По тригодишни археолошки ископувања, следува изградбата на вкупно 23 објекти што ќе се простираат на површина од 7.800 квадратни метри
Мики Трајковски
ОХРИД - По веќе познатиот мегаломански проект „Скопје 2014“ и неодамна обнародениот „Струмица 2014“ на локалниот разгранок на ВМРО ДПМНЕ, Охрид е третата станица во која градовите почнаа да го добиваат магичниот предзнак „2014“. Овој пат не станува збор за мајтапчиското препукување на Интернет, туку за амбициозното возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, кој според најавите треба да биде изграден до крајот на 2014 година, што беше доволно кај пошироката јавност да го добие името „Охрид 2014“. Пред три дена беа удрени темелите овој голем зафат со што беше означен почетокот на неговата изградба. Потребните средства ќе бидат обезбедени во рамките на капиталните проекти на Владата, финансирани директно од буџетот, а целиот проект изнесува 9 милиони евра.
По тригодишни археолошки ископувања, следува изградбата на вкупно 23 објекти што ќе се простираат на површина од 7.800 квадратни метри. Во рамки на Универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, седиште на Галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светиклиментова градина, како место за одмор и креативна инспирација.
Директорот на Управата за културно и историско наследство, Паско Кузман, вели за „Утрински весник“ оти вкупната површина на целиот комплекс, кој ќе биде отворен за туристички посети, изнесува 32.000 квадратни метри, додека објектите ќе бидат изградени на површина од 7.800 м2.
„Видикот кон езерото и градот нема да се нарушат како што се шпекулира во јавноста. Целиот простор е добро осмислен. Објектите кои овде ќе никнат ќе бидат со височина од приземје и најмногу два ката што доволно зборува дека водевме сметка за целокупниот изглед“, вели Кузман.
Тој негира дека голем дел од шумата на Плаошник ќе биде исечена на сметка на градежните активности таму. „Ќе бидат исечени само неколку дрва. Тоа ќе биде неопходно за да го направиме она што е зацртано со проектот, но станува збор само за неколку дрва кои воопшто нема да го нарушат природниот амбиент во тој дел на Охрид. И она што ќе се сече е со посебна дозвола од Министерството за екологија“, вели Кузман, додавајќи дека сите објекти ќе бидат сместени во четири одвоени комплекси кои меѓусебно ќе бидат поврзани со посебни патеки. Единствено ќе биде одделен делот каде што ќе бидат лоцирани филијалите на неколку светски универзитети.
Се' што беше досега пронајдено од археолошки пронајдоци ќе биде конзервирано и презентирано во самиот комплекс. Помеѓу сите објекти со проектот е предвидено да има специјални патеки по кои гостите би поминувале, а истовремено би се запознавале со сето она што беше пронајдено, а со тоа и со цивилизациите што живееле на овој простор, објаснува Кузман. „Од ископините единствено ќе бидат достапни остатоците од некогашните конаци на манастирот ’Свети Климент‘ кои ќе можат да се видат со голо око, а овде ќе биде стационирана и Светиклиментовата градина за одмор“, вели Кузман.
Иако станува збор за државно земјиште, корисничкото право за поголем дел од просторот на Плаошник го имаше општина Охрид, односно ЈП „Охридски комуналец“.
„За да се забрзаат постапките за изведување на градежните работи, на последната седница на Советот на Општина Охрид беше донесена одлука истиот овој простор повторно да го вратиме во владение на државата“, вели Бранко Арнаудов, началник на Секторот за урбанизам во Општина Охрид. Тој вели дека изградбата на овој комплекс била предвидена и со локалната планска документација, која била донесена за овој дел на Охрид. Според него, новите објекти што ќе никнат таму воопшто нема да влијаат, односно нема да ја нарушат статиката и изгледот на старото градско јадро. „Напротив, ќе се води сметка сите објекти што ќе никнат да бидат вклопени во амбиентот што владее таму. Целиот локалитет и во иднина целосно ќе биде отворен кон езерото, објектите кои ќе бидат изградени ќе бидат на поголемо растојание еден од друг, што значи дека нема да има какво и да е нарушување на досегашниот изглед“, вели Арнаудов.
Еден од главните архитекти е младиот архитект од Охрид Горан Патчев, додека целиот надзор и главен носител на сите активности ќе биде Охридскиот завод и музеј.
