Број 2925  понеделник, 02 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (1)

Зошто големиот Македонец стана Бугарин

Виктор Цветаноски

Венко Марковски, еве, неколку месеци ја бранува македонската јавност. Oдново се на преиспитување делото и животот на човекот чии стихови во годините на Втората светска војна и по неа го јакнеа македонското национално чувство и патриотизам и го зацврстуваа борбениот дух на борците во антифашистичката борба. Но, истовремено се поставуваат прашања зошто овој познат Македонец во шеесеттите години од минатиот век пребега во Бугарија и таму стана голем Бугарин.

Претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов побара „Македонецот Венко да им се врати на Македонците“, подвлекувајќи притоа дека е направена „литературно-историска грешка што долго се провлекувала во нашата историја на литературата“. Според него, основоположник на современата македонска литература не е Кочо Рацин, туку Венко Марковски. „Несоборлив е историско - книжевниот факт дека ’Народни бигори’, и веднаш по неа ’Огинот’, се првите современи збирки-песни објавени воопшто на македонски јазик и дека, според тоа, во почетокот на сите почетоци на современата македонска поезија треба да стои името токму на Венко Марковски. Нему му принадлежи епитетот на прв поет меѓу основоположниците на современата македонска поезија. Тој факт во нашата литературна историја беше затемнет и подолго време не се земаше предвид, при што обично се имплицираа главно политички причини“, пишува академик Старделов во книгата за основоположниците на современата македонска литература.


Венко Марковски на Голи Оток помина пет години

Кој е Венко Марковски? По што остана запаметен и со што ја задолжи Македонија и македонската нација? Како дојде до неговото одродување? Околу неговото име и дело постојат повеќе контроверзии и поделени мислења. За едни е голем поет и основоположник на поновата македонска литература, вљубеник во слободата на Македонија, Македонец кој бил присилен од тогашниот комунистички режим да пребегне во Софија. За други, кои не му го оспоруваат неговиот придонес во литературата и македонската национална борба, тој бил нестабилна личност, славољубив, кариерист, додворлив и предавник на македонската кауза, човек кој згазнал врз своето национално достоинство, определувајќи се како Бугарин, негирајќи ја притоа македонската нација и јазик за што жестоко се борел во годините пред тоа.

Венко Марковски е роден во Скопје во 1915 година. Неговото вистинско име и презиме е Велјан (Венимијанин) Тошев, а псевдонимот Венко го зел како гимназијалец кога имал 13-14 години. Во 1937 година, во времето на суровиот режим на Србите во Кралска Југославија, пребегал во Бугарија, каде што завршил Филолошки факултет. Таму другарувал со познати македонски револуционери кои отворено се спротивставувале на големобугарските аспирации спрема Македонија, како што се Ангел Динев, Крсто Гермов -Шакир, Христо Калајџиевски, Митко Зафировски и други. Подоцна станал член на Македонскиот литературен кружок формиран од Никола Јонков Вапцаров, Антон Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Михаил Сматракалев, Димитар Митрев и други.

Бунтовната поезија на Веко Марковски нема да остане незабележана од тогашната профашистичка власт на Бугарија. Неговата „Бие дванаесет“ од полицијата ќе биде протолкувана како повик за уривање на постојното државно уредување. Затоа ќе биде затворен и интерниран во концентрациониот логор за комунисти „Гонда Вода“, а оттаму во новоформираниот концлогор „Ени Ќок“, каде што ќе остане речиси две години. Од заточеништво ќе го спаси познатиот штипјанец Тодор Павлов, голем авторитет во комунистичка Бугарија, кој за цело време ќе го поддржува и ќе пишува во суперлативи за неговата поезија, споредувајќи го со познатиот бугарски поет Христо Ботев и нарекувајќи го ’нов Пушкин’.



Павлов, кој едно време ќе биде во затвор заедно со Венко, откако ќе дознае дека неговиот пријател е болен, ќе испрати писмо до тогашното Министерство за внатрешни работи на Бугарија во кое ќе го предупреди министерот оти ќе сноси голема одговорност ако дозволи во концлогорот да умре од ТБЦ така голем поет каков што е Венко Марковски. Таквото предупредување ќе даде резултат и Венко ќе биде префрлен во еден санаториум крај Софија и по шестмесечно лекување пуштен на слобода.

Во Софија нема да остане долго. Заедно со сопругата Филимена и четиригодишниот син Миле ќе се врати во Македонија и двајцата ќе им се приклучат на партизаните. Според некои тврдења, Венко станал член на Главниот штаб и учествувал во пишувањето на Манифестот. Тогаш ги напишал и познатите песни „Марш на паднатите„, „Орлите над Македонија“, „Заветот на Караорман“ и други песни со кои го јакнел борбениот дух на борците.

Венко Марковски вршел и повеќе политички функции. Бил во првиот состав на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ формиран во ноември 1943 година. Како делегат учествувал и на Првото заседание во „Св. Прохор Пчињски“ и бил избран за член на Президиумот, а бил и член на АВНОЈ.

Меѓутоа, тој набргу станал црна овца и бил непожелен за тогашните први луѓе на власта. Корените за судирот со тогашната комунистичка елита и неговата елиминација од политичката сцена до која ќе дојде подоцна можеби треба да се бараат уште во деновите кога бил во партизани. Есента 1943 година за време на првото ослободување на Кичево биле заробени Германци. Тогаш дошло до преговори за нивна размена. Бидејќи Германците немале заробени партизани, било решено да се бара ослободување на некои македонски борци кои биле во бугарските затвори. Во дискусијата кој да биде побаран за размена дошло до жесток судир меѓу Венко Марковски и Светозар Вукмановиќ – Темпо. Венко инсистирал за Германците да биде разменет Павел Шатев, а Темпо, Лазар Колишевски. До размена не дошло, но последиците од таа караница ќе ги почувствува Венко подоцна.

До нови судири ќе дојде и за време на создавањето на македонската азбука и кодификација на македонскиот литературен јазик, кога Венко нема да се согласи со некои решенија. Набргу потоа првите луѓе на власта ќе му дадат на знаење дека не е пожелен повеќе во политиката. Дури ќе го исклучат и од партијата во 1946 година. Кобна за него ќе биде една средба во Белград кога заедно со Павел Шатев и Димитар Влахов се сретнале со В’лко Червењаков и Тодор Павлов, бугарски делегати кои учествувале на Сесловенскиот конгрес. Ќе биде обвинет дека пред нив изнесувал невистини за македонското раководство. Тогаш и Павел Шатев ќе биде сменет од прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ.

Напоредно со политичката дисквалификација ќе започне и кампања против неговото творештво. Критиките за неговите книжевни дела ќе бидат се' понегативни, а суетниот Венко, кој дотогаш бил величан како најголем македонски поет, врз чии текстови биле компонирани партизанските маршеви, не ќе може да се помири со тоа и ќе се најде во немилост.

За време на Информбирото ќе му биде зададен последниот удар. Ќе биде зат��орен како „предавник на македонскиот народ“. Прво ќе биде суден во 1950 година и ослободен, но затоа пак во 1955 година нема да му простат, ќе биде испратен пет години на озлогласениот Голи Оток каде што со невидена репресија беа „превоспитувани“ сите оние комунисти кои се нашле на страната на Сталин во судирот со Тито. Во пресметката со него ќе страда и неговото семејство и сите роднини и пријатели. Тогаш околу дваесетина лица биле затворени, а семејството интернирано во Кичевско.



По враќањето од Голи Оток, и натаму продолжило систематското уништување на Венко како човек и како творец. Неколку години не ги уживал ни основните граѓански права, а она што било најболно никој не сакал да ги печати неговите творби. Тие години видот се' повеќе почнал да му слабее, а македонската комунистичка власт на изненадување на многумина му издала пасош за да се лекува во странство. По операцијата, во 1966 година од Одеса директно заминал во Бугарија, каде што почина во 1988 година.

Бугарите ќе го пречекаат со раширени раце и ќе му ги дадат сите привилегии што може да му се дадат на еден човек. А тој за возврат од голем Македонец ќе се претвори во голем Бугарин. Бугарската пропаганда мошне успешно ќе го искористи во антимакедонската кампања. Тој ќе напише повеќе книги во кои ќе ја негира македонската нација и јазик. По неколку години, во Софија ќе му се приклучат и неговата сопруга Филимена и синот Миле, кој под неразјаснети околности загина во сообраќајна несреќа.


#
Статијата е прочитана 3398 пати.

Испрати коментар

Од: kemba
Датум: 02.03.2009 02:14:57
Ликот на вистината е со лаги обвиен. Требаше авторот да кажи за која буква В.М. се замери со тогашната централа?
Од: Petre
Датум: 02.03.2009 04:21:34
Mozhebi avtorot Cvetanovski treba podetalno da napise so koi reshenia Venko Markovski ne se soglasuval za kodifikacijata na makedonskiot jazik. Dokolku znam KPJ (t.e. Srbite) ne se soglasuvale golem "er" i mal "er" da bidat del od mak. azbuka bidejki ke bide mnogu slicna so bugarskata. Tie mu kazuvaat na Venko da ja prifati deneshnata mak. azbuka (kopirana od srpskata so analogni izmeni za g' i k' ), no toj ne ja prifaka (sepak bil filolog i sigurno znael poveke otkolku samite Srbi) i zatoa i odi na Goli Otok. Viktore ve molam so celosna informacija, a ne neopredeleni "fakti" ili tuka uste raboti komunistickata propaganda pa ako se kazat nekoi nesta Makedoncite ke prestanata da bidat Makedonci. Ne plashete se ovoj narod ne se otkaza od Makedonija vo mnogu poteski vreminja, sigurno zaradi politicarite nema da se otkaze.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 02.03.2009 06:19:12
Bez razlika dali e nekoj prav 110% Makedonec, sakal da bide Bugarin i mars prijatno. Ete im gi site sega so Bugarski pasosi i site tie sikter. kako ne, ce se molime i ubeduvame. Poslednite godini od nivnite zivoti se najgolema kazna i custvoto deka se Makedonci go imaat kako vnatresen nemir proprateno do grob.
Од: vmrovec
Датум: 02.03.2009 07:11:20
Za zal nie nisto pozitivno ne izvlekovme od istorijata, i den denes gi progonuvame site Makedonci patrioti i politicari. Samo sme edinstveni koga treba da se napaga nekogo, site vrz nego, ne znaejki dali nekoj e vo pravo ili navistina e vo grska. Dali ke dozvolime uste mnogu Makedonci da stanat Bugari, e toa navistina zavisi samo od nas Makedoncite. Poznavam covek koj e najgolemiot patriot vo Makedonija, koj dade se od sebe Makedonija da bide nezavisna, so godini na sila go pravat Bugarin, predavnik, tatarin i sto nema da se izmisli a "nasata inteligencija " i site tie sto ja kreiraat javnosta, ne reagiraat, toa kaj nas e normalno.
Од: Ekshi Su
Датум: 02.03.2009 08:47:08
Ех Венко, Венко. Да беше вистински Македонец, ќе заминеше за Австралија, Канада или барем во Западна Европа, а не во тоталитарна Бугарија во време кога се неѓираше се што е македонско. Туку, каков нарцисоиден тип беше и остана, помило ти беше мекото кадифе на БАН отоклку Татковината и македонската нација. Што се однесува до авторот на овој фељтон, поарно да го приврши порано отколку да импровизира.
Од: Georgievski
Датум: 02.03.2009 09:29:49
Toa što napravil za Makedonija treba da go cenime i počituvame. A toa što se izjasnil posle kao bugarin treba da go premolčuvame.Negovoto ime treba da bide zaedno so Racin, Konevski i dr.On e samo eden od golemiot broj makedonci koj živeat vo druga država a dobile i drugo državjanstvo.Roden e vo Skopje i pripadja na Republika Makedonija.Ziveel i umrel vo druga država.Ajde konečno nie makedoncite da počneme da se obedinuvame.Dosta se delevme samite ili drugite ne delea za tudji interesi.
Од: od mene
Датум: 02.03.2009 09:45:45
а бе цело време страдаме од самите себе си до кога незнам ама це му дојди крајо на сите просрби и пробугари и сега имаме цело време спиуни кои несакаат Македонија да остани а тие се и во власта
Од: mitre
Датум: 02.03.2009 09:59:55
