Што прават денеска
Николче Мицевски
композитор
Утрото е традиционално, саботно - се будиме пополека и им се препуштам со лезет на семејните ритуали. Подоцна имам неколку состаноци, во врска со идните проекти, па попладне тргнувам за Битола, каде што вечер со групата „Фонтана“ имаме договорен настап.
Несрин Таир
актерка
Денеска уживам во семејната бајрамска атмосфера кај родителите во Куманово. Дојдена е и сестра ми од Турција и исполнета сум со радост на овој редок семеен собир. Сепак, се подготвувам и за утрешното гостување во Струмица, каде што на Фестивалот за камерна драма „Ристо Шишков“ ќе ја одиграме претставата „Госпоѓица Јулија“.
Благој Мицевски
костимограф и сценограф
Ова ми е последен одморски викенд пред почетокот на новата театарска сезона. Во понеделник, на 13 септември, започнува да се игра репертоарот на Битолскиот народен театар, а започнува и реализацијата на некои планови. Затоа викендов планирам да акумулирам енергија во семејна атмосфера и некоја прошетка, ако е убаво времето. |