Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Младите ќе експлодираат

Ивор Мицковски

Овде системот е загаден од корен и мора да се менува од корен

Францускиот филозоф, Жил Делуз ја опишува секоја личност како „мал пакет полн со моќ“ и дека од таа моќ потекнува и нејзината етика. Трагедијата со нашата власт и со лошата политика е што мислат дека и таа моќ им припаѓа ним. Инаку, власта е убедена дека моќта не е дистрибуирана во мали пакети. Така, сакаат двојно да не ограбат - и од нашата моќ и од нашите права и одговорности. Тоа што ми се допадна во овие протести е што и покрај огромните недостатоци, тие, сепак, се ерупција на нешто ново, навестување за иднината. Тие се најдобриот пример за тоа како дел од граѓаните, во нашиот случај, младите, си го бараат назад пакетот со моќ. Овие протести се еден нов почеток, нашите млади почнаа нешто, а сега сите ние треба да ги следиме и да им помогнеме. Ова што се случува, дури и да не успее, има иден потенцијал. Токму затоа, не смее да се потцени и треба да се прифати, а не да се игнорира или да се остави да помине како случаен инцидент.

Ова се денови на граѓаните кои со својот протест и преку активизмот на социјалните мрежи покажаа дека знаат да кажат - Не. Сепак, моја основна забелешка беше и останува дека тоа не е доволно. Тоа „Не“, не може да остане апстрактно или парцијално, туку мора да се конкретизира и да се објективизира. И тоа не може да се постигне со некакви 11 барања, од кои некои се генерични покани за почитување на човековите права, со петиции и слични ограничени потези. Што вредат 11 јасни барања, кога сите се насочени кон една иста работа – против полициската бруталност. Тоа, според мене, е во ред, но ако ја земеме пошироката слика, е целосна утка. Не може да се протестира само против полициската бруталност. Не може тоа да биде единствениот мотив, ниту пак е најважниот. Постојат милион причини за протест. Мене ми е кристално јасно дека врската помеѓу причините и поводот за овој протест се тесно врзани. Подеднакво ми е јасно дека не може секој протест да биде насочен кон многубројните причини, затоа што понекогаш треба да се тргне од посебното, за да се дојде до општото. Но, не сум сигурен дали состојбите во нашата земја го дозволуваат тоа. Затоа, едно од основните прашања кое треба да си го постават оние кои протестираат е дали тие сакаат да менуваат нешто во рамките на овој систем на власт или, пак, сакаат да го сменат самиот систем на оваа власт.

Што вреди ако протестираме против полицијата и што вреди дури и ако формално се воведат некои реформи, кога тие ќе останат само на хартија. Овде системот е загаден од корен и мора да се менува од корен. Што вреди каква било делумна реформа во земја во која не постои независно судство, каде нема почитување на личните слободи, каде власта не ги почитува граѓаните и останатите чинители во општеството. Зарем некој и понатаму верува во институциите на системот? Или уште повеќе, зарем не го препознаваме лицемерството кога партијата на власт ги поканува институциите да дејствуваат.

Не знам дали забележавте, но протестите продолжија со прифаќање на почетната хипокризија на власта. Младите, свесно или несвесно, се согласија со тезата на Груевски, да не се политизираат протестите. Мислам дека некои од нив брзо сфатија колку се изиграни, колку време и енергија изгубија на ескивирање, наместо на дејствување. Токму затоа, сметам дека ваквите движења колку што сакаат да се држат настрана од партиите, не смеат да се држат надвор од политиката. Не смее да се држат настрана или да ги туркаат од себе сите останати сили во општеството кои се борат за промени. Не може да се бега и од останатите милион причини за протест. И не ги прифаќам тезите дека едни ќе протестираат за демократија, други за транспарентност, трети за подобар живот. Не ја разбирам таа парцијалност кога сите сме во иста каша. Треба сите ние да протестираме за се она што не чини во оваа држава. Само обединети и со промена на се, може да се промени нешто, додека, поделени и со промена на само едно нешто (што нема да се случи), нема да смениме апсолутно ништо.

Демократија, меѓу другото, значи сите да имаме право на избор, на различно мислење, на различен вид на протест и тоа слободно да го искажуваме. Но, демократија која вистински функционира, значи да се има граѓани кои и покрај сите различни мислења, ќе имаат заеднички, споделиви и обединувачки политички ставови за својата земја, за нашата заедничка состојба и иднина. Мора да разбереме дека доаѓа времето и потребата од една мрежна политика, базирана врз движења, насочена повеќе кон граѓанинот, отколку кон потчинување на масите. Граѓаните стануваат се посвесни и се побесни. Тие веќе добро знаат како да ги ескивираат политички сервилните или припитомени медиуми. Добро знаат што треба од весниците да изберат, а што да игнорираат. На тој начин, доаѓа времето на младите граѓани кои постепено стануваат свесни дека треба да направат една генерациска субверзија, пред се преку социјалните мрежи, преку разно-разни движења и протести. Навиките се побрзо се менуваат и младите ќе бидат новите опинион-мејкери во рамките на семејството. Ова е неверојатен резервоар, една заробена и можеби се уште примордијална енергија, но енергија која ќе станува се посилна, се посвесна, се повеќе функционална.

Оставена сама на себе, оваа сила нема да биде целосно искористена и ќе имплодира или неконтролирано ќе експлодира. Затоа е потребно да се најде начин и да им се помогне на младите, но и тие да разберат дека им е потребна помош. Од оваа власт тоа не може да го очекуваме. Впрочем, таа докажа дека е најголемиот манипулатор, кој безобразно ги злоупотребува младите. Власта гледа непријатели насекаде, суштински е деструктивна и регресивна. Младите ниту се, ниту пак можат да се идентификуваат со политиките на власта.

Ова ново движење стигна до точката од која нема враќање. И не зборувам за замислените лидери или за некои од луѓето кои денес протестираат. Зборувам за емоцијата, за внатрешниот порив, за немирот што голем број млади луѓе го искажаа, а уште повеќе чекаат да го искажат. Доживуваме иднина, а таа иднина можеме да ја наречеме почеток на крајот на индиферентноста. Граѓаните, особено оние младите, но не само тие, се помалку ќе стојат на дистанца од тоа што се нарекува „res pubblica“, од одлуките кои сите не засегаат, од социјалните прашања, од злоупотребите и од причините за протест. Тоа што до вчера беше задача за една мала, авангардна група, од утре ќе стане една нормалност придвижена од повеќето. Тие што до вчера беа незаинтересирани, па дури и оние кои држеа или се уште држат една прагматична еквидистанца, во иднина ќе се активираат. Наречете ме наивен, но замислувам дека и кај нас ќе превладее свеста дека човечката волја и глас нема да можат да се купат за евтини пари, дека гледиштата на луѓето нема да се замаглуваат со скапи маркетиншки трикови. Граѓаните бараат одговори, ќе бараат да бидат убедени, ќе сакаат да одлучуваат. Ако тоа се постигне, ете револуција за нашата земја. Не насилна, не револуција на масите, туку револуција на човекот, оној кој знае да зборува со другиот. Ова е неизбежно, бидејќи се враќа потребата кај луѓето за обединување, за партиципација, за солидарност и правила, со еден збор, се враќа потребата за нормалност.

(Авторот е аналитичар)


#
Статијата е прочитана 3192 пати.

Испрати коментар

Од: B. Betinski
Датум: 20.06.2011 00:22:17
Vo pravo si, g. Mickovski! Kako moze covek koj pravi politika, koj e platen od politikata i koj zivee od politka (Gruevski) da sovetuva sto smeelo, a sto ne smealo da se - politizira?! Najsposle, i ne-politikata e samo vid politika vo osnovnata smisla na toj zbor. Zatoa sto, nizata postapki (sredstva) koi doveduvaat do nekoja cel (korist ili steta) ne se nisto drugo osven - politika.
Од: Сергеј
Датум: 20.06.2011 00:37:33
Зборот „млади“ генерално се однесува на лицата родени по 1990-та година, значи, оние кои не се сеќаваат на „трулиот“ социјализам и неговото едноумие. Но затоа, тие добро чуствуваат дека растат во ЕДНО ДРУГО едноумие, спрема кое она првото се чини како детска играчка. Секоја генерација им�� своја битка, а битката на оваа генерација ќе биде да го конечно победат партиско-полициското општество, кое не им нуди ништо друго, освен бугарски пасош за бегство од него! Ако не го сторат тоа, државата ќе остане без народ, а народот без држава! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Emili
Датум: 20.06.2011 01:23:24
Moze bi da ,ke eksplodiraat no posekako toa nema da go vodi Branko Crvenkovsi ,niti toj od toa ke ima benifit. Zarem vie mislite deka posle Nikola Gruevski na tronot vladetel ima lice i moral da dojdi Branko Crvenkovski? Eve da ti kazam u lice:Niti Nikola niti Branko.A znam deka vie ste za Branko ,odnapred vi soopstvuam :Ne ne zamarajte povejke ,mladi ste ,a go vrajkate Branko da go zameni ovoj fasist Nikola.Nema da vi uspee ,niti vas niti na vasite.Ednostavno e BRANKO E ISTORIJA,toj nemoze toa da go priznae zaradi sto negovite nesposobnjakovici okolu nego nema sto da pravat ke treba da odat i tie vo istorija.Drugare moj Ivor.Priznaj vejke ednas deka Branko kako i Grujo se istorija
Од: student
Датум: 20.06.2011 01:33:55
Mickovski, sekoja cest za statijava! prati na organizatorive na protestot da citnat malku :) pozdrav od ljubljana.
Од: citatel
Датум: 20.06.2011 01:41:13
Ivor mora da ima isti geni so B.C. Dvajcata se zakasneti "revolucioneri"
Од: Alek
Датум: 20.06.2011 02:58:13
ooooooooooooo brat,dosega nisto tocno ne si kazal,prethodnive meseci vodese kapmpanja za branko,predviduvase deka Gruevski ke zagubel katastrofalno.odi skrij se nekade,ne tuka da mi solis pamet
Од: Do Emil
Датум: 20.06.2011 07:12:54
Ti si uste eden isfrustriran dpmne kako i tvojot lider koj od usta ne go vadi Branko vo sekoja situacija. Nema da vi se ispolni zelbata Branko da se povlece, uste dolgo ke vi bide kosmar. A temata e fasiistickata Vlast i policija vo Makedonija a ne opozicijata??
Од: protestira.me
Датум: 20.06.2011 07:19:44
јо утрински, а што не дадете простор op-ed да напише некој што всушност учествува на протестите?
Од: Иворе душо, немој толку да се нервираш, ќе елксплодираш
Датум: 20.06.2011 07:26:16
Се враќала потребата за нормалност? Како кај кого. Не гледам дека тоа важи за Утрински и ваквите „писатели“. Изборите поминаа, народот повторно му удри клоца на БЦ, а тој и вие заедно со него ништо не сте научиле. Продолжувате со подршка на петоструките губитници. Дури и немилите настани ги користите за тоа. Колку ли само сте му должни на Бранко?
Од: USA
Датум: 20.06.2011 07:50:52
Mladite ke kazele-NE. Samo sto pominaa izborite i mnozinstvoto rece-DA. Avtorot i tie okolu nego "sakaat da eksplodira", nikoj drug. Gi znaeme posledicite od eksplozija.....ostanuva samo razoruvanje.
Од: vesna
Датум: 20.06.2011 08:37:39
Bravo za Mickovski i za site mladi koi protestirat za svoite prava i svojata idnina.Srekna sum sto i kaj nas pocna da se pokazuva nezadovolstvoto od politicarite.Zar ne e zalno tranzicijata kaj nas da trae 20 god,zar politicarite nemaat nitu malku sram i zal za sopstveniot narod,zar mladite,nasata idnina i gordost treba da se raduva na Bugarskite pasosi i da odi vo tugina na pecalba...Golema podrska do mladite protestanti...SAMO NAPRED PRODOLZETE DA GO BRANETE SVOETO PRAVO...
Од: slucaen
Датум: 20.06.2011 10:08:28
Sigurno sistemot od koren ke go smeni BC hahaha. Pa toj go sozdade. Ako nekoj nesto od koren menuva, toa e Grujo. Samo vo ovoj slucaj za 24 casa e priveden ubiecot. Zatoa i krekate do besvest oti gi korne sozdatelite. Kolku i da se trudite narodot toa go prepoznava i instinktivno custvuva, aj objavete da ve vidam. Diktaturava moze za tri meseci pak da objavi izbori i ako pobedi togas, sekoja nedela.
Од: Ljupco
Датум: 20.06.2011 10:22:45
Odlicna kolumna i sosema pravilen opis na sostojbite kaj nas. Se nadevam i pozeluvam ovaa mlada generacija da izdrzi vo borbata za svojata idnina. Ja imaat podrskata i od ogromniot del na ostanatite, pred se nepartiski gragani .A za partiskite plukaci, platenici i manipulanti od tipot na Latas - ke im dojde krajot.
Од: a_nesto
Датум: 20.06.2011 10:28:13
Ти се покажа како голем Лаик, околу прогнози, анализи и т.н во однос на политичката ситуација. И повторно се правите на тошо, БЦ не ги изгуби изборите туку ВМРО има помалку пратеници или протестите се организирани од младите, младите се осфестија, многу сте смешни поточно патетични. Погледнете само кој ги организира протестите и кои луѓе се меѓу протестантите, па се надевам дека тогаш ќе успеете да излезете од своето сивило. Едноставно се прашувам кој Ви дозволува да пишувате по веснициве.
Од: 3G-COOL&THE GANG
Датум: 20.06.2011 10:54:14
Zloradost e se sto impreostanuva na vecnite gubitnici so plagijatot, pomodarskiot "otpor" uvezen od Srbija. Gi sozaluvam izmanipuliranite instrumenti sto im sluzat kako topovsko meso. No Protiv novoto i originalnoto nema odbrana. DPMNE e revolucija koja tece vo novi predeli so novi sili. Utre da ima izbori DPMNE ke pobedi so kompletno novi nositeli na listite bidejki DPMNE e poveke od Gruevski i bidejki DPMNE ima koreni do antikata pa zatoa ne moze da bide iskoreneto a obidite na sdsm gi pravi LUDA misija, dodeka sdsm e pomalku od BC pa duri i so nego ne moze da pobedi. Toa e razlikata. Kako se menuva Skopje taka so reformite se menuva i Makedonija a sdsm go gubi identitetot vo novata realnost. Pristojnite ke sfatat i ke prestanat ko mrsojadci da se sitat od tragedijata i ko gangsteri da ucenuvaat.So toa ke izdisi i balonot naduvan so frustraciite na izgubenite gubitnici.
Од: Alek ®
Датум: 20.06.2011 10:56:13
Не само што ќе експлодираат, ќе ги „прегазат“ апологетите на фашизмот кој се ребрендира во сталинизам. Залудно се обидува целата машинерија од мизерни владини службеничиња кои коментирајќи овде си ги заработуваат своите партиски поени, „загрижени“ прекуокеански „патриоти“, ситни пакосници, припадници на тајните служби, разни спин југенди. Тргна возот, а секој ден оди се’ посигурно и подалеку.
Од: ljushi
Датум: 20.06.2011 11:56:34
Одличен текст. Ако ништо друго бенефитетот од ова спонтано движење ќе бидат лекциите кои ги усвоија младите, а тие се неколку. Најважно е што поради пропагандата и интензивното спинување на настанот на своја кожа ќе почуствуваат колку корумпирани се медиумите во Македонија. Поради контрапротестите ќе научат дека секое незадоволство не е партиски оркестрирано и ќе го спусштат циничниот гард. Поради целиот случај ќе научат дека атомизирани не можат ништо, а богами ќе усвојат и алатки за притисок на власта. и одбрана на своите права. ЗА ЖАЛ, гледам владини коментатори кои ништо нема да научат, а богами се и уплашени, бидејќи очигледно и пишувањето коментари не им е на цена. Ќе ги враќаат изгледа или на лепење плакати или на протестирање пред СДСМ. Разбудете се, над Македонија се роди нешто што ќе е на арно!!!
Од: jovance
Датум: 20.06.2011 12:11:10
