Пукал на свадба, ранил тројца
Тројца скопјани на возраст од 21, 32 и 60 години се ранети од заскитани куршуми што ги испукал свадбар во населбата Бит-пазар. Според МВР, инцидентот се случил завчера, околу 16,40 часот, кога непознат сторител, кој присуствувал на свадба, испукал повеќе куршуми во воздух. Повредените се пренесени во Градската болница и се надвор од животна опасност. Се трага по сторителот. (Г.А.) |