Ноќ во затвор

Ејми Вајнхаус е уапсена поради напад и моментално е во притвор
Британската дваесет и четиригодишнаа пејачка Ејми Вајнхаус помина ноќ во затвор поради инцидентот направен пред некој ден. Имено, пејачката, веројатно под дејство на опојни средства, што и' станаа неопходни за да функционира, нападнала човек кој се обидел да добие автограм од својата миленичка. Триесет и осумгодишниот маж тврди како го нападнала жена „стара околу 24 години“ во северниот дел на Лондон, соопштува британска полиција. „Ме гребеше, ме гризеше и ме нарекуваше со најпогрдни имиња“, вели жртвата.
Ејми Вајнхаус е уапсена поради напад и моментално е во притвор, соопшти портпарол на Скотланд јард. Ејми стигна во полициска станица опкружена со папараци.
Ова не е прв инцидент на славната пејачка. По се' изгледа таа не може да се справи со интерните ѓаволи што сигурно нема добро да се одрази на нејзината иднина. Ако воопшто ја доживее!
|