Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Перихан Туна

актерка

Во овој период немам обврски во театарот, па го користам да му помогнам на сопругот во неговата работа на изработка на карикатури. Слободното време го користам за подготовка на улогата за една хумористична серија во Турција, што ќе почне да се снима кон крајот на годинава, па често ќе бидам на релација Скопје - Истанбул.

Кирил Рибарски

тромбонист

По успешното издание на „Интерфест“ и по настапот на квинтетот тромбони, на 12 октомври, на затворањето на фестивалот, сега ги „полнам батериите“. Всушност, денес имам предавања за моите студенти на ФМУ во Штип, па денот ќе ми мине на релација Скопје - Штип - Скопје и работа со студентите.

Розе Трајчевска

модна дизајнерка

Преокупирана сум со подготовката на еден личен проект т.е. со изработка на моја модна линија. Сега сум во фаза на организациски подготовки и преговори, додека креативниот дел одамна е замислен во мојата глава, а нешто и на цртеж. Остатокот од денот е за вообичаените семејни обврски.


#
Најди! во Утрински






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU