Број 2929  петок, 06 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Фељтон
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ОН: Грција да го признае македонското малцинство

Во Извештајот се инсистира Атина да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права

ЊуЈорк - Грција треба да се откаже од оспорувањето на постоењето македонско и турско малцинство на нејзина територија и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слободата на изразување и на здружување на овие заедници.

Тоа се препорачува во Извештајот на независниот експерт за малцински прашања на Обединетите нации, Геј Мекдугал, изготвен од посетата на Грција од 8 до 16 септември 2008 година, посветена на промовирање на имплементацијата на Декларацијата за правата на човекот.

Според Мекдугал, правото на заштита на овие заедници како малцинства мора да биде почитувано во согласност со Декларацијата за малцинствата и основните меѓународни договори за човекови права. Од Грција се бара и целосно да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права, особено оние со кои на здруженијата треба да им се овозможи употреба на зборовите „македонски“ и „турски“ во нивните имиња, како и за слободно изразување на нивниот етнички идентитет.

Посебен дел од извештајот се однесува на малцинствата во регионот на Лерин. Мекдугал наведува дека грчката Влада не признава постоење на македонско етничко малцинство во тој дел на Грција, ниту постоење на македонски јазик, иако кај тамошното население се забележливи лингвистички варијации различни од грчкиот јазик.

Став на официјалната грчка политика е дека митот за македонската нација е создаден во времето на Тито поради експанзионистички причини кон грчкиот дел на Македонија. Владата не дозволува никаква употреба на македонскиот јазик и на културни активности кои се идентификуваат како македонски. Во последно време се забележува попуштање на тврдата политика што ја применуваа грчките власти кон оние што се идентификуваа како етнички Македонци, но се' уште постојат такви случаи. Луѓето во тој дел на Грција кои се идентификуваат како Македонци инсистираат да биде признаен нивниот етнички и јазичен идентитет, стои во извештајот.

Мекдугал забележува и дека во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век биле менувани негрчките имиња на градовите, селата и планините, како и семејните имиња на луѓето кои зборувале македонски. Старите семејни имиња, сепак, не се исчезнати и многу често денес, се наведува, луѓето ги користат паралелно со грчките имиња.

Претставници на македонското малцинство се жалат, стои во извештајот, дека немаат право на здружување и политичка активност, а се жалат и на дискриминаторските грчки закони кои се однесуваат на илјадниците луѓе кои ја напуштија Грција за време на Граѓанската војна и на кои им беа одземени државјанствата и имотите. Посебно се акцентира Законот од 1982 година во кој е наведено дека „право да се вратат во Грција имаат само Грците по род кои ја напуштиле земјата за време на Граѓанската војна како политички бегалци“. Овој закон не им ги дава истите права на луѓето кои се идентификуваат како етнички Македонци. Луѓето кои се изјаснуваат како Македонци не можат ниту да ги посетат своите некогашни домови во Грција.

Мекдугал во извештајот пишува и дека имала средби со луѓе кои се декларираат за Македонци и кои зборуваат македонски. Тие, генерално, искажувале страв јавно да го искажат својот идентитет, иако признаваат дека ситуацијата е подобрена, но се' уште има „мека дискриминација“.

Во извештајот на независниот експерт се наведува дека Грција признава само муслиманско религиозно малцинство во Северна Тракија, но оти таков статус не им се признава и на другите заедници во државата, бидејќи, како што се посочува, владата е убедена дека тврдењата за постоење на други малцинства се неосновани и политички мотивирани. Грција признава само дека мал број луѓе зборуваат словенски дијалект кој е сличен со јазикот што се зборува кај северниот сосед.

За време на престојот во Грција, Мекдугал посетила различни региони и разговарала со високи владини претставници и јавни службеници на национално и регионално ниво, а имала средби и со претставници на цивилното општество, религиозни лидери, академици и претставници на заедниците. Независниот експерт ги разгледува прашањата исклучиво поврзани со домашното законодавство во однос на третманот на малцинствата и групите во земјата. Нејзиното внимание е фокусирано на степенот на кој легислативата, политиката и практиката се во согласност со обврските произлезени од меѓународните човекови права, вклучувајќи ги малцинските права кои се регулирани и со билатерални спогодби и договори.

Во извештајот се нотира и дискриминацијата спрема Ромите во Грција. Независниот експерт на ОН констатира недостиг од основни услови за домување кај ромската заедница и постоење сегрегацијата на ромските деца во образованието. На владата во Атина и' се препорачува засилени напори за спроведување на акциона програма за Ромите во општините кои, подложни на локалните предрасуди, ги игнорираат. (МИА)


Статијата е прочитана 1619 пати.

