Брoj 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Диме Илиев

актер

Се надевам дека утрово барем нема да врне за да си ја „исполнам“ утринската прошетка, па да продолжам на физикална терапија. Вечер, со Драмски театар ја играме „Сон на летната ноќ“ во Куманово, еден ден пред официјалната скопска премиера на матичната сцена.

Елена Ристевска

пејачка

Денеска во 8 часот денот веќе наголемо ми е почнат, бидејќи во 9 ч. полагам испит, па утринава правам последно прелистување на материјалот. По испитот треба да се подготвам за вечерашниот настап во Штип, а во меѓувреме имам интервју со новинари од една српска телевизија.

Цветан Гаврилов

дир. на хотелот „Црешово топче“

Веќе од денеска почнува мојот ангажман, не само како директор на хотелот туку и како претседател на Општинскиот фудбалски сојуз на Пробиштип, околу подготовките и организацијата на првиот натпревар што ќе се одигра во нашиот град меѓу младите репрезентации на Македонија и на Бугарија. Верувам дека ќе бидеме одлични домаќини.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