Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Ермис Лафазановски

писател

Денеска патувам за Белград за да го посетам Саемот на книгата. Годинава саемот го фаќам на крајот, бидејќи ги очекував резултатите од конкурсот за кус расказ на „Нова Македонија“. Чекањето беше оправдано, бидејќи вчера ми беше доделена третата награда на конкурсот. Па сега се честам себеси со еднодневна посета на саемот во Белград.

Дејан Пројковски

режисер

Претпладнево сум во Битола. Во Битолскиот народен театар имам проба на „Опасни врски“, чија премиера ја подготвуваме за средината на декември. По пробата, неизбежното кафе-дружење во „Сејмос кафе“, па тргнувам на пат за Скопје за да фатам барем нешто од семејниот викенд.

Јордан Симонов

актер

Речиси не можам да поверувам дека викендов ќе ми биде слободен. Во МНТ работиме на новата претстава „Така било пишано“, според текст на Сашко Насев, во режија на Синиша Ефтимов, но денес немам ниту проба ниту претстава. Немам ни синхронизации, па ова ќе биде целосно семеен викенд.


#
Најди! во Утрински






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries