Објектот би се наоѓал меѓу Музејот на Македонија и куќата на Есма
Да се изгради ротациска кула на Кале од која вистински ќе се ужива во панорамската глетка на Скопје бараат граѓаните што живеат во околината на тврдината. Тие сметаат дека просторот меѓу Музејот на Македонија и оној на Есма е идеална локација за атрактивниот објект. Иницијативата ја правдаат со фактот дека на Калето, изземајќи го Водно, се наоѓа највисоката кота во градов каде што има идеални услови за изградба на објект со намена за панорамски поглед на Скопје. За идејата на жителите од урбаната заедница „Јане Сандански“ веќе лично е информиран и градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, на последната седница на општинскиот Совет.
„Граѓаните сметаат дека на посочената локација би требало да се изгради таков објект, бидејќи просторот ги има сите идеални услови. Во непосредна близина има и паркинг со можност за негово проширување, а има и постојна инфраструктурна и канализациона мрежа“, дополни Александар Младеновски, советник од Социјалистичката партија, пренесувајќи ја идејата на жителите.
Градоначалникот Тодоровиќ истакна дека Општината е отворена за соработка и идеи на граѓаните и наскоро ќе го разгледа предлогот.
Инаку, урбанистичкиот план за реонот Кале не предвидува изградба на таков објект, па во случај предлогот да биде прифатен, ДУП-от ќе треба да се менува. Од друга страна, прашање е како на ова ќе реагира амбасадата на САД, која се наоѓа во непосредна близина на локацијата.
Изградбата на ротациската кула, всушност, би била вториот објект што ќе овозможува панорамски поглед на градот, ако се има предвид изградбата на панорамското тркало во центарот. (Дс.Т.)
Ludilovo stana zarazno. Lugje po sovreme odete i lečete si se i prašajte da ne izmislile vakcina protiv glupost. Panoramsko trkalo, rotaciona kula na krajot na site po edna račka od tapan.
Од: SRC
Датум: 31.10.2010 07:17:57
Немој да ми се нервираш Душо не се секирај кај и да е твојот пулен ќе се врати.Па ќе може после и во Швајцарија да градад со наши пари а при тоа ти да не гледаш.Дали сте се запрашале каде се сите оние пари од приватизација за кој јавно признава дека згрешил.Или за сите ТАТ и слични.Ама важно било што тебе ти сметаат споменици.Мене ми смета што власта ми зема пари за патриотски софтвер а сега пу пу неважи.Ама тоа многу помалце ми смета од 3000еу пропаднати во Македонија реклам,која впрочем беше фирма бр1.Уште повеќе ми сметат неплатени придонеси за 7 од владата на СДСМ и 7 неземени плати.Така да не ставајте на кантар таков со било кого па макар и тој бил невреден зашто од човек кој дава изјава дека ќе менувал има какво ќе прифател премиерот што може да очекувате.
Од: Луда Мара
Датум: 31.10.2010 09:39:16
Напрееед!Јас сум За!Само,ако до него има Станица со специјална ракета,која ќе може да ги собере сите посетители на Бардовци!Некако ми се наметнува сама по себе идејата,наместо клиниките,Таму да ги иселиме Собранието,Владата,Градските власти сосе Коцкица (*деминутив од Коце фон Опинок,желен за враќање на Калдрмата на плоштад)!Дури тогаш,до нив може да се изгради доволно голем Клиничко-психијатриски центар кој ќе се нарекува Владетелски Космодром!Ќе им биде во близина и економски-сосем исплатлив!На врвот,секако,ресторан-ротирачкото тркало со ротирачки гондоли(сепареа) и вртливи седишта!Можеби најпосле ќе осознаат дека „сепак се врти“или дека „сè се врти,а само тие се неменливи“!Ќе си седиме и ќе си летаме заедно!И најбитниот изум: со едно стискање на копчето ќе може да го видиме изгледот на градот-По желба!Изустуваш само:„Сакам да наликува на..!“и веднаш,добивате Скопје ала Париз,Лондон,Виена!Ураа..најпосле и мојата вила „Бардовци“ ќе наликува на „нашиот“Барок!!
Од: ivana
Датум: 01.11.2010 10:14:25
ma dobro sto dojdoa na vlast ovie vmro-ovcive inaku nemase da znaeme kako ke gi portosevme ovie teski milioni evra sto gi dadoa za spomenici,smizli,bikovi ,porti pa sace so svitata ,tatkomu,pa brakata od sprotiva skenderbeg so tajfata e narode na kraj treba da im izgradime po eden spomenik i na grujo so komranjonite oti drug tesko deka vakvo nesto sveto za narodot ke napravese kakva e ovaa rabota da ne se znae vrednosta na parite ,pa milionite evra gi kazuvaat kako iljada denari DECISTA NEDORASNATI na koi ja pustime drzavata TRAGEDIJA.