Tekstot e napisan vo najdobrata tradicija na makedonskoto novinarstvo koe ne sluzi za informiranje tuku za manipuliranje. Najgolemiot del od tekstot e vo red so argumenti, no na krajot se postavuva edna teza kako ispravna, bez da se obrazlozi. So ova mislam na delot deka V.M. "od golem Makedonec ke se pretvori vo golem Bugarin" i "Toj ke napise poveke knigi vo koi ke ja negira makedonskata nacija i jazik". Dodeka detalno go nabrojuva opusot na V.M napisan vo Makedonija, avtorot ne spomnuva nitu edno delo napisano nadvor od Makedonija. A ne ja obrazlozuva nitu sodrzinata na ovie "predavnicki" dela. Vprocem poslednite zborovi vo tekstot se jasno nameneti za diskvalifikacija na V.M. vo ocite na citratelite. Za zal nasata javnost nemala nikogas moznost da gi procita delata na avtorite koi se identificirani kako odnarodeni za da moze da samata da donese zaklucok. Site diskvalifikacii (za site avtori) se baziraat na prenesena informacija, kakva e i informacijata vo posledniot del od tekstot
Од: Baba Jana
Датум: 02.03.2009 10:13:48
" De mortuis nihil nisi veritas" ( Za mrtvite samo vistinata)Me iznenadi formulacijata " od za mnogumina nepoznati pricini mu bil izdaden pasos". Dobro se sekjavam, deka Venko ( kogo licno go poznavav, a zena mu Filimena mi bese profesorka po makedonski jazik ) bese galenice vo makedonskoto literaturno milje. Bese prepotenten, do krajnosti samobendisan i ne podnesuvase ne daj Boze, nikoj osven nego da bide falen. Na izdavanjeto na pasosot mu predhodese edno negovo ortvoreno, krajno pokajnicko pismo, vo v. "Nova Makedonija", vo koe toj gi priznavase svoite zabludi i bozem iskreno se kaese za toa. Seto toa, kako sto se pokaza podocna, bilo fol; od Rusija toj prebega vo Bugarija, vo koja togas imase mnogu potvrd komunisticki rezim otkolku kaj nas. No nemu mu bese najvazno da bide "glaven, interesen" i po cena na predavstvo. Toj bese dobar poet, no PREDEAVNIK. Makedonija iznedri mnogu pogolemi poeti od nego. A makedonskata azbuka, nea ne ja pravea "Srbi", tuku Makedonska komisija.
Од: zoran
Датум: 02.03.2009 10:46:31
stardelov i drugite akademici moze da imaat razbiranje za negovoto izjasnuvanje kako Bugarin po site premrezija sto gi minal Venko. Eve, i jas licno imam razbiranje za toa. Megjutoa, heroj ne moze i ne smee da bide covek kogo ke go sozaluvame poradi taznata sudbina, tuku onoj koj ke pokaze deka i pokraj premrezijata ostanal Makedonec. Zatoa, ostajte go Venko neka pociva vo mir
Од: krivoshija
Датум: 02.03.2009 12:06:26
Baba Jano, Iskreno blagodaram za komentarot.
Од: Sramota
Датум: 02.03.2009 12:19:52
Pominaa veke dve decenii, a slucajot so stradalnikot i golemiot patriot Venko Markovski se otvara duri sega i toa selektivno i dozirano! Sramota.
Од: nemir
Датум: 02.03.2009 12:55:32
Во историјата на македонскиот народ има безброј примери, кога вистинските патриоти-македонци посегнувале и по саможртва ( Христо Узунов, Стив Наумов ... ) пред обидот на поробувачите да ги покорат. ВМ очигледно не бил спремен на многу помала жртва, да живее и твори во првата држава на македонскиот народ по Самуила, па дури и да му недостигале спорните букви. А сто се однесува до “буквите”, ги немаше ни кај Крсте Петков Мисирков и што е уште поважно, судот на времето во изминатите шеесет години им даде за право и него ( на Крсте ) и на Блаже Конески и Комисијата на АСНОМ. Со тие букви се создаваше, се создава и ќе се создава во следните милениуми македонската литература. Со таа азбука светските слависти и понатаму ќе го учат македонскиот јазик и ќе гоафирмираат идентитетот на македонскиот народ, ќе укажуваат на неговата посебност.