Испрати коментар

Од: petko
Датум: 06.03.2009 00:46:41
Ова само уште еднаш го потврдува она кое сите го знаевме и кое нашата влада ��кажуваше, а тоа е кршењето на човековите права во Грција.Меѓутоа не верувам дека Грција ќе го смени својот став.
Од: miki maus
Датум: 06.03.2009 01:36:01
site ne priznavaat kako narod i kako drzava samo grcija i branko se da go smenime imeto i identitetot
Од: Vlado Damjanovski
Датум: 06.03.2009 02:27:10
Fantastichen report. Gospod da ja pozhivee McDougal 101. Sega pedlagam, ovoj izveshtaj da se pre-prati na Angliski do site merodavni megjunarodni, a OSOBENO Evropski organizacii (nekoi sigurno go videle, ama ne bidete sigurni vo toa, potturete im go pod nos na site bez razlika). Isto taka, predlagam da se prevede i na Grchki i da im se preprati na site politichki adresi vo Grcija, za sekoj sluchaj ako ne razbiraat Angliski ili Makedonski. Imame vnatreshni predavnici vo likot na mnogu visoki lichnosti, no Gospod gleda, i mozhebi ni praka nekoj angel kako Gay McDougal. Posle razocharuvahcki debati na mozhni pretsedali, i sramni napisi za BC, ova mene mi go razubavi denot (barem deneska) :-).
Од: Ace od Avstralija
Датум: 06.03.2009 02:58:51
E sega i ovaa Megdugal da ne e VMRO- ovka? Se ce bide vo red. Ce priznaat Makedinci i ce ja vratat Makedonija, ne poradi moe patriotsko prekuokeansko drdorenje za tamu da vi pravam steti, nego Bog saka taka, kako koga ovde velev deka kompaniskite profiteri ce izgubat loso od MPC. A bogami izubija tolku loso, kako nekoj vo fudbal da izgubi so 257: 0.
Од: spaski
Датум: 06.03.2009 04:03:57
i ova ako ne e dovolno za ovie kleti ignoranti koji ignoriraat sve zivo sto e osnovno pravo i kreiraat problemi i gi prepisuvaat na nas ne etiketiraat i seto ova golem del od evropa se provolekuva i stoji na stranata na ovie negativnosti STRAM I PODLOST na site koji se na stranata na ovie kleti maloazijski cigani.
Од: dule
Датум: 06.03.2009 05:04:03
tocno,i ke go priznae i nas isto,ama so nekoja podobra vlada a ne so licemerii kako sto e nasava
Од: Dr Stojadin B.Naumovski-Coci /Makedonski Amrikanski Sovet
Датум: 06.03.2009 05:22:51
Sega Ban Ki Moon treba da ja isprati svojata inspektorka i vo Republika Makedonija za da vidi deka i vo delovi na Republikata Makedonci so islamska veroispovest se plasat da kazat deka se Makedonci, kako i deka celi makedonski sela vo kontinuitet se etniki cisteni bez nikakvi posledici za "cistacite". Se raboti za celi sela kade se brise se sto pokazuva deka tuka ziveele ili ziveat Makedonci. Taka bese i so ulici po gradovite i t.n. Belki ako toa se napravi i vo R.MAkedonija, Albanija, Bugarija kako i da se dokumentira uredno vo OON, nema da ima precki za priem na nasata zemja vo clenstvo pod ustavnoto ime, a sosedite nema da mozat da negiraat poveke deka vsusnost tie se progonitelite, a ne zrtvite.
Од: A .T .AUSTRALIJA
Датум: 06.03.2009 05:29:38
Za grcija netreba predlozi ,i dokazuvanje deka vo denesnite okupirani makedonski delovi (odnosno egejska MAKEDONIJA) .Tova go znaat grcite deka tamu vo makedonija se govori makedonski jazik no tie go negiraat .za kimi samo so golemi kazni sto ne gi pocituvaat zakonite od site megu narodni institucii . Do koga so tie neposlusni svetski idijoti sto cel svet go lazat .Ednas da im se stavi kraj...
Од: Göran
Датум: 06.03.2009 07:59:48
Vistina e vistina. Na Makedoncite od Egejskiot del na Makedonija im posakuvam ubavi i plodni rabotni denovi, a do proteranite da si gi dobijat imotite nazad i paricno izvinuvanje za propateniot del od zivotot od Atina da si dobijat. A na ljubomornite, zavidnite i prodadenite dushi im posakuvam da ne gledaat vo lice.
Од: Solomon
Датум: 06.03.2009 09:13:14
