Брoj 2732  среда, 09 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Катерина Тодевска

ТВ-водителка

Од 2 мај годинава, будењето, а и текот на целиот ден ми го диктира ќерка ми Јана, која со своите два и кусур месеца е вистински ранобудник. Значи, вообичаено отворам очи околу 5-6 часот, штом и' се пријаде на Јана и понатаму се' и' е посветено на неа. Чекаме да поминат најголемите горештини, па приквечер да излеземе да се прошетаме.

Роберт Билбилов

музичар

Плановите за одмор на Хаваи и Јамајка годинава малку се „замрзнати“ и чекаат подобри времиња, а во меѓувреме гледам да завршам некоја работа. Во текот на денот имам редовни обврски што не можам да ги прескокнам и покрај горештината, како на пример дистрибуирање на новиот спот во медиумите. Потоа во студио и работа додека не ми се приспие.

Маја Гроздановска - Панчева

пејачка

Летово го користиме за максимално уживање во домашни услови. И денеска со децата, наизменично, ќе се сончаме во дворот и ќе се разладуваме во базенот, без некои амбициозни планови за движење низ град. Можеби штом залади, да излеземе да се прошетаме.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