Премиерот Груевски, на свеченоста пред неколку дена во својот говор, на шега рече: „Еве, случајно или намерно, но повторно имаме уште еден проект што треба да се заврши до крајот на 2014 година“. Министерката за култура, Елизабета Канчевска - Милевска, посочи дека станува збор за капитален проект на Владата и на Министерството за култура, како резултат на многуте истражувања и процесот на реставрација на целокупниот локалитет. „Овде на просторот на првиот славјански универзитет во светот, првото академско лечилиште за телото и душата на луѓето од Велика и Кутмичевица, археолошкиот локалитет Плаошник започнува нова ера на духовното егзистирање на Охрид и на Република Македонија. Ова е нова страница од житието на славјанската култура“, рече министерската за култура, Елизабета Канчевска - Милевска.
Што ќе содржи комплексот
1. Конзерваторска школа 2. Музеј 3. Светиклиментова библиотека 4. Седиште на Галеријата со икони 5. Македонски институт за хуманистички науки 6. Посебен монашки простор 7. Афилијации на светски универзитети 8. Светиклиментова градина...
Македонскиот јазол стр50. Не сите народи имаа среќа рано да го манифестираат својот јазик,Македонците имаа. Траутман го цитира кралот кој им кажал на браќата, Вие сте од Солун а тука се зборува чисто. Браќата Кирил и Методиј не беа од Варна или Сердика туку од околината на Солун од мајка Македонка и татко Грк. Значи дијалектите не беа од Црно Море или Родопи туку од Солун Македонија. Делото на браќата сеуште зрачи во Русија Бугарија Србија Хрватска.....И Турско-татарските Бугари ги озари зрак од оваа култура не само што беа асимилирани туку и јаз��кот го прифатија. Од Татарите им остана само името Бугари.. Свештениците во 1838 го печатеа македонскиот јазик за службите. Книга од 2004 за вистината за Македонија.
Од: SPIRIDON
Датум: 11.09.2010 12:23:36
Ja kako pros čovek doma u semejstvoto odvojuvam prvo da se preraneme,pa za režiskite troškove,pa za lekoveto,demek zdravstvo,pa za ... i ako ostane,so stiskanje nekoj denar,za popravki u kukjata,pa ako ima i za nova gleame.E pa taka i Nikolčo treba so državata.Ne ispraznija go penziskio fond,ja sea napudija i vaj od zdravstvoto i donesea detišče,da go ispraznat i taj,nema se gotovina,a vamo Pasko ke prae.A be ubavo e.Ama prvo otvori ubavi rabotni mesta,da zima ubava plata narodo,ne samo tekstilci,pa so bogat narod i bogata država,pa ke se luksuzirame.Vaka ne ni se znae alo.A Nikolčo koj kraj ke go fakja?
Од: dedo dimo
Датум: 11.09.2010 12:24:55
Pa taka e dobro samo da se gradi .Makedonija kako drzava mora da gi spasuva i svoite istoriski sluchuvanja .Zemja bez minato nema ni idnina.Makedonija e naj starata drzava na Balkakot , dali nekoj toa go priznava ili ne toa e negov problem. Poveketo ucheni luge vo svetot go znaat toa .
Од: od glupavo po glupavo
Датум: 11.09.2010 12:37:23
Pasko Kuzman e vo zalet. Zar i ova "cudo" ni treba? Pa zar negledate deka lugjeto po ulica umiraat od bolest i glad, zar ne gledate deka stranskite investitori od kaj nas begaat kako gjavolot od temjan? Navistina ovie gluposti nemaat kraj. Skopje 2o14, Strumica 2o14, Ohrid 2o14, Sega fali Mariovo 2o14 iDPMNE 2o14. A, ne i Pasko Kuzman 2014 p.n.e
Од: Јован АН
Датум: 11.09.2010 13:35:19
Одлично!Некогашниот змијарник се претвори во најитересното место во Охрид за сите добронамерници и туристи.
Од: јас
Датум: 11.09.2010 14:09:00
Не е градење Дедо Димо , ами КРАДЕЊЕ НА АНГРО !!! Само измислуваат разно разни проекти , во кои БОЖЕМ нешто ќе се гради и ќе се слави , божемното наше античко наследство, а во стварноста тони пари се префрлаат на тајно портокалови приватни сметки..Само една работа повеќе ме загрижува од ова крадење ?! КОЈ ПОСЛЕ ЌЕ УСПЕЕ ДА ГИ ЗАТРУПА СИТЕ ДУПКИ КОИ ЛОПАТАРОТ УСПЕА ДА ГИ ИСКОПА И ДА ФРЛИ НЕКОЈА ЛОПАТА ???????
