте само да не претерате со добрите дела, зашто лесно можете да бидете искористени. Здрави сте, деловно успешни, а финансиски задоволни. Суетата ви е нахранета.
БИК
Ќе се соочите со проблеми кои се во врска со здравјето и имунитетот. Настинката или вирусната инфекција ќе станат придружни појави на денешниов ден. Само со одмор и правилна исхрана може да се вратите во нормала. Емотивните недоразбирања се последица на идеализирање на партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Колку повеќе луѓе- толку подобро за вас. Комуникативноста, една од вашите главни особини денеска ќе биде во прв план, па ќе се обидувате да ја спроведете на дело. Ќе ги посетите старите пријатели и ќе трачарите со нив, а тоа одлично ќе ве опушти.
РАК
Очекувате многу од претстојните случувања. Имате потреба да спроведете коренити промени во вашиот живот. Дали ќе ја смените работата или ќе стапите во брак- е индивидуална работа. Она што е заедничко за сите Ракови е подобрувањето на моменталните услови во кои се наоѓате. Среќно!
ЛАВ
Склони сте кон правење планови кои немаат голема врска со реалноста со која се соочувате како што е настинката, нервозата и исцрпеноста. Обидете се да преземете нешто конкретно со цел да ги ублажите последиците и да го поправите расположението. Стрелците ќе ви помогнат да ја надминете кризата.
ДЕВИЦА
И понатаму сте екстра комуникативни, расположени и креативни. Доколку сте возач, можни се проблеми во сообраќајот. Концентрацијата не ви е силна страна. Еден колега Близнак лесно би можел да ве исфрли од рамнотежа, па бидете внимателни. Се што ќе ви каже примајте го со доза на резерва.
ТЕРЕЗИЈА
На партнерот му препишувате особини кои ги нема, го идеализирате и верувате во нешто што не постои. Ќе имате сериозен проблем кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сфатите дека љубовната врска до некаде е плод на вашата фантазија.
СКОРПИЈА
Задоволни сте- и деловно, и емотивно. Обидете се да најдете начин да ја претворите моменталнава ситуација во трајна. Немојте да се нервирате поради ситници. Доколку се оптеретувате непотребно, само ќе се нервирате. Уживајте во кругот на семејството.
СТРЕЛЕЦ
Здравствените проблеми и понатаму постојат, но нив брзо ќе ги санирате. Искористете ја добрата моќ на концентрација за она кое долго го одложувавте. Завршете ги одамна започнатите работи и уредете го животниот простор. Активирајте се физички, ќе се чувствувате многу подобро.
ЈАРЕЦ
Го работите она што го сакате и не се оптеретувате со глупости- барем така се чувствуваат повеќето припадници на знаков. Оние другите, пак, постојано се премислуваат. Се колебаат при донесув��њето на одлуките, љубоморни се на партнерот, се расправаат и се инаетат. Некои се и лудо заљубени.
ВОДОЛИЈА
Евидентни се недоразбирања со партнерот зашто постојано го обвинувате за лошата состојба на вашето здравје. Но, самите сте си виновни зашто со нервирањето и неуредниот живот самите придонесовте да се најдете во оваа состојба. Посветете им поголемо внимание на најблиските.
РИБИ
Размислувате како да ја подобрите и унапредите деловната соработка. Свесни сте дека сами не можете и дека соработниците многу ви значат. Побарајте совет од нив и разменете ги идеите. Ќе имате успешна комуникација со Близнаците и Девиците.