МАЈКЛ ДАГЛАС
Бившата сопруга бара половина од последниот филм
Како што се случува вообичаено, сите бивши жени на успешните, богати и славни сопрузи, со текот на времето се потсетуваат дека бившиот сакан им е должен неколку милиони долари поради нешто. Може тоа да е душевна болка, грижа за децата, запоставување на кариерата или нешто друго. Овој пат станува збор за Мајкл Даглас, т.е. за неговата бивша сопруга Дајандра Лукер, која смета дека има право на половина од парите што ги заработил филмот „Вол стрит: парите никогаш не спијат“. Дајандра, по разводот со Даглас во 2000 година, доби 45 милиони долари, а сега го тужеше зашто смета дека има право на 50 отсто од заработувачката од споменатиот филм.
Мајкл Даглас глумеше во оригиналниот филм „Вол стрит“, снимен во 1987 година, а според неговите зборови, филмот „Вол стрит: парите никогаш не спијат“ е своевидно продолжение на првиот дел. И додека адвокатите на Дајандра тврдат дека бидејќи станува збор за ист актер, ист филм, само во друга година, па соодветно на тоа нивната клиентка може да полага право на заработувачката. Адвокатката на Даглас смета дека иако станува збор за поврзани, сепак, двата филма се сосема различни проекти. И самиот актер, наводно, бесен поради тужбата, не сака бившата сопруга цел живот да му виси над вратот. |