Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Мислења

Мислења

Дoцна им текнува

Слободан Најдовски

За многу важни прашања ВМРО-ДПМНЕ во почетокот зазема цврст став, а кога носи решенија, излегува обратно

Поради техниката на печатење на весникот текстов го пишувам во недела и се прашувам дали некој воопшто во среда ќе чита било што друго освен за случувањата во Брисел поврзани со нашиот иден статус во Европската унија. Денес (во недела) кај мене, како вечен оптимист, се' уште постои нишка надеж за позитивна насока на нашите евроинтеграции, иако Владата не остава место за оптимизам. За жал, ден пред почетокот на Самитот на ЕУ ние, граѓаните, што не сме ја прочитале страница 146 од програмата на ВМРО-ДПМНЕ не го знаеме ставот на Владата. Информациите што ги добиваме се од некои неофицијални брифинзи или од странски медиуми. Како што рече еден мој партиски колега, ставот на Груевски и на Владата го знае Баросо, го знаат грчките власти и други претставници на меѓународни организации, само не го знае македонската јавност. Некои мои пријатели, обични членови на владејачката партија, ме убедуваат дека ставот на Владата е јасен, а тоа е дека нема никаква промена на името. Би бил среќен да е тоа ставот на Владата, но не сум убеден до крај во тоа.

Поаѓајќи од недостигот на официјални информации, а имајќи го предвид искуството од минатото, некоја јанѕа ме јаде дека овие нашиве од власта ќе ја промашат работата со името. Не дека не ја сакаат татковината, ниту, пак, дека не се патриоти, туку постапките од порано упатуваат на такво размислување. По многу важни прашања ВМРО-ДПМНЕ на почетокот зазема цврст став, а кога носи решенија излегува обратно. Ќе наведам неколку.

Во 1997 година дел од сегашниве првенци на ВМРО-ДПМНЕ ги предводеа штрајковите против образованието на албански јазик во Педагошката академија. Иако не се согласував со нив, сепак, мислев дека тогашните младинци така размислуваат и како пратеник со внимание го ислушав говорот на Филип Петровски во Собранието на РМ. Арно ама, во 2001 година дел од тие младинци го поддржаа формирањето на Штуловиот универзитет. По две-три години нас не' критикуваа за отворањето на Тетовскиот универзитет, а сега во име на Владата на студентите им се обраќаат на албански јазик. Сето тоа е добро, но само што доцна сфатија дека образованието на етничките Албанци е важен предуслов за нивна интеграција во општеството.

Вториот случај што ме наведува да мислам дека повторно ќе погрешат е првата седница на парламентарниот состав на Собранието во 2002 година. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги ставаа слушалките за превод кога ��ратениците од албанската заедница зборуваа на албански. Со тоа сакаа да покажат дека не се согласуваат да се зборува на друг јазик во Собранието, иако токму нивното парламентарно мнозинство го донесе Деловникот со кој се дозволи да се зборува на албански јазик од парламентарната говорница. Повторно држеа до принцип, но од минатата година истите тие дозволија и комисиите да се водат на албански јазик. Тоа не е ништо друго освен вовед во двојазичност и повторно цврст став против говорењето на албански во парламентот, па отидоа во друга крајност, според мене, противуставна.

Спомнувањето на неколкуте примери е единствено во насока да укажам дека умешноста на политичарите е навреме да ги согледаат проблемите и да ги решат за да ги отстранат или ги сведат на најмала мера штетните последици по својата држава. Токму затоа ме јаде јанѕа за името. Во досегашната практика, во клучните моменти, сегашнава владејачка партија покажа дека не реагира навреме. Прво го издигнува високо прагот на црвената линија, а потоа носи решенија далеку под тој праг. Веднаш се потсетувам на противењето на ВМРО-ДПМНЕ на предлозите за меѓународна употреба на името од страна на посредникот Нимиц во 2005 година, кога беа во опозиција. Тоа беше досега најдобриот предлог за меѓународна употреба и опфат на името, а ВМРО-ДПМНЕ беше енергично против. Или уште посвежо е сеќавањето на создадената мешаница во однос на предлогот Република Македонија-Скопје. Се сеќаваме колку упорно се бореа против двојната формула, а сега ја застапуваат само во видоизменета форма, понеповолна за Македонија. Затоа сметам дека за Македонија, барем во овој момент, не е поволна варијантата за точно одредена временска рамка со утврден датум за почеток на преговорите до кој треба да се реши спорот со Грција. Се плашам дека, притисната, оваа Влада многу ќе ја спушти црвената линија за одбрана на името, а одговорноста ќе ја префрли на народот со квазиреферендум или предвремени парламентарни избори.

Во еден од моите претходни текстови пишував дека визната либерализација е позитивна работа, дека се радувам поради неа, но во никој случај таа не смее да биде замена за датум за почнување преговори за членство во ЕУ. Сепак, ни се случува токму тоа. На телевизиите веќе се врти рекламата на Владата за успешната проевропска политика, иако се знае дека без датум за преговори тоа не значи посебен напредок во интеграциите во ЕУ. Затоа деновиве да не ве изненади кога претставниците на Владата, за да го свртат вниманието од главниот проблем, ќе почнат да зборуваат за се' друго, освен за натамошните постапки во процесот на приближување кон ЕУ. Во таа насока треба да се гледа и на предлогот за бањски одмор за пензионерите или за градењето станови за припадниците на АРМ во октомври 2010 година. Сето тоа е в ред, но не смее да се избегне решавањето на главниот проблем.

Токму во насока на одвлекување на вниманието е и најавената прослава за добивањето безвизен режим. Иако во Владата молчат, во медиумите наголемо е најавено да се подготвуваме за голема општонародна веселба на18 декември, со Здравко Чолиќ, во организација на Владата. Како тинејџер ја слушав неговата музика, а моите соученички лудуваа по него. Само можам да претпоставам што ќе зборуваше ВМРО-ДПМНЕ ако беше опозиција, а сегашната опозиција за ваква прослава го донесеше Чолиќ. Се сеќавате ли кога на пресови ги броеја кафулињата во кои се слуша српска музика. Или можеби Чола ќе пее само македонски песни?

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1569 пати.

