Попримамливи се „живи“ осум милијарди долари од мртов Александар Македонски
Кога минатиот петок во мојата колумна „Колку чини грчкото ’не’“ предложив да се размисли за стратегија за големи инвестиции од 20 милијарди долари во наредните 20 години најостри беа реакциите на симпатизерите, активистите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие го нарекоа тоа сон, илузија, утопија, лудост, со аргументи дека Македонија не може толку да се задолжи, кој ќе ни даде толку пари, како ќе ги вратиме тие баснословни износи итн., итн. Кога само два дена подоцна премиерот Никола Груевски и целата македонска влада, спроти изборната кампања, ветија осум милијарди евра инвестиции за седум години или поточно над десет милијарди долари, сите вмровски структури и мегафони јавно и френетично аплаудираат. Опозицијата, но не само таа, сега тоа го нарекува утопија, лажни ветувања, лудост итн., итн.
Еве ви уште еден најочигледен доказ како партизацијата во Македонија од граѓаните направи слепи поданици. Како се станува тесто за месење кој како сака и кога сака, како се претворивме во аморфна маса од кој политиката произведува власт без контрола.
Ајде да се обидеме да видиме што е реално, а што е голема лага која понатаму, ако се' се разоткрие, ќе произведува се' нови и нови лаги. Старите Грци велат „продон псеудос“ - што во суштина значи основна голема лага, кога неа ќе ја искажете, ќе мора постојано понатаму да лажете.
Зошто премиерот Никола Груевски се симна од Букефал, коњот на Александар Македонски, кој под неразјаснети околности наеднаш престана да галопира, и го јавна коњот на Џорџ Маршал, кој сега ќе лета преку планини и долини веројатно цели седум години. Изгледа, сепак, попримамливи се „живи“ осум милијарди евра од мртов Александар Македонски од кого нема ни трага.
Стратегијата на инвестицискиот бум во економската практика и теорија е позната од 1933 година во САД како Њу дил - (new deal) што значи ново работење. Во суштина тоа е грандиозната програма за социјални и стопански реформи што ги спроведе американската влада предводена од претседателот Френклин Рузвелт 1933 година за излез од големата светска криза. Целата таа програма која е општопозната во економската наука и во историјата, како „победник“ на светската економска криза, се потпираше на големи јавни работи, на изградба на импресивна инфраструктура, патишта, железници, пристаништа, брани, централи, пловни канали, водоводи, канализации... без кои не се можни нови инвестиции, не е можен напредок на која било држава. Само петнаесетина години подоцна, повторно еден американски политичар, овој пат министер за надворешни работи, Џорџ Маршал, беше творец на американската програма за економска помош на западноевропските земји опустошени од Втората светска војна. И овој план познат во историјата и во економската наука како Машалов план, главно, се потпираше на големи јавни работи.
Потпирајќи се на тие сознанија, а имајќи ја предвид историјата на големата светска економска криза, но пред се' грчката блокада кон Македонија за поштедро користење на европските фондови, можеби единствен начин Македонија да го привлече вниманието на светските економски велесили, како што се Америка, Русија, Германија, Франција, Англија, се разбира и Кина, се дрзнав да предложам размисла македонските влади во наредните 20-30 години да побараат оправданост за голем инвестиционен циклус преку разни форми: задолжување, партнерство и заеднички вложувања, концесии, донации, за инвеститорите да отворат широк фронт за изградба на крајно лошата македонска инфраструктура која е најголем ограничувачки фактор за вложување во земјата и на странските и на домашните инвеститори.
Притоа, во мојот текст од минатиот петок ги наведов клучните ризици и предупредувањата на економистите гледано од денешен аспект. Историското искуство се потпира на долгорочен проект кој би траел две до три децении и, главно, се состои од неопходност на изградбата на македонска нуклеарна централа, како најсигурен голем извор на електрична енергија, и вбројување на Македонија во „нуклеарните“ земји, повеќе централи и брани на реката Вардар, како наш најголем и најнеискористен хидропотенцијал, станува збор за заборавениот проект „Вардарска долина“, како и гасификацијата на големите градови, доизградба на патната мрежа, осовремнување и електрификација на железниците, завршување на коридорите 8 и 10, изградба на неколку поголеми брани и педесетина мали акумулации и хидроцентрали. Солиден систем на пречистителни станици за отпадните и атмосферските води, построги стандарди за заштита на човековата животна средина. Тоа Македонија секако мора да го направи не само заради своите намери за евроатлантски интеграции туку, пред се', заради своите граѓани. За ваков грандиозен потфат е неопходна државна стратегија и општ консензус на сите македонски власти, партии, научни институции и други сегменти на целокупното општество кои би биле ангажирани на овие проекти во наредните две-три децении. Значи, тоа е работа за најмалку пет-шест македонски влади. Вакви зафати не се можни без политичка и финансиска поддршка од светската економска и политичка елита. На домашен терен, сепак, најсилниот предуслов за кој најмалку водиме сметка е, пред се', политичката стабилност и опасноста од социјални немири. Постојано забораваме дека таму каде што нема стабилност никој не инвестира.
Владата на Никола Груевски, апстрахирајќи ги сите овие предуслови и ризици во каубојски стил на предизборна кампања вети набрзина осум милијарди евра, односно 10,2 милијарди долари. И сето тоа само за седум години небаре како да станува збор за партиска програма на ВМРО-ДПМНЕ за чистење на каналите, а не за државна стратегија. Осум милијарди евра, за седум години, поточно 33 милијарди долари за наредните дваесетина години ако се' оди по пресметките и динамиката на Груевски, ја претворија оваа доктрина, овој македонски њу дил или македонски Маршалов план, како сакате, во научна фантастика, поточно во карикатура на една многу неопходна и сериозна развојна стратегија.
Не знам дали Груевски предвидува да владее уште само седум години, па на толку го скрати македонскиот „Маршалов план“, штедро ветувајќи околу 10,2 милијарди долари, но една нуклеарка во идеални услови се гради со подготовка на сопствен стручен кадар и до 20 години. Па, сега мерете. Само контурите на „Вардарската долина“ не можат да се видат без најмалку дваесет години. Исто толку време е потребно за патната и за железничката мрежа при обезбедени пари. Мора ВМРО-ДПМНЕ многу да е исплашена од изборите што вака забрзано се ветуваат партиски програми од милијарди евра. Пате��, да кажеме дека во програмата од сто чекори нема ни збор за ваков грандиозен план. Во Преродбата во сто чекори нема толкави износи. Никаде не се спомнува нуклеарна централа. Има само 13 реда на 89 страница, општи формулации за „Вардарската долина“ дека Вардар е наша најголема река и дека не е искористена.
Големата лага не е во потребата и неопходноста од вложувања. Не е спорен ни износ, се разбира, не поголем од 800 милиони евра, околу милијарда долари годишно преку буџетски извори, заеми, партнерства и донации, да се инвестираат во инфраструктурата. Тоа е можно и оправдано иако со големи жртви и откажувања за подобра иднина. Лагата е во тесната партиска агенда, во кусото и нереално време, во волунтаризмот на соопштувањето на стратегијата за нешто што е исклучиво крупно и значајно, што ги засега сите граѓани на Македонија и нешто што не може сама да го изгради ниту една партија и ниту една влада.
Гротескно е кога македонскиот правен систем и целата Влада не може да им помогне на 50 фармери да им се плати нивното млеко, кое некој го продал и зел пари, а во исто време да веруваме дека светот ќе ни даде милијарди долари на убави очи. Нема ништо полесно од лажни ветувања. Трезнењето е тешко.
Vakvi vetuvanja se golema navreda za inteligencijata i obrazovanieto (a bogami i zdraviot razum) na onie na koi im se nameneti. I pokraj toa, narodot izbra premier koj tolku go saka imeto FYROM, sto po nikoja cena ne go menuva, premier koj se slika so novi "stranski investicii", a se ograduva od niv kako od cuma koga ke se javat problemi, premier koj glumi demokratija a odi na sud protiv sekoj koj misli poinaku, premier koj zboruva za dobrososedski odnosi, istovremeno trosejki ja skoro celata energija za rasipuvanje na istite. Izolacijata na FYROM ne e geografska, tuku vremenska - dodeka EU zivee vo 21-viot vek, FYROM prezivuva vo 19-tiot.
Од: igor-bt
Датум: 06.03.2009 00:28:08
Tekst za merak....Eh Gruevski Gruevski, koj e toj megunaroden finansiski fond, banka, mokna drzava, sto ke ni dade na zaem tolku pari....koj saka na klosar da mu pozajmi pari, koga znae deka nema nikogas da mu bidat vrateni.
Од: MKD
Датум: 06.03.2009 00:31:41
Ili obratno kazano.Ako Erol (SDSM) toa go predlaga i pred edna nedela smetal deka 20 milijardi evra investicii vo infrastruktura e dobra rabota, sega posle edna nedela koga toa go najavuva Grujo e naucna fantastika i nerealno.Ete tolku novinarite se zavisni od politicarite
Од: Tale
Датум: 06.03.2009 00:34:56
E i ova so milijardite ako go progolta nekoj,togas ovaa drzava definitivno ima golem problem:
-Ili Gruevski e odlepen ili zabegal narodov.
Од: Magister na ekonomski nauki
Датум: 06.03.2009 00:41:35
Nju dil, odnosno novata politika bese vsusnost politika za resavanje na problemot so hiperprodukcijata vo SAD. Znaci postoese neramnoteza medju kolicinata na pari (mala) i kolicinata na stokite (golema). Vo uslovi na vakvite sostojbi otvoranjeto na golemi raboti vo oblasta na infrastrukturata mozese ednostavno da se napravi so pecatenje na pari! Takviot pristap vo Makedonija sega e nazamisliv, a kamoli ostvarliv! Nikoj od stranstvo ne e podgotven da investira tolkavi pari vo Makedonija! Ako nekoj ne poznava nekoi raboti treba da se vozdrzuva od naturanje na resenija koi ne drzat voda!
Од: za veterot i maglata
Датум: 06.03.2009 01:35:04
Epa sega, ne vi se pogoduva! Zarem ne svatifte deka kaj VMRO-DPMNE nema trte-mrte, kaj niv se' e grandiozno. Sakate minato? Eve vi go najslavniot, nishto pomalku, tuku, Alexandar Veliki! E, sega ne sakate minato, sakate gala idnina? Dobro. Eve vi idnina od 8 milijardi evra! I, pak ne ste zadovolni! Shto narod ke bevte? Pokraj tolku slava i bogatstvo preku trupa, vie sakate samo normalen zhivot, vo realni ramki, so odrzhliv razvoj
Од: Marsalizacija
Датум: 06.03.2009 01:36:00
Erole! Jas izraziv golema somnicavost i na ostvaruvarlivosta na tvojata vizija. Pa koj bi daval pari i investiral takvi golemi proekti vo edna izolirana zemja , so slaba ekonomija,neizgradena demokratija, mnostvo vnatresni i nadvoresni problemi, politixzirano i instrumentalizirano sudstvo i sl?.Pa svedoci sme da golem broj planirani stran. investitori se povlekuvaat ili baraat nacin da se izvlecat, a se javuvaat samo nekoi spekulanti od tipot na Svedmilk i sl."Marsaloviot plan" na Gruevski e pak cista fantazmogoricna fikcija koja nema nikakvi relacii so realnosta, plasirana vo ovie migovi so odredeni politicki celi. Vo nego ne moze da poveruva nikoj imalku zdravorazumski covek , pa ni malite deca no eve za cudo , patriotsko nastroenite i dovcerasni'"anticki" potomci mu veruvaat na svojot pastir. Utre da im rece deka zemjata ne se vrti okolu sonceto i toa ce poveruvaat, bidejci toa go rekol Grujo. Vo Srbija imase eden "vozd" koj na slicen nacin ja preporoduvas.Kako ja preporodi vidovme
Од: Европска Македонија
Датум: 06.03.2009 01:39:34
Според сите предвидувања,во 2009 Македонија најмногу ќе ја осети глобалната финаниска криза.Тоа веќе се гледа во распаѓањето на металната и текстилната индустрија,а реално е да се очекува да се почуствува и во другите сектори.За да ја пребродиме поуспешно кризата потребни се нови мерки на владата(а не нови ветувања),да штедиме таму каде што можеме да штедиме и да инвестираме во најнеопходните работи кои би ја придвижиле Мак-економијата(а тоа сигурно не се споменици).Затоа Ероле,најпрвин ни треба стратегија за краток временски период како да ја победиме финансиската криза која се повеќе не гризе а дури после можеме да правиме државни стратегии за подолг временски период од 20-30 години кои ќе се спроведуваат независно од менувањето на властите.Дадовте добри идеи кои владата ги претвори во список на желби и ветувања(а не реална програма)кои кажани пред избори звучат навредувачки за народот.
Од: mitko ne se slaga
Датум: 06.03.2009 02:02:10
Jas ne sum ljubitel na VMRO pa sepak mozam da kazam deka dali ti si predlozil prv ili VMRO-ovcite ne e bitno, idejata za zadolzuvanje e krajno idiotska. Prvo i prvo sega ne e vreme za zemanje na krediti zatoa uslovite za niv se krajno nepovolni. Bar od toj aspekt ne e loso malku da se poceka. Vtoro, koj ke vodi trosenjeto na tie pari? Jasno, ili VMRO ili SDSM, dvete gnsni parti koi dosega pokazale zacuduvacki gangsterski karakteristiki. Jas licno ne bi sakal da otplakam nesto sto tie ke trosat, a mislam deka toa ne bi go sakalo ni mnozinstvoto na narodot (bez ogled na volsebnite rejtinzi). Ednostavno i navredlivo, no vo Makedonija nema kriticna masa na kadri za takov potfat. So zadolzuvanjeto podobro da se poceka koga Makedonija ke stane clen na EU (valjda vo slednite desetina godini), zatoa sto najdobro e takvoto zadolzuvanje da se uskladuva so Evropskata Komisija koja togas ke bide NASA Nevnimatelnoto zadolzuvanje ke ja dotepa ovaa drzava kako sto gi dotepa zemjite od Varsav. Pakt.
Од: Timo
Датум: 06.03.2009 02:28:58
Mozes li ednas da ne lupetas kako maksim po divizija , za materija koja ti kako novinar ako si vo sto se semnevam ne e poznavas.Prekini ednas za sekogas da bides platenik na partija koja e predavnicka i koja za skoro vreme ke iscezne .
Од: Ace od Avstralija
Датум: 06.03.2009 02:44:03
Zarem e mozno ludje rodeni vo Makedonija i Makedonci da imaat kompleksi od Anticki Makedonci i togasnata velesila Makedonija? Dobro, denes 20 Turcii, 20 Grcii, 50 Bugarii site zaedno ne bi bile ramni na edna ( Anticka ) Makedonija od togas. Dokazano e deka sme potomci na Antickuite. Ako SDSM i nivnite simpatizeri se otkazuvaat od svoite pradedodovci, togas ce gi zamolam da odat na psihijatrisko lecenje i da ne postojat kako Partija, kako poedinci ili deka i mislat nesto dobro na Makedonija. Tebe Erole ni Gospod ne ti pomaga povece, epte si ja utnal rabotata. Go molam Utrinski da go objavi ova moe mislenje.Blagodaram odnapred.
Од: Pravnik Uni Vienna
Датум: 06.03.2009 02:55:18
Toa go pravi i Obama sega posle Roosevelt,no taa ekonomija e najslina vo svetot.Isklucivo SAD moze da go napravi,a ne drugite zemji,da ne zboruvam za makedonija.Iako site evropski zemji se mnogu zadolzeni,no ekonomijata,bezbednosta..site drugi drzavni stolbovi se stabilni,koi se garant za bilo kakvi poremetuvanja vo finansiskiot sektor!Od kade proizleguva seto ova?Tokmu od zaednickite institucii NATO i EU kako garant za site mozni problemi koi mozat da se pojavat vo edna drzava!Se cudam koga nekoi so tvrdoglavost velat,ne ni treba nato i eu?Dobro narodot veli ne sakame i tocka!No tokmu ova e genezata na problemot!Dali vie znaete deka golemite sili takov izbor ne davaat.Kaj niv postoi pravilo:ili so mila ili so sila!Toa znaci prvo diplomatija ako ne togas vooruzena borba,vnatresen moze i nadvoresen.Celta mora da se postigne:da se kaznat neposlusnite,vlasta ili narodot,ako ja podrzuva taa politika!Toa znaci traba da se opredelime so SAD ili so Rusija,nemoze da opstoime kako nezavisni!