Од: Natasha
Датум: 11.09.2010 15:23:28
Mnogu pametno razmisluva Spiridon i site drugi luge sto napravia svoi komentari, prvo rabotni mesta i dobri plati na lugeto, a potoa se ke si dojde na mesto, lugeto ke troisat, ke gradat, ke setaat i ekonomijata ke zajakne, vaka edni trpat drugi se bogatat i si gradat spomenici. Zdrava ekonomija pravi zdrava drzava a spomenicite i drugite objekti ke si dojdat sami po sebe, zdrava ekonomija, zdravo zdravstvo i obrazovanie, razvien turizam, toa e ona sto denes i treba na Makedonija.
So proekti i vizii bez podloga, ne se odi daleku, tuku uste poveke se trevozi narodot sto ne moze da vrze kraj so kraj. Kako mozat nekoi politicari da bidat tolku tvrdoglavi i ograniceni???
Pozdrav, Natasha
Од: Трпе
Датум: 11.09.2010 16:19:50
Со таква младина(власт) нема иднина.А кога ке започне градбата на палатата на пастирот.?Пред десетина години и Љубчо сакаше да гради палата на Водно но нешто му пропадна проектот.
Од: XXX
Датум: 11.09.2010 16:25:52
Koj kažuva, deka Makedonija e siromašna država - toj laže!!! Najbogata (i najstara, i najgolema i najvažna za site ostanati Sloveni, koi bez nea ne bi ni existirale, najprosvetitelna ... i koj znae ušte što).. na svet. Gledajte me, čudete se.
Од: skopjanec
Датум: 11.09.2010 16:44:11
Pasko Kuzman so dvata racni casovnika (leva i desna raka) e vo tek so vremeto. Gospode so kogo imame rabota.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.09.2010 17:41:33
Кој чита чита,а некој се прави да чита текстови,по се изгледа насловот му е доволен.Значи да објасниме,на последната седница советот на општина Охрид донел одлука поради забрзување на градежните работи земјиштето да просторот биде вратен на државата.Значи градот Охрид го подржува проектот Охрид 2014 год.Круциалното на крајот е кој тоа владее со советот.Блиц прашање за виножитните коментатори.
Од: srebre
Датум: 11.09.2010 18:40:33
totalno laicki ili prenje pari proekt........nema potreba za univerziteti kako pecurki po dozd ionaka ima nevraboteni kadri za slednite 30godini..........a pari nema za banalni spricevi a ne da zboram za bolnici,hendikepirani,siromastija bez plata i penzija.
Од: Elena
Датум: 11.09.2010 21:45:24
По веќе познатиот мегаломански проект „Скопје 2014“ и неодамна обнародениот „Струмица 2014 - Znaci vo Strumica e obnaroden, a vo Skopje megalomanski. Ama izvestuvanje.
Од: bitolcanec
Датум: 11.09.2010 22:50:54
Grujo aj svrti vamu nakaj Bitola frli nekoja lopata za nekoi kapitalen objekt, ili ne sme na agendata. da ne baras poslem glasovi od nas, oti pamtime brate zlaten.
Од: Далибор
Датум: 11.09.2010 23:11:37
Интернет изданито на весников во последно време почна да доцни. :(
Од: mimi
Датум: 11.09.2010 23:53:07
kakvi spomenici kakva istorija kakvo minato gledajte ja segasnosta narodot nema leb da jade oni se glupiraat pa do 2014 ako prodolzat vaka so kazni i da se prla proizvodstvoto pola narod ke izumre a pola ke odi na pecalba ke ostanat samo gruevski i mafija
Од: sebastian
Датум: 12.09.2010 00:22:07
овој проект ми звучи некако понормално и пологично (а богами и поевтино) ... овде барем некогаш имало дел од тие нешта, за разлика од плоштадот на скопје каде измислуваат нова култура и историја...
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 12.09.2010 04:50:54
Ovoj projekt vo Ohrid ce go kosta Makedonskiot soodvere buzet tolku milioni Eura.Veruvam i Albanskiot Nacion,ce potrazuva 30 % od sodvetniot buzetot na Makedonija za nivnite istoriski zdanija;Tecina,Kaljina, Sareni Zamii , Mostovi i Javni Banji .Mmmm ce bide veselo! Tokmu site znaeme koj bea Cirilo I Metodije [Kirce i Mende].,ama tokmu,malku se znae ,deka ;Kliment,Stefan,Gorazd ,Naum i A r.h. Tie ne bea Makedonci , tuku Moravci. [uste postoji mala ama vredna; Pravoslavna crkva vo tie moravski kraevi,sto se gordeat so nivnite ucenici;Kiril Stefan Gorast],Tie Petmina bea Moravski Ucenici na Orthodoxnite Braca -Svetite Slavjanski Apostoli. Znam, tesko e ova da se progolta,ama; Site Ve sakam,ama Vistinata povece ja Sakam! Bravo Utrinski.Ovie se ozbilni temi,ne edno Mislenie kako Vecer!Pa i samoto Ime Vecer e pocetok i znak za ;Mrak i noc!
