Тачи обвини дека имало заговор на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ против ДПА
Оливера Војновска
Наспроти симболиката на големиот христијански празник Прочка, лидерската средба вчера доживеа фијаско, а четворицата лидери, еден ден пред официјалниот старт на изборната кампања, не успеаја да излезат со хармонизран став и единствена порака за демократски и регуларен изборен процес. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, видно изнервиран ја напушти лидерската средба само по десетина минути дека е „лут поради тоа што во државата владее селективно право и за изборните инциденти со стогодишни затворски казни се казнети само активисти на ДПА, додека оние на ДУИ целосно се амнестираат“. Тачи најави дека за ова веднаш ќе ги информира клучните странски дипломати и излезе со силни обвинувања дека премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, уште пред вонредните парламентарни избори во 2008 направиле заговор против ДПА. Груевски се обиде да го маргинализира предвременото заминување на Тачи од средбата, не сакаше да ги коментира неговите обвинувања и упати охрабрувачка порака „дека е убеден оти има атмосфера и се создадени сите предуслови за фер избори“. И коалицискиот партнер ДУИ сакаше да го релативизира настапот на Тачи, па Џеват Адеми само ноншалантно прокоментира: „Оставете го, нервозен е човекот“! Адеми ја величеше ДУИ како одговорна партија, која е дел од власта и на која и' е многу важна евроатланската перспектива на државата.
Премиерот Груевски, инаку, честитајќи им го празникот на верниците од православна христијанска вероисповед, побара прошка од граѓаните и им се извини доколку нешто им погрешил. Тој на вчерашната средба во Клубот на пратениците дојде навреме, веројатно за да ја испочитува молбата на Ахмети состанокот да заврши до 14 часот, за кога беше закажана конвенцијата на ДУИ.
Тачи изјави дека ја напушти средба бидејќи, како што рече, забележал тотално несериозно однесување од страна на Владата. „Договорот да се процесуираат сите кривични пријави повторно важеше само за активистите на ДПА, кои се експресно казнети по три-чет��ри години. На сите активисти на Владата не само што не им се процесуираат пријавите, туку им се одложуваат судските рочишта за по изброите. Со ова само се докомплетира аргументот дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред параламентарните избори направиле суперсценарио за комплот против ДПА . За ваквото несериозно однесување од денеска ќе ги информираме сите меѓународни институции, почнувајќи од амбасадата на САД, ЕУ, ОБСЕ“, изјави Тачи. Притоа, тој посочи конкретни личности од ДУИ чии случаи за изборни инциденти се поттурнуваат настрана. „Тоа се заменик-директорот на ’Македонски железници‘, Бесим Дехари, кој пукал на денот на изборите, и Талат Џафери, кој има тешко кривично дело за пукање со ’калашников‘ и ставање пиштол на глава на полицаец, чие судење е одложено. А луѓето од ДПА вчера се казнети со по три години затвор за две ливчиња. Министерката за внатрешни работи читаше некои процедури. Им возвратив дека не сум процедуралист, туку зборувам за политичка волја, таа е јасна - активистите на ДПА имаат стотина години затвор, а од ДУИ не е казнет ниту еден“, рече Тачи.
Според премиерот Груевски, лидерската средба не била со посебен дневен ред туку, како што рече, се сретнале еден ден пред кампањата за да сумираат дали тоа што договарале е горе-доле исполнето. „На средбата немавме некои детали, бидејќи повеќето од договореното е исполнето, освен неколку ситни сугестии и размислувања. Единствено, како и на минатите средби, имаше изразување револт од ДПА за судските постапки, за кои тие веруваат дека кога станува збор за нивните активисти оделе побрзо, а кога станува збор за активистите на ДУИ оделе побавно. Во секој случај, ако има некакви неправилности, ќе биде преземено тоа што е во наша моќ - разговори на министерот за правда со судскиот и обвинителскиот совет. Како и да е, јас по овие средби сум охрабрен дека направивме доволно подготовки и од политички и од институционален аспект да се обезбедат фер и демократски избори, кои ќе бидат победа на Македонија и нејзините граѓани“, изјави Груевски. Во врска со излегувањето на Тачи од средбата, премиерот одговори: „Мислам дека и тој и сите други имаат извлечено доволно поука од претходните избори и сите добро знаат дека обидите нешто да се добие на изборите со инциденти не завршуваат на добро. Инцидентите беа залудни, секаде каде што имаше изборите се поништија, учесниците добија кривични пријави и им се загорчија личните животи“. За обвинувањата за заговор против ДПА, кусо рече: „Нема такво нешто. Не би сакал да му возвратам, тоа нема да даде плод. Ги разбирам неговите мотиви, но не би сакал да ги коментирам“.
На обвинувањата од Тачи, Џеват Адеми одговори дека ДУИ не ги коментира судските постапки. „Му даваме шанса на судството, обвинителството да докажат дека се професионалци и независни. Доколку некои судски постапки против одредени прекршители на изборниот процес, кои можеби биле членови на ДПА, се докажани, тоа не е наша вина дека судството ги казнува тие што се фатени на самото место“, рече Адеми.
Тој рече дека ДУИ како партија се оградува од обидот на ДПА внатрепартиската криза да се наметне во целата држава.
В.д. лидерот на СДСМ, Зоран Заев, напуштањето на лидерската средба од страна на Тачи оцени дека „е резултат на нерасчистени работи од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ДПА“. Заев изрази надеж дека тоа нема да има последици во постигнувањето фер и демокоратски избори.
Тој апелираше граѓаните на изборите да се однесуваат особено внимателно и да избегнуваат секакви можни тензични ситуации или појави на инциденти. „Овие избори се многу важни и се надеваме дека ќе надвладее мудроста за да ги постигнеме примарните цели кои се исправени пред Македонија - слободни и фер демократски избори“, изјави Заев.
koj zagovor protiv dpa.taci i dpa se so3%rejting.pa neznam zosto bi sluzel toj zagovor
Од: jovceska
Датум: 02.03.2009 00:38:20
Sigurno nema nikakov zagovor, toa sakaat samo loso da go prikazat VMRO, no sepak VMRO e najdobra partija
Од: Gotti
Датум: 02.03.2009 01:01:26
Pokraj odlicnite poznavanja vo gradeznistvoto i ekonomijata smetam deka Zaev odlicno bi se snashol i na funkcijata premier-rzavava ke ja napravi med i mleko.Ke ni izgradi trgovski centri vo sekoe naseleno mesto(selo i grad).A za imeto nema da imame problem ke se prekrstime vo Republika Global.A za Tachi-site gi gledaat negovite iracionalni postapki poslednive nekolku godini.Tachi moze da bide uspeshen vo sekoja oblast osven politickata-covekot e gola voda!!!
Од: Makedonec vo EU
Датум: 02.03.2009 01:19:56
Site kaubojci na Taci se vo zatvor. Bez niv DPA nema drug nacin za postignuvanje bilo kakov rezultat. Zatoa place.
Од: vasko
Датум: 02.03.2009 01:54:32
Тачи треба да се лути на самиот себе затоа што тој еглавниот виновник за лошиот рејтинг на неговата партија и нејзиниот целосен распад, затоа нека си го посочи прстот кон себе а не кон некој друг а посебно не кон премиерот кој го прибра во влада иако не го зслужуваше тоа.
Од: Albanec
Датум: 02.03.2009 03:41:23
Taci nitu bil faktor nitu ke bide faktor vo politckiot blok na Albancite. Covekov e cist primerok na pogresna investicija. Duri da sum jas vo pravdata bi se zaprasal od kade na Taci tolku bogatsvo koga nie Albancite tocno znaeme deka pred da se zeme so politika za leb nemal pari, prijatelite i komsiite mu pomagale da prezivi! I sega si igra nekakov faktor?! Ako ne pred drzavata, togas ovoj gilipter ke odgovara pred Albancite kogas togas, ne mu gine. Pravdata kasni, no sepak izleguva na videlina. I plakja li vo opsto danok ovoj covek na drzavata?
Од: Filip Shumsi -SAD.
Датум: 02.03.2009 05:16:02
Prosto se chudam na Mak.Albanski partiski lideri vo posledno vreme se ponashaat kako nezadovolni dechinja i postojana pretat so megunarodnite predstavnici vo zemjava i do koga ke bidat tuzubabi ako ima nekoj oproblem treba da se reshi so koncenzus ane za sve treba da znaat stranskite ambasadi koi kolku prijatelski se nakloneti prema R.M tolku i ne a ovie se ponashaat kako prvo odelenci za mala sitnica kete kazam na uchitelot, po set ova sega mie jasno deka toa pochnaa da go chinati nashite kandidati za predsedateli pa predizbornata ckampanja prvo so poseta na stranskite ambasadori i evropski funkcioneri vo R.M izgleda odniv prvo pobaraja blagoslov. So seto ova nie se deklrirame kako da nesme sposobni daja vodime nashata drzava bez nivnite upatstva.
Од: od toni
Датум: 02.03.2009 05:33:00
a be "makedonci","bugari";"egejci" malli cetnicina Taci e legenda za nas allbancite,ni sme zad nego,a vas DUI ve ubill brat,i tatko,najmilliot od familiata a vie ste za takva koalicija...brat Lube kade vie ??!!Neka Zive Thaci
Од: od strumicanecot
Датум: 02.03.2009 07:40:38
tie i sdsm se gotovi a i site nejzini partneri zaedno so niv sega samo si daavat po malku reklama na televizija za da ne gi zaboravi narodot,dajte nekoj ideji kako da odi drzavata napred kako da mu bide podobro na narodot sto zivee vo makedonija ,a ne samo da napagate i da pravite glupost i steta na makedonija,na banditot zaev mu se blizi krajot glavniot diktator Branko se vraka,lvo strumica isto taka boneva ke bide prvata dama vo strumica,a Toj Frcko ne bi go stavil ni vo klozet da raboti a ne da bide predsedatel sram da ti e so tie tvoi arogantni izrazi ti si izgleda profesor za arogancija .
Од: 0d ilirida
Датум: 02.03.2009 08:48:42
do toni bravo ovie uste sonuvat napred thaci tisi nasiot spasitel
Од: Irina,kavadarci
Датум: 02.03.2009 09:30:15
I Taci kako grckata ambasadorka,krajno nekulturno i drsko odnesuvanje...ako imal nekakov problem neka ostane do kraj neka se potrudi da go resi a ne da bega...imalo zagovor..??!?
Од: sime
Датум: 02.03.2009 09:31:27
Aku se tocni tvrdenjata deka postoi sselektivnost vo sudstvoto,toa e opaseen presedan.Od druga strana politikata podrazbira borba megju partii.
Од: Vlado
Датум: 02.03.2009 09:36:34
Abe Tachi-Tachi, tvojot odnos ne samo shto i shteti na Makedonija (koja e i tvoja drzhava) tuku im shteti i na site dobrodushni i inteligentni Albanski Makedonci. "Ako ne igrash so mene i po moite pravila ke te kazham na ushitelkata..."
Ako si mazh, i ako imah neshto vo taa prazna crpka, partiskite chlenovi ke ti ostanea. Kako ne mozhesh toa da go vidish. Tvoite glupi odnosi (i na tvoite siledzhii-privrzanici) mnogu ne koshtaa vo izborite minatata godina. Ne veruvam deka imash inteligencija i sovest da sfatish kakva greshka pravish so ovie potezi sega, ama edno mozham da ti vetam - Ako povtorno gi zafrknesh i ovie izbori, site ke znaat deka si ti i tvoite privrzanici - ke dojde kraj i na nasheto trpenie i tolerancija i nema da te sobere ni Makedonija ni Kosovo nitu Albanija. Odi doma sedi prochitaj nekoja kniga (ako znaesh da chitash) i nauchi neshto - mozhebi ke ti koristi. Ne si gi brukaj tvoite sonarodnici, iako sum Makedonec, imam pochit kon mnogu Albanci koi se lugje na mesto...
Од: kire strumica
Датум: 02.03.2009 11:17:07
Gruevski 3 godini otkako e na vlast se sluszi so revansizam! No i na toa ke mu dojde krajot nabrzo
Од: zabegan
Датум: 02.03.2009 11:22:49
еее по глупи ДПМН-ОВЦИ не су видел во живот,,,,се колнеа во ТАЧИ,,,,го кудеа АХМЕТИ ,те терорист те не коалицира со ДУИ те ТАЧИ им беше ВОЈВОДА ал има некој паметен се прашувам???абе вие со ЃАВОЛОТ ќе влезете во коалициа само даја ДОТУРЕТЕ Македонија.
Од: Pravda
Датум: 02.03.2009 12:22:08
Vie gospodine taci najavivte kasapana vo vas stil i gorealiziravte toa koga bevte na vlast so gruevski!Zosto sega ne najavuvate kasapana?Vie samo go delite,terorizirate,ponistuvate albanskiot narod vo makedonija,i toa samo za licno profiterstvo i pod nadzor na tajnite sluzbi.Vie ste sorabotnik na tajnite sluzbi protiv albanskiot nariod.Kaj vas nema pravila na igra,ako vi se dava moznost zemate ucestvo na vlast bez pobeda!Vlegovte vo koalicija so gruevski bez nikakva strategija!Vie ste najlosoto sto mozese da mu se sluci na albanskiot narod posle komunizmot!!!Vie ja delevte Partijata za demokratski prosperite vo 1993 pod direktiva na tajnite sluzbi.Vie izlegovte od kordinativnoto telo vo 2001!!Vie kako vojvoda,odrzavte govor vo kongresot na vmro pod direktiva na gruevski protiv crvenkovski!!No mislevte deka,sekogas koga ke pobedi vmro vie ke bidete na vlast bez razlika sto gubite sekogas!Zato sto vie sekogas ste spremen za vlast bez nikakva strategija,dui se plasat,i sega i tie bez nika
Од: R.R.
Датум: 02.03.2009 13:50:01
Taci ne znae na kulturen nacin da go iskazuva svojot revolt( a ustvari i ne veruvam deka ima pricina za revolt).Gruevski si go ispolni zvoeto ostanuva da vidime kolkava ime sovesta i grizite na drugite!
Од: D Kavadarci
Датум: 02.03.2009 16:51:14
Ne moze nekoj da gi podrzuva lugeto koi pravat zagovor so Grcija protiv Makedonija. Taci si kaza deka za Makedonija e najvazno da vleze vo EU po sekoja cena. Sto i da kaze veke gabe mu e.
Од: lenin 7 sekretari na skoj
Датум: 02.03.2009 17:09:48
Braka albanci! Vie ste najpametnata nacija na balkanot. Sakavte drzava i ja dobivte-mislam na Kosovo. No se prasuvam do koga ke ziveete vo izolacija so Makedoncite. Ja izbravte trasata kon NATO I EU i sega molcite. Na krajot na kraistata sprovedete referendum i mnogu istomislenici kako mene ke vi se priklucat za nato i eu. A na prijatelite anticki makedonci do spomenikot na aleksandar makedonski ke im ostavime uste eden spomenik i toa Magare i Zmija pa neka si uzivaat vo sonistata za nekakva makedonija do pakistan. PS podobro evropa vo tetovo nego pakistan vo skopje.
Од: makedonia
Датум: 02.03.2009 17:31:09
toni ako tie tolku dobar tachi vodi go doma i nemoj dagi vregas lugeto od bilo koja nacija se gleda deka ist si kako tvojotmilenik.i toj drugo neznae samo da vredja pa cak i zeni vo parlamentot jas kako albanec nikogas nebi sakal toj da zbori vo naseto ime iako nesum za niedna partija no ja pratam dnevnata politika so godini.ti i tvojot tachi nikogas neste gi dobile izborite a sakate da bidete vo vllada sekogas vmro dpmne ve iscedi kako limon kolku mu trebavte sega ve isfrli sega kegi iscedi ovie drugite bidejki znae deka od vas nema opasnost bidejki pametnite politicari vo vasata partia otidoa a koj e kriv tvojot tachi.bidejki se odnesuva kako pasa .se blizi krajot na dpa go rasturivte pdp a eve vi dojde vremeto i na vas.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 02.03.2009 18:44:35
Сите препукувања во овој момент кои можат да прераснат во инциденти треба да замрат, каде што целата енергија потребно е да се насочи кон фер и демократски избори кои само можат да вродат со плод, инцидентите да ги оставиме далеку зад себе и сите нерасчистени работи да се решат после изборите.