Од: никола
Датум: 06.03.2009 05:40:05
Ероле, во првиот пасус кажуваш се` што треба да кажеш. Каков народ, таква власт. Слепци и слепци.
Од: Trpe original
Датум: 06.03.2009 07:16:39
Taka e Erole,laznite vetuvanja ne se dobri za varenje na hranata.Jas uste cekam da sefati OKTOPODOT!!!Oop eve go,cekaj malku-oop ene go,abe kaj otide li???Verba nemam apsolutno vo nikoj politicar.G-din Srdzan Kerim bese edinstvenata svetla tocka vo seta ovaa paraspurija ama i nego sakaa politickite bednici da go potcinat ama ne uspeeja.Sto ne mi se bendisuva kaj vas e sto APLA gi poddrzuvate zoltive ruzi.Portokalovive i tie galopiraat do nebesa so Bukefal ama mora da kazeme da ne bese krizava-ke donesea uste nekoja investicija.A vasive Erole-za MALKU Audi ke go donesea.Zatoa dobra hronoloshka analiza i taka da davate fakti -a ne samo za poslednive 2-3 godini.A za Privatizacijata i TAT-vo druga prilika.I vie i Vecer ne bombardirate so pristrasnost.Sramota
Од: Nikola
Датум: 06.03.2009 08:41:50
Mozno e i 8 miljardi, i 20 milijardi evra, da se investiraat, no so um, so konzistentna strategija, a ne so izolacija, so zivot vo istorijata, so edni izjavi vo javnost a sprotivni postapki vo realnost. Vo drzava vo koja Vladata krie kolku pari trosi za sebepromoviranje, vo koja Valadata turka proekti za svoite partiski firmi (fiskalni i patriotski kasi, komjuteri, Svedmilk), vo drzava raskarana so Nato i EU, vo drzava vo koja Vladata edno kazuva pred narodot a drugo kazuva na sostanocite so Nato i EU, niedna institucija nema da ima ni pomisla da ucestvuva vo bilo kakva investicija. Nisto od ocekuvaniot progres za Makedonija.
Од: zlata.petrovska
Датум: 06.03.2009 09:08:26
izolacija, izolacija, izolacija ... generatori na lagi, na veter vo magla. taka e koga nema idei, koga nema sto da se ponudi a vladata si ja raboti svojata rabota kako sto vetlia. SDSM-ovci obnovete se, dajte svezi idei, a ne da povtoruvate izolacija izolacija izolacija
Од: kliment
Датум: 06.03.2009 09:23:21
Po Bukefal, po se izgleda Grujo ke javne nekoe magare...
Од: zabegan
Датум: 06.03.2009 09:23:25
ЕРОЛ-џабе се трудеш да кажеш нешто кој те слуша????ЌЕ мора народецов да трпи уште 3-години си бараше си најде.Сега никој не муе крив.А како ќе ги преживеме ти 3год.Само господ знае.
Од: seuste kulturen
Датум: 06.03.2009 09:25:13
Rizaov e celosno vo pravo. Celiot ekonomsko finansijski setor e edna golema farsa. Ekonomijata se rakovodo od dvajca koi gi biva samo da lupaat cifri i nisto poveke. Se obezbedija sbe si za vnuci i pravnuci i im e gajle. Zalno e sto Trpe originalen ve Uporeduva so Vecer, vesnik koj vo moentov e sramota za pecateniot medium. Voobicaeno odlicna statija. Ako nekoj saka da proveri sto se slucuva so makedonskata ekonomija povelete vo Vladata, eden kup raskazuvaci i slusaci na prikazni za mali deca. Ko hipnotizirani se lazat eden so drug. Tie lagi potoa ni gi sitkaat na site za skapi pari. Slobodno veruvajte mu na Gruevski, toa e licen izbor, a koj laze veke se gleda ,ne mora vremeto da pokaze. Na zdravje Makedonijo!