Од: Сашо
Датум: 12.09.2010 10:31:29
Ми де допаѓа изградбата на овој комплекс! Тука ќе може да се среќаваат славистите од цел свет!Дали знаете дека во минатото чешките автори кои први објавиле научни дела од областа на славистиката старословенскиот јазик го нарекувале Старомакедонски а потоа Српско-бугарско-македонски јазик.Ова само докажува дека ние воопшто не се гржевме за националните интереси туку само како ќе ни каже некој центар!Па тоае македонски дијалект!Инаку ова е многу добар проект, исто толку добар како оној Скопје 2014 и Струмица 2014 затоа што со тоа се придонесува за развој на туризмот во РМ а РМ како земја која плива на културно наследство и убавини може буквално да живее од туризмот како нпр. Хрватска, грција итн. Би било добро кога владата би потрошила многу пари исто и за развој на етно туризмот низ Македонија и тоа таму каде другите видови туризам не се развиени и по можност во неразвиените региони како источна Македонија која 20 години неоправдано е запоставувана за сметка на северозападна Македонија!
Од: охриѓанец
Да��ум: 12.09.2010 10:57:37
Прво беше демек универзитетот ке бидит готов до 2010, ја исекоја цела шума, копаја,копаја, па снема ��ари, па стоеше така, па капна некој денар, па копнаја пак и конечно дојде денот ко премиерот фрли лопата за темелите на универзитетот. Сега ни кажаја дека ке е готов до 2014, шо ако не е готов до тогаш, шо ако се сменет некој работи до 2014, повторно да снемат пари, можда ке се сменит влада, до сега никој не плати пенали ниту кажа какви се пеналите ако се закаснит со изградба. Јас лично не вервам дека ке се завршит до 2014 гледајки какви луге се фатиле за работа, но ќе чекам да си платет пенали за секој ден каснење.
Од: nikoj
Датум: 12.09.2010 11:00:10
Samo taka da se prodolzi so gradenje i investicii.Na nekoj ocigledno ne mu se dopaga nisto vo ovaa nasa Makedonija.
Од: m.p
Датум: 12.09.2010 12:32:38
do sega vidovme samo dva vida na vladeenje.
edni gradat i nesto ostanuva za navek a drugi vladeat a ne ostavaat nisto zad sebe.
a kradat i ednite i drugite toa e jasno.
epa sega sto e podobro za narodot.
skopje 2014 ohrid 2014 ili skopje 0000 ohrid 0000
nikoj nema da ni ja zgolemi platata ako sami ne se ispotime. uste razmisluvame socijalisticki za zal.
Од: Boshko
Датум: 12.09.2010 13:24:13
Skopje 2014 Ohrid 2014 Strumica 2014 a kade e Bitola Pa Tetovo Veles Gospod da chuva i da brani luge umiraat od glad a nekoj pravi reiting.Jas ne mozam da se nachudam na ovie budalashtini.
Од: ЕЈ ЉУБОТАН ТРАДЕ НАМЕ
Датум: 12.09.2010 13:38:41
Ej Љуботане одамна те прочитав. Ти си српско школо. Како што има грчко и блгарско. И за некои работи вие три порано имавте држави и по ваше скроивте вистина. Ама Македонија ви даде јазик. Вистината ти ја дал првиот коментатор а ја имаш во Македонскиот јазол од Ханс Лотар на страна 50. Школото српско во овој случај ти е лажно. А Моравци има и во Чешка. Добро тие знаат дека е тоа старомакедонски дијалект од Солун.
Од: Prespanec
Датум: 12.09.2010 14:12:45
Dobro e koga se gradi , loso e koga se rusi, premnogu se trosi za kulturata, ne mora sve da se izgradi sega denes utre , treba da se najdi resenie za nevrabotenosta i standardot na graganite , energijata treba da se nasoci na toj pravec , morame da se dogovorime so grcive, Nato i EU ni se garancija za napredok na drzavcevo, pozdrav.
На прво место
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: [email protected]