Bidejki biblijata e edna od najznacajnite knigi vo covestvoto, nejzinata konsultacija e nuzna se cini vo nashiov spor za Imeto. Imeno koga dve majki otisle kaj Solomon za da presudi cie e bebeto koe dvete go barale za svoe, ovoj im odgovoril: Bidejki dvete tvrdite deka e vase ne mi preostanuva nisto drugo tuku so mecot da go prepolovam i da go razdelam ednakvo megu vas. Odgovorot na vistinskata majka bil molba da go postedi deteto iako bi i pripadnalo na drugata zena, dodeka odgovorot na laznata majka bila deka negovata presuda e najdobra dvete da imaat po pola dete. Solomon otkako so zakana deka ke go prepolovi deteto gi otkril vistinskite cuvstva na dvete zeni i go dal bebeto, se razbira nepovredeno na vistinskata majka onaa koja bila spremna da se otkaze od roditelstvo samo deteto da prezivee. Mnogu zbori ovaa bibliska prikaska za nashata katarza. Se nadevam nekoj odgovoren i pameten ke se zamisli nad iskazanoto
Од: Gox
Датум: 06.03.2009 09:47:25
Kojznae dali stvarno nekoj nesto moze da promeni okolu stavot na prokletite grci koi sto ne usporuvaat i osporuvaat na sekoj mozen nacin.Dobro e sto se pravat analizi i se doaga do zaklucok deka de fakto postoime i ne ima i vo Grcija i Bugarija,no nie ne mozeme da smetame na nasata mok,koja sto realno e nemok,pa ostanuva samo da se molime na Boga nekoj od "nasite" zapadnjaci da go isturka problemot do konecno resenie,sekako,poddrzano so aktuelnata vlast vo Makedonija,koja sto pokazuva otpor kon nemenuvanjeto na nasite pozicii,sto e za pozdrav.Poddrska mora da dadat site makedonski partii,barem vo sporot so juznjacite da bideme edinstveni,a ne da se samounistuvame.United Macedonia !!!
Од: od mene
Датум: 06.03.2009 10:52:59
ete... a grcija e ravnopraven clen vo evropa... a nacisti se...
Од: sime
Датум: 06.03.2009 11:08:38
Ubavo od OUN sto se interesira za malcinstvata,nie makedoncite sme gordi nna nacijata,problemot e sto EU zastana na stranata na Grcija a taja drzava saka nas da ne nema.Treeba da sme uporni i da ne podlegnime na nivnite pritisoci.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 06.03.2009 14:33:47
Zosto gi nema dezurnite plukaci na makedonskiot identitet? Mozebi se posrameni od izvestajot na MekDugal! Znaci, ON zaklucija deka vo Grcija ne ziveat nikakvi "Fyromci", nitu Grci koisto zboruvaat nekakov "slovenski dijalekt" (dijalekt od koj jazik???), tuku Makedonci, isti so onie koisto ziveat od drugata strana na granicata. Treba li pogolema slakanica za nasiot juzen sosed od ova? Sega e veke jasno oti vistinata poleka no sigurno izleguva na svetlina. Istiot zaklucok stigna od Stejt Departmentot, Sovetot na Evropa, Helsinskiot Komitet, a sega i od ON. Samo uste Branko "Dalavera", "Shvrchko", i nim slicnite ziveat vo nekakvi zabludi od koisto tesko ke se razbudat. Ne sum simpatizer na nitu edna partija vo Makedonija, no po prasanjeto na identitetot morame da bideme edinstveni, i nema mesto za otstapki.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 06.03.2009 17:42:59
Bravo !! Neka ja pritisnat malku,ne samo sto nema pravo da ne gi priznae malcinstvata koi ziveat na nejzinata teritorija ,nemaat pravo da go negiraat postoenjeto na edna nacija,na makedoncite.Pravdata e na nasa strana!!

Најди! во Утрински
Насловна
Кампањата бледа, кандидатите неуверливи
Зденко
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (5)
Филмска потера по глава на коза што пловеше по Вардар
Хилари Клинтон и „невозможната мисија“ на Блискиот Исток
Скопје и Брисел
ММФ се прашува како Владата ќе најде инвеститори
Груевски по Букефал го јавна Маршал
Обама побеле само по 44 дена на власт
Робертсон
Еден рудар загина, а друг е повреден во несреќа во Тораница
Владата конечно призна - буџетот слабо се полни
Народе, кампања!
Битолската полиција ги собра фармерите