Од: petar.k
Датум: 06.03.2009 09:39:35
Sekoja cest za analizite ali treba malku i da se istrazuva.Jas ke se vratam vo1991koga ne ubeduvaa deka ke bideme OAZA. Znaci ekspertskata vlada potoa BC pa Gligorov itd.pa do den denes.Pocnuvam so site onie stolbovi sto deneska gi gledame kako gordo stojat 20g. a trebase da bidat nosaci na nekoj avtopat ili pruga gledame zgradi sto propadnaa od unisteni fabriki zarem togas ne tecese Vardar pa togasnite vladi ne znaeja za hidrocentrali i za vardarskata dolina ili bea so drugo zafateni ili posle niv se rodi marsalo(t)viot plan zarem bugarija ne bese na mesto pa prugata ne mozese da se izgradi.So site provokacii sto ni se plasirani nam ni bese nalozeno da go branime nasiot identitet a nekoj ako e fleksibilen odma go kritikuvate oti nee pokrut ako e krut odma go krsite na parcinja.Ako se pocnese so planot, koj vie sega go promovirate, pred 20g. znaci pogolemiot del ke bese ostvaren ili togas BC mislese deka nikogas nema da ja napusti vlasta i ima pravo samo toj da laze.
Од: Sv.Petar
Датум: 06.03.2009 09:52:40
Ako SDSM-ovcite ne veruvaat vo moznostite na Makedonija i Makedoncite, kako moze Makedonija i Makedoncite da veruvaat vo nivnite moznosti?
Од: ekonomist
Датум: 06.03.2009 10:21:36
Erole toa se dolgorocni strategii.Sega ni se potrebni kratkorocni resenija koi brzo treba da dadat efekti a toa se:1)smaluvanje na budjets.potrosuvacka za najmalku 20% 2)odanocuvanje na uvozot 3)stabilen kurs na den. i cvrsa mon.pol.4)zabrana za porast na platite
Од: bobi
Датум: 06.03.2009 10:35:52
Zarem ke veruvate na covek ,koj vo tri godini se izlaza a denes ke ne spasuva so 8 miljardi.Covekov ne e sposoben.Ova e kako vo idol shou.Ne znae da pee a se prijavuva.Taka i nasiot premier .Ne ja znae politikata i ekonomijata a vodi drzava.Ne e kriv covekot go izlazale deka moze da vodi drzava .E pa Grujo odi i zalepimu samar na toj sto te lazel deka mozes ti da vodis drzava.
Од: prof. Gersan
Датум: 06.03.2009 10:36:49
Me voznemiruva temata za nuklearka, eden sum od malkuminata od Makedonija koi posetile nekolku nuklearki, prestojuval vo institucii koi se zanimavaat so ovaa problematika. Duri sum bil vo La Hague (Francija) kade se reprocesira istrosenoto gorivo od nuklearkite od Evropa. Na mnogu tribini sum kazal toa sto imam da kazam, najcesto me negirale bez argumenti. Koga molev barem pet-sest moi studenti da se skoluvaat vo oblasta na nuklearnata energija i zastita, ne bev udostoen so odgovor (vistina ne od ovaa vlada). Pred dva meseci na tribina zaedno so vidni francuski nuklearni fizicari povtorno zboruvav za situacijata vo ovaa oblast so konkretni predlozi. Sega im tekna za nuklearka, "jajceto stigna"... Vladata sega planira da potpise dogovor so CERN (Zeneva), a ne znae deka na moja inicijativa Univerzitetot SV. Kiril i Metodij ima potpisano dogovor za sorabotka na poleto na naukata (potpisnici rektor D. Danev i nobelovec K. Rubia). Ne sme sosema nepismeni, ama docnime...
Од: b
Датум: 06.03.2009 10:46:30
Што се нема јавнато пастирчето и што уште се нема да јавне.
Од: ljupco,bitola
Датум: 06.03.2009 11:07:54
"Se pretvorivme vo amorfna masa koja ja ostava politikata bez kontrola"velite G-ne Rizaov.Pa vie kako iskusen novinar koga toa go priznavate za sebe,togas stvarno nesto ne e vo red so naseto novinarstvo. Za sostojbite vo nasata zemja vie ste i te kako poodgovorni od nas obicnite smrtnici. So godini nanazad gledame kako se teteravite niz tranzicijata,vesto koristejki gi site nedorecenosti na sistemot. Kako lesinari ste,od tugjata maka krv cicate.
Од: libertas
Датум: 06.03.2009 11:57:01
kakvi atomski centarli kakov butur.rek bitola se gradese skoro 8 godini,a za atomska centrala trebe ogromna kolicina na voda a ostanatiot princip e ist samo razlikata e vo reaktorot.kolku vreme ce treba za cebren od kade bi se koristela vodata ?deka se raboti za iluzuionizam ili voluntarizam videte sanmo edna ulica od kontinental do sudska palata nemozat edna godina da ja rekonstruiraat akmoli odnovo da gradat!~za onie sto nedznaat ova ulica e dolga okolu 1km ne cel ia ko ovaa vlada gi najde nekade oviepari kolku ce dade za reklamiranje?
Од: blazo0870
Датум: 06.03.2009 12:17:55
aman veke samo bla bla bla . pa te slusam veke 20 godini sekogas drugite se krivi. znaeme kade pripagas .uste vie ostanavte da gi branite sdsmovcite. pa od deset mladi barem sest se za vmro.
Од: Читател
Датум: 06.03.2009 12:25:01
До Љубчо Бт. Вие сте класичен партиски војник кој е всушност аморфна маса. А кога веке цитираш цитирај како што е напишано . Не останува политиката без контрола, туку политиката произведуива власт без контрола. Се разбира, додека има мнозинство како тебе. Мислам дека не можеш ни чевлите да му ги чистиш на Ерол
Од: normalen
Датум: 06.03.2009 12:25:58
Vo ovaa drzava sakam da imam samo normalna rabota, da ziveam pristojno i skromno bea luksuziranja ! A ovie sovrsnive go preskoknuvaat ova pa eve ti son od brojka so mnogu nuli! ednas slusnav edni nivni dobri matemticari inaku verni aktivisti sega vraboteni otkako nabrzina stanaa uceni so kupeni dplomi: edna miljarda od cile podelena na dva milioni nasi ziteli e ... i.t.n.!
Од: zelezara
Датум: 06.03.2009 12:35:54
Do Ace od Avstralija.Znaci pogolemo seljaciste od tebe nemam videno.Koj si ima proplemi so identitetot toj kopa po minatoto.Jas na primer nemam problem so identitetot znam od kaj poteknuvam i znam od kaj mi se korenite za razlika kako tebe takvite ,,klonirani' potomci na Aleksandar sto se trudite da gi smenite istoriskite fakti.Seuste ne mi e jasno kako Avstralija prima vakvi kako tebe
Од: Za Blazo 0870
Датум: 06.03.2009 13:39:25
I Blazo nas mislis li deka ste popametni sega odosto koga bese obratno? idi begaj be..
Од: siljan
Датум: 06.03.2009 14:34:31
Abe pocituvan Erole, so vasite statii gi iskinuvate lugjeto
so pisuvanje i so citanje.Eto onoj Ljupco od Bitola,dobro
ke da e platen ili pak onoj Ace od Avstralija ako vistinski
postojat.Eto od mene nafrleno.Za ekonomijata mnogu
malku gi fermame Rusi,Ukrainci i se drzime kako slep
za stap so ovoj Zapad.Pa nie naseto zemjodelie da go
orjentirame kon Istok od domati i piperki ke go voskresneme naseto selo,namesto da bega vo Italija
ili bilo kade. Nie sme so slavjanski koren,ama za
Aleksandar nesto mi go mati umot deka toj ne e nas,ama ne e nitu grcki.Koga Grcite se dignale na
vostanie Aleksandat gi isklal mazite, a gradot Teba
do Atina go sramnil so zemja i zeni,deca,starci odvel
vo ropstvo.E kakov Grk bil ovoj golem Makedonec?