aloooo, abe ako sakas da zboruvas za demokratija, eve ti eden NEPOBITEN fakt, izborite bea pred dve nedeli i pobedi VMRO DPMNE, i ako si demokrat kako sto miluvas da se narekuvas pocituvaj ja voljata na mnozinstvoto, a ne sekojdnevno da go truete so partiski naracki.a za tvojata strucnost i kompetentnost govori tvojata kolumna od pred izborite.sekoj so malku sram i obraz ke se skriese vo nekoe kose i ke traese,amane ti i tvojot mentor b.c nemate doblest za toa.a na makedonija so vakvi analiticari i politicari ne i se pisuva arno
Од: matematicar
Датум: 20.06.2011 12:28:38
Bravo sa skopskata mladina,za skopskite studenti.Prasanjeto e samo kade se nivnite kolegi od novootvorenite univerziteti vo zemjava?Ili tie se tamu za da ne precat vo Skopje?Si ostanuvaat na svojata ulica,vo svoeto maalo kade sto zavrsile osnovno i sredno obrazovanie,si se na TI so nastavnicite,zasto se od nivnoto maalo-i eve ti "kompletni intelektualcI" cija edinstvena griza ke bide kako da se vrabotat vo kafuleto vo koe sega se gosti.A nadvor od maaloto,od gradceto-pa toa ne e nivna griza.Tie tamu neka si go resavaat problemot:nim im e dobro-prodolzuvaat na majcinata kujna. Zatoa li e razdrobeno visokoto obrazovanie?Da nema koncentracija na mladi lugje koi ke trgnat vo pohod so baranje od vlasta da pocne da go pocituva,za pocetok-nivniot zivot,a natamu i nivnata kreativnost vo objasta vo koja se obrazuvale. Se potsetiv na onoj covek od edno planinsko selo,koj koga gorese sumata rece:sto mi e gajle,koga ne mi davaat da secam drva.A ako pozarot dojde do tvojata kuka,covekot imase odg
Од: kiki
Датум: 20.06.2011 12:43:07
Eden den posle ubistvoto na Martin prativ komentar znaejki gi metodite na Vlasta, deka nekoi drugi ke bidat vinovni za ubistvoto.Probaa da go zataskaat ubistvoto i za sreka ne im uspea.Megutoa ako mladite sto protestiraat ne uspeat da iznudat ostavki od Ministerot i Portparolot,sledniot pat tie ke uspeat vakov slicen slucaj da go prikrijat, zatoa sto nema da gi povtorat istite greski odnosno ke se ''nadogradat'' vo prikrivanje na ubistva.Bidete sigurni vo toa
Од: K2
Датум: 20.06.2011 14:05:52
A za sto protestiraat ovie djabolebari mesto da se fatat za rabota.....Ama izgleda polesno e da se "protestira" nego da se raboti...
Од: Амар
Датум: 20.06.2011 15:00:41
Одлично срочен текст - наменски, за читателите што припаѓаат на делот на „народот кој е во право а не згрешил“ (на изборите). Не си задоволен, Иворе, од барањата што ги поставуваат бројните „мали пакети на моќ“. Во право си, со тие/такви барања може да се постигнат некакви ефекти за напредок на демократијата, но тоа за тебе не е доволно се додека не се промени системот на оваа власт, односно додека не се смени власта која им ја даде дел од „народот кој е во право а греши“. Протестите, според тебе Иворе, ќе бидат вистински ќе бидат дури тогаш ако еволуираат во „перманентна револуција“ против новата власт и „народот кој е во право а греши“.
Од: M
Датум: 20.06.2011 15:05:54
Do K2, Sto da rabotat koga nemaat partiska kniska . No po zavrsuvanjeto na Skopje 2114 ke ima dovolno rabotni mesta -cuvar na spomenik i cistac na istite. Inaku mala digresija za toa kolku gladniot narod e gord poradi izgradbata na spomenicite.Na spomenikot na vlezot od Djorce Petrov na konjot MU E UKRADEN OPASOT nokta pred da go zavarat. i sega Firmata "Jeremik"od Srbija mu pravi nov opas na konjot. Ako ne veruvate proverete.
Од: Ози
Датум: 20.06.2011 15:42:04
Аман од вмроовциве. Откога Латас им направи групна лоботомија и им го вгради ликот на Бранко во мозокот, притоа одстранувајќи 2/3 како вишок,, не знаат ништо друго да кажат. За да се каже нешто иоле паметно, треба барем малку интелигенција. Или пак што ли беше тоа?
Од: Buntovnik
Датум: 20.06.2011 17:48:35
Abe ovija go cupaat od koren, ama samo za da go zasadat na drugo mesto

Најди! во Утрински
Мислења

"""