Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Политичари со змија в џеб

Снежана Калабакова

Годинава привршува, се сумираат резултати, а политичарите вообичаено се растрчуваат по детските домови да поделат новогодишни пакетчиња. Така беше и минатата недела, кога премиерот, неколкумина министри, заменици и државни секретари беа во посета на установите кои се под ингеренциите на Министерството за труд и социјална политика, а на децата им подарија запленети и отстапени текстилни производи од Царината.

Јакни, тренерки, блузички и панталончиња добија штитениците во Домот „11 Октомври“ од Скопје, Јавната установа за згрижување и воспитување и образование на деца „Ранка Милановиќ“, Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле. На нови парчиња зимска облека се израдуваа и штитениците на Центарот за социјални работи на град Скопје, Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“, Прифатниот центар за баратели на азил во скопско Визбегово, Специјалниот завод во Демир Капија, Домот за доенчиња во Битола и Заводот за заштита на деца и младинци „Бања Банско“.

Премиерот Никола Груевски тогаш рече дека во Владата констатирале дека е добро запленетите производи да ги дадат во хуманитарни цели. Но, до кога политичарите ќе ја искажуваат својата хуманост подарувајќи само новогодишни пакетчиња купени со туѓи пари. Ќе издвојат малку од своето време и без да си брцнат во сопствениот џеб, накитени со туѓи пердуви, ќе се истопорат за сликање како донатори и добротвори. Дежави слика што се повторува со години наназад. Но, и лицемерно пред малите и мошне чувствителни суштества - децата. Тие не знаат да проценат, но затоа на возрасните веќе им е доста од предновогодишната пародија на политичарите на кои непресушна им е потребата да се сликаат „само за добри дела“, па дури и кога навистина не ги направиле. Добри дела не се прават со туѓи пар��. Добрите дела се препознаваат кога се подарува нешто свое на друг или се дели со другиот. Како треба да се биде вистински хуман на своите колеги им покажа вицепремиерот Зоран Ставрески, кога минатата година го отвори својот дом за едно од децата од Домот „11 Октомври“ и неговото семејство му го подари целото свое внимание и љубов. А тоа на овие деца им треба најмногу. Редок, но осамен пример што треба да го следат останатите. Политичарите треба да сфатат дека гестот што досега го правеа само за Нова година ги прави само „политичари со змија в џеб“.

Предновогодишните денови не се единственото време кога политичките фактори можат да се докажуваат на полето на хуманоста. На располагање имаат цел мандат од четири години, а можат да бидат хумани и надвор од тоа. Ним им останува да размислат за идеите и можностите кои ги имаат и што да им подарат на децата. А ним најмногу им се потребни внимание и љубов, кое иако не се надомест за родителските, сепак, може да ги усреќат. И тие како и сите деца сакаат роденденски прослави со семејство и торта, семеен ручек во недела или во некој делничен ден. Сето ова може да им ги разубави детските денови и барем за миг да им ги оттргне мислите од нивните вообичаени грижи. А такви денови може да имаат повеќе во годината, а не само еден.

Затоа политичарите мора да размислат и да видат каде треба, а каде не треба да се појават, кога се прави агендата за нивните предновогодишни активности. Не им е место ниту на големите спортски манифестации, како оваа последнава „Спортски оскар“, на која премиерот беше главна ѕвезда, а не спортистите. Тоа по инерција на дел од граѓаните им дава за право да сметаат дека штом се појавува политичар, манифестацијата добива политичка димензија. А тоа не му оди во прилог на спортот и на спортските манифестации, кои мора да останат чисти, без трошка политика во нив.


Статијата е прочитана 1323 пати.

Испрати коментар

Од: Iko Kavadarci
Датум: 23.12.2008 08:51:40
Ajde-e-e, sega pak kritika zosto im se podelile podaroci na decinjata. Ova vece pocnuva da potsetuva na poznatata italijanska parola: "Ua vlada - pak vrne"!! Imase kritiki zosto Gruevski ne dosol na Rakometnoto prvenstvo, a sega pak kritiki zosto dosol na Sportskiot oskar. Nisto ne vi se pogoduva!!!
Од: petar
Датум: 23.12.2008 10:07:37
Ima komentar so i bez pricina:Ako odi se po protokol ke nema greska i komentarite ke bidat samo za pofalbi.Gospoda? lesno e da mu dadete na deteto edno koletce i toa ke ve pamti. Sto nie da mu dademe za da ne pamtat ne zboruvam dali e od narodot ili od nivni dzep tie ne im se roditeli nie sme sekoj bozji den so niv nie treba da im kazeme koi ste zosto postoite treba nas da ne izraduvate da deteto go ceka roditelot da mu dones nesto koga si idi od rabota.Zar nee manipuliranje so decata da im se pokaze na nivnite roditeli kolku se grizat politicarite za nivnite deca. Napravete presmetka kolku pari im se odzemeni na tie deca sto nivnite roditeli cmaat vo neadekvtni uslovi za zivot i otisle vo drugi drzavi da zarabotat da gi platat obvrskite vo drzavata kade decata ili barem del ziveat mizerno kade se obvrskite na roditelite da bidat pokraj decata ili vie ke ne zamenite so edno paketce za nova godina posle toj den sto treba da ocekuva edno dete pak da dojde NOVA GODINA
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 23.12.2008 12:30:03
I supermen da go stavime premier,pak nema da pogodi na poedinci,a kamoli Gruevski.....sto drugo da se kaze na vakvi komentari:))
Од: srebre
Датум: 23.12.2008 14:02:29
ova neli pokazuva deka grujo nee kradec,znaete kradcite i ukradenoto go stavat vo dzeb ne go davat na nikomu.......

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал