Како христијанската култура влегуваше во симбиоза со паганската култура на Словените
Во својата книга „Митските слики на јужните Словени“, Никос Чаусидис бегло нуди една интересна хипотеза: целокупното христијанизирање на овие простори можеби е само континуитет на во основа паганската култура, која е многу важен дел од нашето себеразбирање. Еве, што точно вели Чаусидис: „Христијанските светители и култови во словенскиот фолклор веќе не се регистрираат како туѓи елементи сосила накалемени врз словенската паганска основа, туку како уште една етапа од еволуцијата на изворните пагански божества и култови“.
Примери има многу: христијанскиот светител свети Вид се идентификувал со словенското врховно божество Свантевид; богот на добитокот и подземјето Велес со светителот свети Власиј (или Блажиј); громовникот Перун се стопил со пророкот Илија, а женската божица на плодноста (света Петка, поради петтиот ден од неделата, кога била славена) била изедначувана со христијанската светителка Параскева.
„Ваквата симбиоза“, вели Чаусидис, „или поточно христијанска лушпа на паганското стебло, проучувачите ја нарекуваат ‘двоверство‘, ‘анимистичко‘ или ‘космичко‘ христијанство. За разлика од автентичното, основната цел на ова христијанство, пред се', не е човековата душа и нејзиниот вечен спас, туку земните блага: плодноста на луѓето, нивите, добитокот, успехот на семејството, но, секако, и задгробниот живот на покојникот“.
Знаеме, исто така, дека од овие простори (денешна Бугарија и Македонија) потекнува богумилството, мошне снажното средновековно „хипи“ движење кое опстојало речиси илјада години, борејќи се против христијанството. Во основата на богумилството се наоѓал револтот спрема владеењето на христијанската црква која со помош на идејата на господ ги држи своите верници во покорност. Револтот во иста мера бил насочен и против државната власт, која се потпирала врз христијанската црква како на идеолошко средство за своето владеење. Богумилите биле манихејци и се држел�� до теоријата за два бога оти не можеле да разберат зошто единствениот и апсолутно праведниот христијански бог на едните им дава толку многу добра и малку зла, а на другите многу зла и малку добра. Тој проблем богумилите го решиле со концептот за два бога, дуалистичкото разбирање развиено уште во третиот век, пред христијанството да стане државна религија во Римската Империја.
Интересно е што по востанието во Македонија (1040-41) еретички секти слични на богумилите почнуваат да се шират низ целиот Балкан и низ големи делови на Европа, под разни имиња: богумили (најголеми и најснажно присуство во Босна), кудугери (грчки назив за богумилите), бабуни (така ги викале во Србија, според името на македонската планина), крстјани (во Босна), патарени (во северна Италија), катари (во Франција и во Германија) итн.
Велам, од денешен аспект богумилите и другите тогашни еретици изгледаат мошне (пост)модерно: не јаделе месо и млечни производи, ги исмевале почитувачите на светците, ги осудувале сите црковни сакраменти, не ги признавале покрстувањето и бракот. На световните владетели не им го признавале правото да донесуваат смртни казни. Црквите ги нарекувале „синагоги на сатаната“.
Исто така, мошне свежа изгледа врската помеѓу тие средновековни бунтовници со денешните бунтовнички движења, од алтерглобалистите до радикалните еколози. Анархо-примитивистот Џон Зерзан, на пример, во својата нова книга „Залез на машините“, пишува за поврзаноста на еретичките движења со првите социјални и работнички бунтови во Западна Европа. Првото масовно средновековно востание ја запалило Фландрија од 1323 до 1328 година. Селаните, понекогаш придружувани од текстилните работници, повеле војна до истребување против големопоседниците и свештенството. Паролата на востанието гласела: „Војна против богаташите и поповите“.
Во Франција, големиот бунт од 1357-58 бил наречен жакерија, според типичното селско име, Жак. Бунтот против угнетувањето ги вклучувал селските занаетчии и бил инспириран од еретичките секти од неколку земји. Една од паролите била: „Да се отарасиме од се' и да станеме газди“.
Според Зерзан, радикалниот бунтовнички бран од крајот на средниот век своја кулминација доживува во големото востание на таборите во Чешка. Тоа востание е најдолг и највоинствен пример за Слободниот дух на дело. Помеѓу дваесеттите и триесеттите години на 15 век таборитското движење функционирало како вистинско организирано општество и редовно ги победувало моќните сили кои се обидувале да го уништат. Многу важно за таборитите е што жените биле сосема рамноправни и заедно со мажите се бореле против слугувањето.
Интересна е и врската помеѓу паганството и уметноста. Во македонската книжевност, на пример, најсериозно и најдлабоко со паганската страна на македонскиот културен идентитет се занимаваа најдобрите прозаисти: Славко Јаневски и Петре М. Андреевски.
