Број 3364  сабота, 21 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Иванов се плаши од други вета во ЕУ

ОХРИД - Претседателот Ѓорѓи Иванов порача од Охрид дека вината за нерешениот грчко-македонски спор е кај македонските политичари, кои во изминатите години не најдоа начин да стават крај на овој проблем.

„Која е гаранцијата сега дека Грција ќе го почитува евентуалното решение за името и дека натам�� нема да поставува нови барања и услови кога таа и сега не ја почитува Привремената спогодба со која се обврза дека нема да ги блокира евроинтегративните процеси на земјава, запраша Иванов. Според него, наивно е да се верува дека кога ќе го смениме иметo ќе се реши се', бидејќи е можно тогаш да ни поставуваат услови Србија, Албанија или Бугарија.

Сепак, Иванов е задоволен од односот на посредникот Нимиц во преговорите, кој знае дека какво и да се донесе решение, тоа ќе значи преседан во светската историја една земја да го смени уставното име. „Тој сака детално да го испита пулсот на двете страни и затоа ние сме во постојан контакт со него. Потребни се иницијативи како од власта, така и од опозицијата, која наместо да вели дека за 6 месеци ќе го затвори прашањето, треба да дава предлози за тоа“, порача претседателот.

За Иванов нема опасност од дестабилизација на Македонија ако набргу не се реши спорот, бидејќи институциите на системот работат и функционираат одлично. Никој нема право да избира како ќе се викаме, а ни сме се обврзале на почитување на правото, што треба тоа да го прави и другата страна. Иако притисокот е најголем врз нас, ние ќе истраеме во намерата да го изнајдеме најдоброто решение за македонските граѓани - смета претседателот. Притоа тој укажа на пропустите на македонската дипломатија во минатото повикувајќи се на разговор со европратеничката Дорис Пак, од која добил информација дека Македонија ја отфрлила понудата во 1995 година да почне интеграциски процеси за членство во НАТО и во ЕУ под привремената референца. (Мк.Т.)


#
Статијата е прочитана 1611 пати.

Испрати коментар

Од: mojso
Датум: 21.08.2010 00:09:21
Treba da se gordeeme i da go pocituvame ovoj covek.
Од: Angel
Датум: 21.08.2010 01:09:39
Убаво,само што Иванов никој не го есапи, ни дома ни надвор!Си зборува човекот...и си се залажува дека е некаков фактор!
Од: aj pak jas
Датум: 21.08.2010 01:35:57
Pa ajde gospodine Ivanov bidi ti toj sto ke go resi problemot. Ama ne e lesno neli , polesno e da gi kritikuvas drugite sto ne resile nesto sto ti ne mozes da go resis.E moj pretsedatele nemoj da mislis deka sme site glupavi ,tuku bar ne baraj krivica kaj drugite koi za razlika od tebe site do eden bea drzavnici'
Од: 3G
Датум: 21.08.2010 11:26:11
Prasanjeto za imeto e prasanje na identitet i suverenitet.Znaci resenieto moze da go donese samo nekoj koj ima identitet i nema potreba da bara negova potvrda od drug i suverenitet koj znaci taa odluka da se donese samostojno a ne po nalog i predlog na drug. "Sudbinata na Makedonija lezi vo nas samite". No osven po nemoralot koj gi ostavil Makedoncite bez sopstvena drzava nekolku iljadi godini, tie se poznati i po gordosta od najekstremen vid a potvrda e tvrdoglavosta posocena od Doris Pak koga tie se borea protiv kompromisnata referenca namesto za Makedonija. Zamislete kakva zasteda i napredok ke bese ako Makedonija vlezese vo EU 1995 godina-bez vojna i ostanatata golgota i pustos na ligavenjeto na politikantite(iako so opasnost od SOJUZNICKA UCENA). No od glavite si patime. Slucajot na Tuse Gosev pokaza deka i za metlar covek trebalo da bide roden a vo Makedonija vladeat cetvrtooddelenci i nivniot PRIMITIVIZAM NA NIVO. No komu da kazes? Ne slusa ni "brat" Ljube, Boris,Nikola ni Gorge
Од: "vodolija"
Датум: 21.08.2010 11:35:58
RAZUMEN KOMPROMIS, E RAZUMEN KOMPROMIS, I NIKAKO DRUGACIE NEMOZE DA SE OBJASNI !!!??? E, moj Gorgi Ivanov, mnogu brzo zaboravi od kade poteknuvas mnogu brzo porasna da resavas SVETSKI PROBLEMI !? Mnogu pobeter si od Egeecot Gruevski, no skoro ke vi dojde krajot i na dvajcata, IDEOLOSKI TERORISTI !!!??? I, NA JOGURTOT KE DUVATE!!??
Од: Tome
Датум: 21.08.2010 13:33:55
Кој ни гарантира дека и другите нема да поставуваат некакви услови?!? Па (НАТО и ЕУ)јасно ни кажаа дека САМО името е проблем и што филозофирате сега и ја пумпате работата! Или сакате да им кажете и на другите: србите, бугарите и албанците, дека заборавиле и тие да побараат нешто па да побрзаат на време да се јават со свои барања? Па кога веќе сите знаеме за апетитите на нашите соседи со која сила мислиме ние да да се инатиме уште и да ги трошиме симпатиите на големите сили кои за чудо сеуште ни се наклонети? Со анти нато-изјави и други глупости?
Од: Трпе
Датум: 21.08.2010 16:08:14
Нормално кога сам ке се инфицираш и вирусот ке се рашири,тешко терапија помага.Кој гавол ја тераше нашата блада да провоцира,во здрава нога зарѓена шајка да си забодува.Кога дојдоа на власт храбрите дечки почна со провокаци ставајки склуптури без глави или глави без тело и разни преименувања.Затоа Иванов и има од што да се плаши.Но нели ние ке си бидеме како Швајцарија и срекно ке си живеме,само во некој друг век.
Од: snajper
Датум: 21.08.2010 17:38:17
jasno e deka dpmne-sdsm go blokira resenieto za imeto zaradi da se blokira clenstvo na drzavata vo EU i NATO.. duri i ako grcija prifati imeto da e Republika Makedonija ovie stalinisticki predavnici ke najdat problem za da go blokiraat toa..
Од: ДРУГА ТЕМА ИЗВИНИ
Датум: 22.08.2010 00:03:12
Секој викенд Аеродром се забавува само со српски песни. Права бановина. Што кафана е тоа во Бисер долу. Пеач ли е незнам вика важно ЕЕЕ. А ние се расправаме кој бил поголем. Еве ваквите се најголеми. А бе музика е тоа. Да бе музика е ама секој викенд само српска. Леле ама идентитет имаме.
Од: Dzigi baus
Датум: 22.08.2010 02:57:38
Ke se vika Velika Albanija... makedonija nema da posti greota za narodot sto ke ostane vo nea ke se podeli celata sreka za onie makedonci so se spasija vo evropa
Од: cile
Датум: 22.08.2010 10:41:42
ako ceka mak da vlezat srbija,albanija,kosovo vo eu pred mak togas mak nema nid aprezivee so novi baranjano ako vleze pred niv ce moze dabara za pravata ma amkedon vo alb i srb znaci da bide faktor kako sto e grcija sega vo eu a vaka prazna slama tresit ivanceto samo da mu projde mandatot.............

Најди! во Утрински
На прво место
СAД бараат објаснување за Мартин Треневски
Партиските контра рамковните вработувања