Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Писма

Вистината за т.н. македонско потекло на династијата Романови

Александар Донски, Штип

Писмото „Роднинската врска меѓу руската царска династија Романови и династијата на Александар Велики од Македонија“ од Петар Јорданоски

Не е прв пат некој да сака да се појави во јавноста преку тоа што ќе се обиде да ги „нападне“ моите трудови, иако сите такви обиди на крајот завршуваат прегазени од силата на аргументите. Последен ваков случај е извесен магистер Петар Јорданоски, кој објави писмо во „Утрински весник“ во кое се обидува да го нападне мојот истражувачки труд. Притоа, го напаѓа и Институтот за историја и археологија (ИНИСА) при УГД. Јорданоски пишува дека кога го видел овој проект на нашата веб-страница, се разочарал (!?). Јас немам намера да го тешам разочараниот Јорданоски, но заради добронамерните читатели само ќе кажам дека тој во својот памфлет се служи со дрски лаги и манипулации.

Како прво, тој не нуди ниту еден историски контрааргумент на податоците што се објавени во трудот, кој згора на тоа, не го прочитал, бидејќи во време на неговото писмо мојот труд не беше објавен на нашата веб-страница. Нејасно е како може некој што се претставува како магистер да си дозволи да критикува нешто што воопшто не го прочитал. Поради сево ова, неговиот „напад“ практично претставува приземен обид за дискредитација без аргументи. Така, на пример, тој пишува дека јас, наводно, сум тврдел дека руските ц��реви Романови се „Македонци“, т.е. дека имале „античко-македонско потекло“. Но, во мојот труд на стр. 7, сосема јасно пишува: „...Не треба ниту да се помисли дека руската царска династија Романови има античко-македонско потекло“.

Значи, јас пишувам дека руската династија Романови нема атничко-македонско потекло, а Јорданоски лаже дека сум тврдел дека „руските цареви се Македонци“. Во трудот само се наведени податоци за една (од илјадниците постојни) родословна линија, која (врз основа на релевантни историски извори што ги цитирам, а пред се', врз основа на светски познатите родословни табели „Алманахот гота“ и други) почнува од античко-македонската царска династија и низ вековното крвно мешање со стотици припадници на други инородни династии, стигнува (генерација по генерација) прво до средновековните, а потоа и до денешните европски кралски и царски семејства. (За да не ги набројуваме сиве овие многубројни генерации, како доказ, повикувам да се прочитаат овие податоци во самиот труд, кој од неодамна е објавен во целост на нашата веб-страница, каде што педантно се наведени сиве овие генерации една по една). Ако се има предвид ваквото многувековно мешање на припадници од разни народи, тоа, конечно, значи дека сосема мал и незначителен дел (да кажеме сликовито - можеби само неколку капки) од античко-македонската крв, стигнал и до европските царски семејства, меѓу кои и до руската династија Романови, а не дека Романови се „Македонци“ или дека имаат „античко-македонско потекло“ како што злонамерно импутира авторот на писмото. Јорданоски го достигнал дното во својот памфлет кога пишува дека на веб-страницата на ИНИСА имало работи што ќе предизвикаат „доза на смеење“.

Да потсетиме. На веб-страницата на ИНИСА е објавена информација за успешно одржаниот научен симпозиум за Јосиф Ковачев, на кој беа презентирани значајни трудови од животот и дејноста на овој наш истакнат педагог. Го прашувам Јорданоски: што има смешно во ова: На веб-страницата на ИНИСА е објавена и информација за учеството за успешно одржаниот научен симпозиум за Јосиф Ковачев, на кој беа презентирани значајни трудови од животот и дејноста на овој наш истакнат педагог. Или во тоа дека на ИНИСА е објавена и информација за учеството на двајца наши членови на Македонско-украинската научна конференција, која во организација на МАНУ и УГД, лани се одржа во Штип. И овде не ми е јасно што е толку смешно? Или можеби на Јорданоски му е „смешен“ податокот за одговорот на ИНИСА на прогрчкото писмо до американскиот претседател (единствено од таков вид кај нас)? Или можеби му е „смешен“ податокот за излегување на Првиот број на Годишниот гласник на ИНИСА, во кој се застапени наши познати историчари, и во кој, со посебна чест истакнувам, дека е објавен и последниот историски труд на нашиот покоен реномиран воен историчар д-р Ванче Стојчев, кој исто така беше член на ИНИСА. И тоа ли му е смешно на Петар Јорданоски?