Од: Janko Tomov,Avstralija
Датум: 02.03.2009 12:58:05
Kaj avtorot na tekstov, g-din Cvetanovski, odvreme navreme citajki gi negovite nacionalni komentari I feltoni, primetuvam golem napredok. So ovoj tekst, I so slicni na nego, bidejki ziveam 40 godini vo Avstralija, ,vo koi avtorot Cvetanovski, pishuvajki za zivotot na Venko Markovski, vo ovoj slucaj, a I za makedonskite dejci I revolucioneri,od okolu I posle ilindenskiot period, prestavuva novina I novi soznanija za ovoj kontradiktoren Makedonec.Dosega Srbite I prosrpskite elementi,vo vladite na jugoslovenska Makedonija, ne gi publikuvaa, biografiite na site nashi, koi se ogreshile protiv srbizmot I komunizmot, koj vladeeshe do skoro. Tie skoro site vidni Makedonci, koi ne se slozuvaa so niv gi pravea za Bugari! Iako imaizvesni namerni nedoobjasnuvanja, za VM, sepak moze dobro da se zakluci za negovite zaslugi za makedoncite I Republika Makedonija. Vprochem nie Makedoncite treba da ne se otkazuvame od svoite vidni Makedonci.Tia kakvi takvi pripagaat na nashata istorija. Treba ga gi uc
Од: Виктор
Датум: 02.03.2009 14:14:05
Квалификацијата „Предавник„ ќе ја закопа македонската држава и македонскиот народ. Нема „Предавници„, господине Виктор Цветановски. Има луѓе што различно размислуваат или различно се чуствуваат. Штета што за нас е научна фантастика поимот „Демократија„.
Од: Stara skopjanka
Датум: 02.03.2009 15:52:21
Bez da pravam eftina psihoanaliza za otstranivanjeto na Venko ,na vremeto,od politickiot , javniot i kulturn zivot na Makedonija,negoiot ponatamosen pat ke ostane enigma za mnogumina. Venko po izleguvanje od zatvorot ziveese eden tez-ok zivot, zaboraven i odbegnat od mnogumina svoi nekogasni prijateli i kolegi kako i od onie od "sofiskiot kruzok" ili od delegatite od P. Pcinski. Bez rabota, ili onaa mizerna vo "Granap" vo G. Petrov, talkase od eden do drug "prijatel" kade vratite mu bea najcesto zatvoreni ili ladnoorvoreni. Lugjeto se plasea za sebe, za svojata idnina. Z a negoviot prestoj vo Sofija, imam sto da kazam, no prostorot ne mi dozvoluva. Negoviot sin Mile prijatel od pionerskiot dom Karpos,pred da zamine od Jugoslavija, najcesno si gi isplati site privatni dolgovi i kredite.... A Pesnite na Venko, negovite " Orlite na Makedonija" ne ucea za ljubov kon tatkovinata, i kon poezijata. Deneska ene gi gi cuvam vrameni vo mojot dom..
Од: venko makedonski
Датум: 02.03.2009 19:56:39
Po nego tatko mi e krstil a deka politicki mu eb... majkata toa e tocno\.no dobro e sto pocna da se pisuva da se obrabotuva a covek koga ke nema od sto da zivee ne \bolgarin ke se kaze i arapin, kako Krste \Petkov kako Kiro Gligorov i mn drugi nasi dejci.Da zivee Makedonija

Најди! во Утрински
Насловна
Фијаско на лидерската, Тачи го напушти состанокот
Преку Гостивар во високата политика
Рано е за промени во вториот пензиски столб
Карикатура
Време на карневали во Македонија
Ах тие слатки ветувања
ЕУ се колне дека ќе запре протекционизмот
Обама бара излез, Груевски се изгуби!
Популистички фрази наместо јасни ставови
Владата стокми програма од 8 млрд. евра
Право и правдата наместо политички реваншизми
Семејството Танески бара да се стопира филмот на Милчо Манчевски
Што велат иранските Евреи
Згасна и последната печка во „Силмак“