Невеста починала на свадба во БиХ
САРАЕВО - Млада Босанка починала на свадбената церемонија, три часа откако склучила брак, пишува сараевскиот весник „Сан“. Дваесет и четиригодишната невеста танцувала со својот сопруг заедно со гостите на свадбената прослава во Братунац во источна Босна. Во еден момент, поточно откако ги замолила музикантите да и' ја отсвират омилената песна, таа ненадејно паднала на земја, додава весникот. (МИА) |