#
Статијата е прочитана 1456 пати.

Испрати коментар

Од: Deterdjensko perenje
Датум: 14.03.2011 12:26:20
G-dine Donski ! So tvoite pisanija, pretenciozno nareceni " naucni trudovi" vnesovte takva magla i zabluda kaj neinformiranite ludje , sto navistina ce treba mnogu " detedjen" voda i trud da se iscistat stetnite posledici na seto toa " seenje " na magli. Vie zaedno so vasite istomislenici: Donev, Todor Petrov, Pasko, i sl. ste eden od osnovopoloznicite na antifikomanijata ,vo Makedonija. A bi ve prasal samo edno: Koja naucna stranska institucija ima prifateno del od vasite naucni stavovi i vo koe ceneto medjunarodno naucno spisanie imate objaveno vasi naucni trudovi?I sto vi znaci toa edna kapka krv vo dinastijata Romanovi.Pa genetskiot kod i struktura ne zavisi od kolicinata na krv. Kapka ili litar krv ja ima istata genetska strutura
Од: UDBA e uste ziva
Датум: 14.03.2011 13:28:13
I pokraj site negovi pisanija (od neoki moze se i dobri), ovoj DOnski mene mi lici na UDBA-sko dete instalirano vo denesnite strukturi so koi se manipulairaat Makedoncite. Takov oportunist mozes da najdes vo seoke maalo niz Makedonija, no tolku promocija tesko da mu bila dadena na drug. Zosto? Mnogu lici na Katin i na niv slicnite "zagrizeni"...a vsusnost volci vo jagneska koza.
Од: Смешко
Датум: 14.03.2011 13:37:36
Донски,секое твое писание е за потсмев! Ти си еден од „мозоците“ на грцизацијата (антиквизацијата) на Македонците!
Од: Вербален Командос
Датум: 14.03.2011 13:51:12
Што мисли Донски за тезата дека Мухамед е Македонец со оглед на тоа дека името му е составено од зборовите Муха(мува) и мед?
Од: Sloven
Датум: 14.03.2011 13:57:47
Ne se predavajte G.Donski!Vi ste edinsvenata svetla tocka vo Makedonija.Ako ve nema i vas,togas Makedonija paga vo potpolna temnica.Znaete koga nekoj koj ima poveke od 2 grama mozok,ke procita nesto od vasite trudovi,raspolozenieto vednas mu se poprava,odnosno slatko ke se iznasmee.
Од: cudo
Датум: 14.03.2011 14:36:01
Aleksandar kje se povampiri.Dosta so kopanje (bezpolezno) vo minatoto.Da odime napred i bez Ace golemiot. Nie sme sloveni i tocka.Dokaz za toa e pred se nasiot jazik. Dosta se vrakjama kaj Hunzite. Toa e samo zamajuvanje na javnosta od sekojdnevnite problemi i GLUPOSTI.
Од: аЛЕКСАНДАР НО НИКАКО АНТИЧКИ
Датум: 14.03.2011 14:39:38
Господине Донски,единствено што е точно, е тоа што твојот интелект е заразен од антиквизација. Ни Романови ни парароманови не се антички Македонци, а поготово ние, сегашните Македонци.Ама блага врска немаме со антиката. Сакате да речите дека, барем сме измелезени со нив, и барем во мало делче имаме од нивниот код? Глупости. Нели подоцна бевме под Византијците и тоа цели илјада години. ОД НИВ НИШТО НЕ САКАМЕ ДА ИМАМЕ? Нели потоа следат цели 500 години под турска империја. Свесен ли си колкав е тој период? И ОД НИВ НИШТО НЕ САКАМЕ ДА ИМАМЕ? Да, по твоја желба и слично на прилепените антиквизатори, ние си сме АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ? Толку сите твои тези се неумесни и без грам аргументи, што уште грам антиквизација и би станал конкурент на БАРОН МИ ХАУЗЕН.
Од: Илија
Датум: 14.03.2011 15:35:43
Вашите ставови и вашите книги имаат една единствена цел - пропаганда, и не се засноваат на никакви факти, туку на лични псевдонаучни анализи и желби. Да не употребам полоѓи зборови оти нема да ми го објават коментаров. Кога имав 15-16 години редовно купував „Македонско сонце“ и ги читав вашите „откритија“ и за жал бев воодушевен, а себеси се сметав за голем Антички Македонец. Но, со созревањето и со читањето на светска литература видов дека читањето на вашите статии било само губење време за мене, и перење на мојот детски мозок. Затоа и не ме чуди што денес има многу деца кои ги повторуваат како папагали едни и исти нешта, дури и без да знаат што кажуваат. Но, сосема сум сигурен дека кога ќе созреат ќе се каат што биле дел од нечиј проект за перење на мозоци и пропаганда. Ако воопшто имате совест треба да се засрамите од вашата дејност и од квазиисториските приказни коишто ги измислувате.
Од: Иван
Датум: 14.03.2011 15:36:42
Г-дине Донски. Никој не ве сваќа сериозно затоа што дибидус несериозен. Единствено правите штета и со тоа што се преставувате и се фалите дека сте вработен во институтот за историја со археологија при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип. Ако е точно, брука за штипскиот унивезитет, а за тебе не.
Од: Komentator
Датум: 14.03.2011 19:05:00
Eve veke dvaeesetina godini kako Kinezite caruvaat so nas siromasnite so taa nivna eftina bofol stoka ...a ne e cudo i deka po ulici ni setaat veke i nakoseni vo ocite Makedonci...e gospodine na ovoj natpis dali toa znaci deka i Kinezite imaat poteklo od Makedonci...ili obratno ...e pa tolku se rasirivme pa verojatno i vonzemjani koga ke dojdat ke bidat nasa krv...!!!.
Од: Игор
Датум: 14.03.2011 22:16:57
Господине Донски, да не беше тажно ќе беше смешно. Тажно е што воопшто некој сваќа сериозно луѓе како Вас па згора на тоа им дава и државни пари за да си играат "наука". Ако сте Вие дел од Штипскиот универзитет и некаков репер за тоа што се прави таму, тогаш би му препорачал на секој иден студент воопшто и да не помислува да се запишува на него.

Најди! во Утрински
Писма

"""