МАЈКЛ ФЕЛПС
Вљубен во келнерка
Освојувачот на осум златни олимписки медали - пливачот Мајкл Фелпс изјавил дека навистина му се допаѓаат келнерките. Пред два месеца во Лас Вегас, келнерката Каролина Пол успеала да го освои Фелпс, на кого толку му се допаднала што одлучил да ја запознае со своите родители.
По фантастичната победа на Олимпијадата во Кина, во својата земја добил статус на вистинска ѕвезда, па така понудите од понежниот пол стигнувале во се' поголем број.
Но, се чини дека Фелпс моментално е сконцентриран на врската со Пол, па дури решил и да ја запознае со своите родители во Балтимор, каде што го поминале празникот Ден на благодарноста.
Сепак, покрај љубовта спрема Каролина, пливачот негува и страст кон покерот, па се надева дека ќе успее да се пласира за натпревар во светскиот турнир во покер за 2009 година. |