Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Храброст

Петар Арсовски

Власта не покажува подготвеност да се соочи со фактот дека за некои неопходни промени ќе мора да оди против јавното мислење

Дилемата за комуникацијата со јавноста, популизмот и политичкото водство сега е особено актуелна, кога секојдневно се соочуваме со нужноста од непопуларни потези. Власта во Македонија во моментот не покажува подготвеност да се соочи со фактот дека за некои неопходни промени ќе мора да оди против јавното мислење. Во тој процес таа се блокира и притоа станува заложник на сопствениот популизам.

Како што поминува времето, се' појасни се две работи: прво дека за Македонија ќе бидат неопходни храбри и непопуларни потези за влез во НАТО и во ЕУ и, второ, дека јавноста ќе се спротивстави на ваквите потези и оти дел од успешноста на секоја влада ќе биде како за тие реформи да ја придобие јавноста на своја страна. Суштината е во начинот на кој тие потези се влечат и во односот кон нужните реформи.

Како и другите земји во регионот, така и Македонија се соочува со нужноста од реструктуирање на сопственото општество по европски терк. Но, ние, за разлика од другите околни земји, тоа го правиме од немукает, со инаетење, без визија. Секој пат кога ќе се соочат со фактот дека се потребни промени, нашиве маријачи се бунат дека било тешко, оти имало локални специфики, дека европските стандарди сме требале да ги интерпретираме низ локалните традиционални вредности. Кога ги слушам веднаш ми е јасно зошто заостануваме и зошто сите земји во регионот ќе не' претркаат кон ЕУ. Само за споредба, Србија, кај која овие локални специфики се уште поизразени, монументално покажа каков однос кон таквите промени треба да се има и затоа таа е сега наградена со експресна пристапна динамика.

На пример, ако го споредиме односот на Македонија кон проблемот со името и односот на Србија кон проблемот со сецесијата на Косово, веднаш станува очигледно дека играме во сосема друга лига. Прво по прашањето на стратегија и визија: додека нашиве маријачи го поттикнуваат националниот атавизам и се однесуваат со проблемот како тој да е прашање за домашно поткусурување, Србија успеа да ги надмине локалните интереси и да се произнесе за една храбра европска визија, најмногу изразена преку декларацијата во ОН, без притоа да се откаже од националните интереси. Потоа, околу прашањето на домашната јавност, разликите се, исто така, очигледни: нашиве маријачи сакаат да го трујат сопствениот електорат со митови и бајки за епскиот македонски национализам. За разлика од нас, српското сценарио е сосема поразлично: во еден рационален дискурс, свесни за својата позиција и нужниот компромис меѓу националното чувство и иднината на државата, тамошните власти во една координирана реторика, без траор и патетика, успеаја да ја придобијат јавноста на своја страна. Стратегијата е јасна: кога веќе мораат да попуштат за некој свој национален интерес, умните влади го прават тоа така што ќе ги максимизираат погодностите, значи побрзо и со повисока цена за меѓународната заедница, а со пониска цена во домашната јавност.

Нашиве маријачи ќе добијат двојно голо: додека сфатат дека компромис за името е неопходен, погодностите веќе ќе бидат намалени, односно нема да добијат некоја сериозна концесија од меѓународната заедница, а кај домашната јавност ќе платат висока цена поради претходно предимензионираните очекувања и инуендата дека можеме да го зачуваме и името и да пристапиме во НАТО и во ЕУ.

Дополнително, можеме да го споредиме односот кон слободата на сексуална ориентација: Србија, која традиционално важи за хомофобична средина, собра сили, наспроти јавното мислење, да ги стави принципите на правната држава пред брзите политички поени. Од друга страна, пак, нашиве маријачи играат пасивно-агресивна игра со Законот за антидискриминација, па од него ги исклучуваат оние со различна сексуална ориентација. Разликите не се очигледни само во потезите, туку и во начинот на кој тие се прават. Србите, иако прават непопуларен потег, го прават стоички, со јасен став и аргументи, со крената глава. Нашиве кукумјавки ги влечат потезите полутајно, без никогаш да понудат јасно објаснување и секогаш тоа го прават со поднаведната глава.

Зарем мислите дека на анкетите во Србија граѓаните ја поддржуваат геј-парадата, или сецесијата на Косово, или дека таму нема опоненти на тековната политика? Напротив, и таму, како и тука, најголем дел од граѓаните се против нужните болни потези, кои наспроти традиционалните воведуваат европски вредности во општеството. Успехот на владата во Србија е во тоа што успешно го разликува она што на државата и' е потребно од она што народот го сака и што има храброст да го спроведе тоа и притоа способност да ја придобие јавноста на своја страна. Нашиве маријачи немаат ниту едно од овие три неопходни состојки: не знаат да разликуваат меѓу политичко водство и трка за популизам и поени, немаат храброст да направат каков било исчекор, а јавноста не само што не ја придобиваат, напротив, ја инфузираат со атавистички пораки за да ја држат опиена.

Затоа, ако ги споредиме овие две политички елити, очигледно е дека играме во две различни лиги: во Србија натпреварот изгледа како Ливерпул против Манчестер, а кај нас како две маалски клупчиња на излижана трева, во кал, со дрпање, дерење по судијата и плукање по публиката.

(Авторот е магистер по политичка комуникологија)


#
Статијата е прочитана 1200 пати.

Испрати коментар

Од: aerodrom
Датум: 14.10.2010 12:08:43
Bravo decko. Sega ce ti sledat kritiki od pravovercite no voopsto da ne im obrnuvas vnimanie. Prodolzi i ponatamu so odlicnite kolumni
Од: ?!
Датум: 14.10.2010 13:36:33
Анализата издржана,објективна.Но?!Има една друга страна на проблемот.Не е лошо да се има неодстапување од некои барања.Зошто врз основа на добиената повратна информација ЕУ и било кога структура која собира во себе,не би извршилка ревидирање на дел од своите критериуми,па и правила на игра ако сакате.Учителот на многу наврати има што да научи од ученикот.Добар учител не е оној кој поставува нерешливи проблеми.Особено,кога станува збор за односот кон слободата на сексуална ориентација.Еден мал сегмент да се наметне како примарен критериум е нешто нелогично.Замислете до која крајност.А,кога би се размислувало за десекуларизацијата како феномен?!Или како критериум?!Во кој од овие два случаи е и квалитативно и квантитативно обезправен светот.Каде се овде нивоата според некоја си таксономија.Кој ни дал на увид аналитичка,холистичка или друга листа,за исполнување критериуми.Да,бодираме сме,ама со стандардизирани тестови,а знаеме колку светот е нестандардизиран по секаква основа.
Од: Jovan
Датум: 14.10.2010 14:31:09
Владата е "слуга" на народот односно на оние кои ја избираат. Така да таа нема право да носи одлуки против волјата на избирачите. За да бидеме на јасно за што е мнозинството на граѓаните на Македонија мора да има избори на кои решението за името ке биде единствено изборно прашање. Зошто опозицијата не понуди решение за влез во НАТО и ЕУ и така да добие подршка од граѓаните со која ке издејствува предвремени избори. Тоа е другар Перо демократскиот пат се друго е апсолутизам и диктатура на малцинството врз мнозинството. Работи против кои вие како демократ би требело да сте против.
Од: димитар
Датум: 14.10.2010 15:16:49
ај еден коментар од "правоверец", каква реформа е промена на името?!?!!!!??????
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.10.2010 19:08:48
Никако неможе да се свати да никој ама баш никој не добил мандат или има во својата програма зацртано да менува име на државата без да го праша народот.И тука нема потреба од храброст и куражење за да се задоволи соседот.Инаку 100 пати сум прашал зошто соседот нема вакви кој куражат таму,зошто сите се едногласни.Зарем тоа нее доволен сигнал да се престане со одработување туѓи агенди.
Од: nacional-patriot
Датум: 14.10.2010 19:14:28
Avtorot na ovoj tekst pravi greska pravejki sporedba pomegju makedonskata i srpskata vlada.Vladata vo Srbija e levo orientirana,a makedonskata vlada e desnoorientirana.Levicarite vo Srbija se meki i povekje fleksibilni kako i povekjeto levicarski partii vo svetot,a desnicarskite potvrdi vo stavovite.Vo Makedonija,narodot sekogas ke bide protiv dodavka na imeto na drzavata i zatoa vo idnina ke pobeduva desnicata vo Makedonija.Desnica koja e protiv kompromis so Atina i sekogas ke bide protiv kompromis.Zatoa nikogas nema da ima dogovor so Atina.
Од: cane
Датум: 15.10.2010 00:00:19
Vie ste retki, gospodine Arsovski, vo otvoreno prezentiranje na bolnata vistina. Toa e hrabrost!

Најди! во Утрински
Мислења






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia