Ванеса Паради
Исплашена од помислата за госпоѓа Деп
Француската убавица Ванеса Паради не планира да се венча со својот долгогодишен партнер, славниот актер Џони Деп, зашто ја плаши помислата да му стане сопруга. Атрактивната актерка, пејачка и манекенка изјавила дека и покрај постојаните претпоставки за свршувачка, не планира да застане пред олтарот со миленикот на женската публика. Таа е многу среќна и задоволна со нивниот моментален однос. „Има нешто романтично во бракот, но во исто време има и нешто застрашувачко. Ако сте среќни без тоа парче хартија, зошто воопшто да се мачите?“ - смета Ванеса, која со Деп е во врска од 1998 година и имаат две деца: 11-годишната Лили Роз и 8-годишниот Џек. |