Овен
Благодарение на одличната соработка и поддршка, ве очекува деловен успех. Не можете да се пожалите ни на емотивниот живот, што овие дена е прилично бурен. Помалку играјте си со чувствата на саканото лице. Има и други начини да го задржите неговото внимание. Можна е појава на некои наследни болести. Но, за среќа, се од минлив карактер.
Бик
Чувствувате чудна наклонетост кон некое лице, но не ви одговара да ги потиснувате емоциите. Воздржаноста почнува да ве оптоварува до таа мера што сакате да ја разрешите љубовната енигма. Доколку се одлучите да го направите тоа, исходот ќе биде поволен. Не бидете премногу сериозни.
Близнаци
Можеби од околината очекувате нешто повеќе од реалните можности. Има толку многу прашања на кои треба да се одговори, па е неизвесно колку ќе ви тргне од рака. Се тешите, посилни сте отколку што мислите, што дури и на горчливите проблеми ќе најдете соодветно решение. Некои Близнаци овие дена ќе имаат среќа да си пронајдат партнер.
Рак
Треба да внесете повеќе оптимизам во секојдневниот живот. Доколку сакате луда и незаборавна вечер, прифатете ја поканата за забава. Емотивната енергија ви е од голема полза. Ќе биде лудо и незаборавно доколку ја тргнете настрана вашата конзервативност.
Лав
Бидејќи сте осетливи, излезот го барате во самотија. Таа ќе ви помогне да се средите и да размислите за новонастанатите проблеми. Тешкотиите од деловна природа успешно ќе ги совладате, но допрва треба да ги санирате здравствените проблеми. Со Јарец ве очекува сериозен разговор. Може малку претеравте кога сте го потцениле.
Девица
Успех на сите полиња. Работата цвета, а партнерот ве обожава. Уживајте во моментите на среќа и фатете залет за сериозните случувања. Не се сите денови среќни како денес, па искористете го максимално. Не претерувајте со храна, посебно не со слатки. Бидете внимателни при донесување заклучоци за луѓето, бидејќи ќе бидете на погрешен пат.
Терезија
Бидејќи не признавате пораз, ќе се борите да успеете во нешто. Иако се' се одвива бавно, се тешите со помислата дека успехот веќе се гледа. Ве вознемируваат емотивните проблеми или барем така го доживувате односот со партнерот. Не сакате отворено да се изјасните за нешто. Ситуацијата бара трпение и упорност.
Скорпија
Среќата ви е наклонета. Очекувајте деловен успех проследен со финансиска добивка од широки размери. Можеби тоа е причината поради која добро се чувствувате. Ни емотивниот живот не е за потценување. Во фаза сте на регенерација. Бидете реални, практични и трпеливи ако сакате да извлечете максимална корист од моменталните ситуации.
Стрелец
Со некого ќе го делите успехот. Ви годи се' што се однесува на тимската работа. Сакате да ги надминете љубовните проблеми, но партнерот ќе ве изнервира. Прашајте се за објективноста што ја носите во врската. Веројатно ве оптоварува желбата за доминација. За некои нешта ќе мора да се помирите без оглед на тоа што мислите за нив.
Јарец
Се наоѓате во состојба на среќа и задоволство. Многу Јарци овие дена се обидуваат да ја озаконат врската. Некој успева да ви ја поттикне фантазијата. Случувањата не се за потценување, бидејќи тоа не се случува често. Доколку се јават здравствени проблеми, не паничете. Ништо не е алармантно.
Водолија
Во постојано движење сте. Или тргнувате на некое патување или некој ви доаѓа на гости. Се наоѓате меѓу реалноста и фантазијата, што е добро доколку се занимавате со уметност, а лошо е за практичниот живот, а за тоа вината ќе и' ја префрлите на околината.
Риби
Изненадните настани ве прават напнати, но нема причина за тоа. Тешко се помирувате со животните пресврти без оглед дали се добри или лоши. Мора да ги коригирате вашите реакции во врска со тоа. Работата доцни, но не откажувајте се, туку бидете трпеливи и промислени. Проверете го видот. |