Постои, всушност, трајна врска меѓу еретиците и уметниците. Во Франција во средниот век биле прочуени голијардите, антиклерикалните талкачи, кои проселе и пееле патувајќи од град до град и многу често биле малтретирани од властите. Франсоа Вијон, еден од најголемите француски поети (кој како злосторник бил осуден на бесење!) , припаѓал кон таа „вагабундска“ традиција на своеглавите париски студенти, и оние пред него и оние по него.
Еден од тие важни современи „своеглави париски студенти“, Раул Ванегем (од прочуената Ситуационистичка интернационала од шеесеттите години на дваесеттиот век) прави интересно историско согледување кога вели дека средниот век бил исто толку христијански колку што Источниот блок бил комунистички.
Go mesas bogumilstvoto so paganstvoto.No da pocneme da ja pisuvame pravata istorija na nasiot narod. Bogumilstvoto poteknuva od pavlakijanstvoto koe vo nasata zemja bilo doneseno od Ermencite koi togas bile proterani od Mala Azija. Makedonskiot narod vo osnova prestavuva kombinacija na Slavjani i Ermenci (genetski ne kulturno). Slavjanite koi bile nezadovolni od novata vera, cija osnovna cel bila da gi potcini kon Vizantija mnogu brgu i so rasireni race ja prifakaat ovaa sekta. Vo toa vreme se javuvaat mnogu istaknati Ermenci koi se bitni za nasata istorija - Samuil so negovoto semejstvo, i negoviot glaven neprijatel Vasilij - Makedonecot koj isto taka bil Ermenec. Vo realnata istorija Kiril i Metodij bile Romejci (Grci) i tie imale misionerska zadaca da gi pokrstuvaat Slavjanite so cel tie da stanat del od Vizanstiskata imperija. Tie vo osnova imale negativna uloga. A bogomilite, cii sme nie potomci imale namera da ne dozvolat Slavjanite da stanat vizantiski robovi - pozitivna uloga.
Од: Сергеј
Датум: 21.07.2009 01:28:37
Дека христијанството може да се „накалеми“ на еден цел народ - не е вопшто спорно, бидејќи се работи за универзална религија, со вредности ценети од секој етнос, во секоја земја. Но, тврдењето на Паско Кузман и на него сличните, дека на еден народ може да му се наметне паганска религија (како што тој тврди дека словенскот пагански елемент бил наметнат на Македонците) е тоа е - тешка глупост. Секоја паганска религија „извира“ од преданијата, околината, секојдневието, па дури и од колективното несвесно на еден народ, давајќи му посебна „боја“ на секој посебен род, на секое племе. Паганската религија всушност го изразува разбирањето (претставата) на примитивниот човек кон природните и општествените појави, неговата борба со нив и потребата да ги скроти. Паганското наследство е во генот на еден народ. А бидејќи во нашите преданија и обичаи се сретнуваат многу повеќе словенско - пагански елементи отколку христијански, нема дилема за словенското потекло на Македонците. а Паско Кузнман нека
Од: Rage
Датум: 21.07.2009 02:48:55
"za bogomilskata i hristijanskata antropologija" od mitropolit Metodija /Zlatanov/ ke vi gi razjasni rabotite, a osobeno na Kolja.-www.akmpe.org -- inaku jas mislam deka kako se trgnalo narednoto pisanie ke bide pozitivisticko za Juda i satanata
��д: Paleologus
Датум: 21.07.2009 04:06:38
Типична дилетантска грешка во толкување на историјата: Припишување на современи мотиви и „трендовски“ објаснувања на собитија и ликови од далечното минато!
Јасно е, богомилите воопшто не биле симпатично „хипи движење“ на идеалистични екологисти. Напротив, темелната догма на нивното дуалистичко учење постулирало дека материјалниот свет со целата сетилна природа претставува зло бидејќи е создаден од сатаната, додека само духовните бестелесни ентитети се творба на Бога. Стариот Завет за нив (кој го опишува создавањето на материјалниот свет) е книга од сатаната (поистиветен во богмилското учење со еврејскиот ЈХВХ), па за богомлите Мојсеј и Евреите претставуваат служители на ѓаволот (значи, имаме екстремен антисемитизам), додека единствено Новиот Завет (исчистен од телесни примеси) доаѓа од „Добриот Бог“. Самото човечко тело претставува зло создадено од ѓаволот, во коешто добрата душа е заробена, па така, смислата на животот се состои во ослободување на душата од телесните окови и враќање
Од: LT
Датум: 21.07.2009 05:34:14
mitko fala za vakvaa umesna irfomacija ovaj prost narod mu trebe sto pocesto vakvija objasnuvanja
Од: kirsner
Датум: 21.07.2009 05:56:42
Eve link za bogomilstvoto:
http://en.wikipedia.org/wiki/Bogomilism
Од: pameten
Датум: 21.07.2009 06:22:47
од овие простори (денешна Бугарија и Македонија)... Deneshna Makedonija togash bila del od Bugarija i ne se narekuvala Makedonija. Makedonija se narekuvala zemjata vo okolnina na Konstantinopol. Makedonci se narekuvale heleniziranoto nejzino naselenie. Site, togash i dendenes (Umberto Eco) narekuvat Bogumilite "Bugarskata eres".