Испрати коментар

Од: Prof. na praven fakultet
Датум: 09.12.2009 00:41:07
Vremenata spogodba e instrument na (Grckiot)psihocid!! Taa treba da se raskine (moze i samo delumno raskinuvanje, vo odredbite za pregovorite), za da trgneme vo Plan B: sudska razvrska za referencata pred Megunarodniot sud vo Hag.
Од: nacional-patriot
Датум: 09.12.2009 03:43:09
Zakonot donesen lani za jazicite go proglasi samo makedonskiot jazik sluzben na celata teritorija vo Makedonija.Isto taka vo vladata mora da se zboruva samo makedonski,pa zatoa neka ne se plasi Najdovski,nema dvojazicnost.Neka ne se plasi i za imeto,nikogas nema da se smeni.Nitu vlasta,nitu narodot ne prifakaat i nema da dozvolat nikakva dodavka na imeto.Samo zosto ti Najdovski glumis zagrizenost za imeto,koga dosega bese za promena?Ako navistina si ti za zacuvuvanje na imeto,vo sto se somnevam,togas napustija ja predavnickata LDP.
Од: igri bez granici
Датум: 09.12.2009 08:20:02
Mislam deka imeto e veke smeneto, a Gruevski za ovie 6 meseci samo ke ja igra igrata na patriot i predavnik za da si go kreva rejtingot za potoa da proglasi vonredni Parlamentarni izbori na koj ocekuva da pobedi, pa ODMA potoa i ke ja objavi primenata na imeto koja vsusnost e tajno dogovorena i potpisana zaedno so Papandreu i EU. Mislam deka bas poradi toa i ni e "dadena" taa vtora sansa za demek 6 meseci. Do togas Grujo na sekoj nacin ke gleda da si go odraboti sveto "patriotsko" predavstvo za na kraj da ispadne duri i "spasitel". Cvrsto veruvam vo dogovor sklucen pomegu Gruevski Papandreu i Baroso zosto SAMO na toj nacin Gruevski moze da go smeni imeto i da ostane "cist". Odlaganjeto na 6 meseci mi dava za pravo da veruvam vo takvi scenarija, inaku ZOSTO EU bi ni dala uste edna sansa ako Gruevski na Baroso mu ostavil vpecatok na BEZNADEZEN SLUCAJ. Site onie sredbi so Papandreu mi licea bas na edna takva filmska predstava pogotovo onie nepostoecki maksimalisticki baranja na Papandreu.
Од: до национал-патриот
Датум: 09.12.2009 08:39:35
Златен, а да те прашам, кој тоа отиде у Букурешт со сменето име, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-СКОПЈЕ? Ми се чини дека Грујо беше..или не беше..прашање е сега?
Од: patriot
Датум: 09.12.2009 09:54:03
uste samo nacional patriotot si zivee seuste vo svoite iluzii, za sreka i toj samiot se pomalku si veruva za toa sto go pisuva...
Од: saqso Germanija
Датум: 09.12.2009 10:28:11
Kriele demek imeto bilo smeneto velat ovie od SDSM.E ako ovie krijat zosto togas krijat i Grcite ako e svrsena rabotata vo nivna korist? Tuka nekoj laze. Poslednite izjavi na Ivanov i Gruevski se kategoricki i ako im pisne tolku cekat drugite odmah da potpisat smrt na Makedonija.Utrinski treba da bide svetilnik za vistinata.MTV e dolzna kon RM a ne kon neranimajkoto Boskoski.
Од: perko
Датум: 09.12.2009 11:25:54
ako mislime da bideme polnopravna clenka na ovaa evropska unija,treba da se sedne i da se izmisli nesto,i da se najde care,a ako ne togas da gi batalime veke ednas za sekogas.jas imam predlog i za dvete opcii;za prvata:drzavata da se vika severna makedonija a narodot slavomakedonci.so ova mislam deka se se resava, i ako sekoj makedonec podobro razmisli mislam deka ova e receptot za vlez u EUpri sto niti nie ke izgubime del od nasiot nacionalen son a nitu pa na grcite nekoj ke im ja pipne antikata,za koja sto i onaka imaat vospostaveno monopol(priznaen od cel svet).vtora opcija;sojuz so turcija,i ekonomski i voen i politicki!tie ni se definitivno iskreni i edinstveni mokni prijateli so slicni problemi kao nasite,da ne recam so isti neprijateli,i so slicni apsurdni blokadi od EU.TRET PAT NA ZALOST NEMAME,i morame sto pobrzo da go napravime izborot,zasto;gavolot nitu ora nitu kopa
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 11:51:32
Во интерес на баланс а не на одбрана на поморанџестите од вашите опсервации (со дел се сложувам)таксативно ќе набројам неколку помодрени бисери визави ипроблемот со соседот.Прво имавме,,нема маж за промени,,второ имаме мажи за РМ(Скопје)во ликот на преседателот и премиерот во Букурешт,потоа гумарабика однос да не ги лутиме соседите,па сега дајте кураж не очајувајте нели сте власт.Потоа што по 7-ми декември елаборирано по помодрените трибини да власта демисионира на ,,убав,,уличен манир и да кога ќе ја освојат власта без избори ќе го решат проблемот со соседот,се знае како,гума рбетДали сега ви текнува каква е алтернативата на оваа власт.
Од: АЛЕКСАНДАР
Датум: 09.12.2009 14:04:19
Коментарот на игри без граници е потполно реален. Истиот има тежина бидејки е скрос природен,а не вештачки како овие на власта. Ако останаа храбри политичари кај нас, вистинскиот предлог е тој= СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО СЛОВЕНСКИ НАРОД И ЈАЗИК. Знам дека на мноооогу патриоти овај предлог не му се свиѓа,но верувајте, истиот е НАЈРЕАЛЕН.

Најди! во Утрински
Мислења
Потешкиот е вистинскиот пат