Број 3095  сабота, 26 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Предраг Павловски

актер

Денеска претпладнето ми е слободно, а попладнето работно. Слободното претпладне значи - спиење, обложувалница, носење на ќерка ми на забар. Работното попладне, пак, е одигрување на „Сон на летната ноќ“ во Театарот за деца и младинци.

Даниела Димовска-Колиќ

дир. на „Лисца“ за Македонија

Овој викенд ми е буквално, прв слободен, по летните одмори. Досега интензивно бев ангажирана околу отворањето и промоцијата на новата продавница на „Лисца“ во центарот на Скопје. Сето слободно време ќе го посветам на семејството и можеби некој излет во околината на Скопје.

Рамадан Шукри

раководител на Мандолински оркестар

Со оркестарот на МОБ, каде што сум вработен, денеска имаме проба за концертот на 2 октомври, кога се одбележува 60-годишнината на Балетот. Сепак, во текот на викендот работам и на подготовките на концертот на Маднолинскиот оркестар во текот на идниот месец, како и едно гостување, што не' очекува.

 


#
Најди! во Утрински