Од: Ozi
Датум: 21.07.2009 06:36:07
Se prasuvam do koga, duri i lugeto koi imaat nekoja informacija (da ne recam znaenje) od istorijata na nasite potesni i posiroki prostori, ke gi klasificiraat tie informacii so 'pozitivni' i 'negativni' konotacii. Absurd do absurd i nevozmoznost da se pomiri sekoj so svojata individualnost i soznanieto deka taa e samo del od superpozicijata na mnogubrojnosta na slicni i razlicni individualnosti koja se slucuvala i ke se slucva vo kontekst na naseto sekojdnevie na vojni, ljubov, biznis, kompeticija za vlast, mok, umetnicka prepoznaenost i da ne recam td
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 21.07.2009 07:58:51
Koljo, ovaa nedela im prezentiras na citatelite interesen zapis, iako imam zabeleski okolu tvoeto izlaganje. Mi se cini deka vo nekolku navrati istaknuvas deka hristijanstvoto vo Makedonija se nadovrzalo i nadgradilo na paganstvoto, sto e tocno; no zosto go potenciras toa? Zarem vo drugite regioni vo koi hristijanstvoto stanalo dominantno toa ne e slucaj? Zosto postojano nie se obiduvame da se opravduvame pred svetot (ili samite sebe) za nekoi istoriski tekovi koisto bile neminovni? Istoto mu go zabelezuvam na Mitko vo vrska so negoviot stav okolu negativnata uloga na solunskite braka. Zosto bi bile negativni licnosti vo makedonskata istorija ako uspeale da sozdadat azbuka so koja dominantnoto slovensko naselenie uspealo da se izbori za zacuvuvanje na svojot identitet? A sto se odnesuva do hristijaniziranjeto; toa bilo neminovno, so ili bez nivna pomos. Da ne zaboravime deka egzodusot na Bogumilite kon Bosna bil predizvikan od Normanskite krstonosci. Prostorot dozvoluva tolku! Pozdrav.
Од: Donald Duck
Датум: 21.07.2009 10:11:45
Eh odlicna polemika....Tazno e sto vo 21 vek uste se karame (a i se ubivame) vo ime na Gospod. Mitko odlicno kaza...hristijanstvoto a i pismenosta na slovenite im e nametnato od Vizantija za da mozat da se porobat i kontroliraat (Vlasta i crkvata sekogas odat raka pod raka, za zal vo MKD i den denes). Site staroslovenski bogovi se sotonizirani (pr.Perun e gjavol, so kozji noze), so cel naselenieto da go otfrli paganstvoto. Ona sto e najtragicno, hristijanstvoto iako se deklarira za monoteisticka religija toa ne e (Otec, sin i svetiot duh)...toa se troica a ne eden....plus cela armija svetci koi imaat bogovski mokji....Najdobro objasnuvanje na www.zeitgeistmovie.com - dokumentarci sto sekoj normalen vozrasen covek mora da gi vidi....se kje vi stane pojasno.....
Од: девичанецот
Датум: 21.07.2009 11:33:41
Ete, Кољка си напишал нешто, си земал паричка, ама баш ништо не кажал во тоа пишување. Дури и ги извртел тезите. Ете, таков мајствор да си...
Од: marina
Датум: 21.07.2009 11:48:03
Pa ova e tocno, i najdobrite hristijani vo Makedonija ne veruvaat vo popovite nasi, od koga jas pametam. Vidi denes sto pravi vladikata so imoti i aferi. Vo Grckata mitologija pisuva kako onie koi veruvale vo Zevs im nosele hrana na grobovite od pocinatite, a nie denes im nosime hrana za dusa, hi,hi.. Kade e Hristo nas da ne nauci, deka Helenizacija znaci Gjavolizacija. Hell znaci pekol na angliski poteknuva od paganskata kultura na starite Grci= Heleni. Videte dali vo najstarata crkva vo Ohrid na kale go ima likot na Isus vo mozaikot? Go videl nekoj? Koj e nas idol, kako Michael Jackson, go nosime na slika=ikona, a ne vo dusa. Citajte vo biblijata za patot na Sv. Pavle do Makedonija ke svatite deka nie sme Grci po vera ili Gjavolska vera, sto obozavame bog napraven od covecki race=ikoni i statui. Bogo=mili se onie koi veruvaat vo bog deka sekogas e so niv. Bogo-moli se onie koi se molat na bog koga ke im pterba pomos. Koj ti e bog? Ima vera i nevera vo sekoja religija na svet.
Од: Димитар
Датум: 21.07.2009 14:11:27
Кај да е, во скоро време ќе се појави ново богомилско движење „против богатите и поповите“.
Мислења
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: [email protected]