Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Катерина Илиевска

актерка

Првиот дел од денот ми е порелаксиран и без некои големи планови. Но, во 18 часот веќе треба да бидам во Театар за деца и младинци, каде што на репертоарот ја играме претставата „Бескрајни соништа“. По претставата, имам еден кастинг за филм и денот го завршувам на „Виноскоп“, еден од најинтересните настани во градот, каде што се прославува виното.

Искра Трпева-Арсовска

пејачка

Денеска имам особено турбулентен ден, набиен со обврски. На прво место, се разбира, се обврските на работното место, па трчам на фотографирање за пасош... Е потоа ме очекува поголема работа за друго фотографирање. Значи, продолжувам на подготовки за фотосесија за еден магазин, со што и ми завршува денот.

Елена Стојановска

водителка на Телма и Сити радио

Редовен гостин сум на Фестивалот на новиот германски филм, што го започна своето овогодишно издание вчера во киното „Фросина“ во Скопје. Оваа година има навистина богата програма и интересни филмови кои би сакала да ги погледнам. „Их либе филм“, во духот на овој фестивал, или на нашки - навистина го сакам филмот!


#
Најди! во Утрински






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia