Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Кампањата за инвестирање во Македонија дојде во невреме во Франција

Саркози бара да се вратат француските инвестиции во земјата, а не да се селат надвор

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски


Нанси - Од првата рекламна кампањата „Инвестирајте во Македонија“, објавена во францускиот печат, поминаа две години. На времето, македонската кампања им послужи како алиби на противниците на проширувањето на Европската унија за време на претседателската предизборна кампања во 2007. Некои од кандидатите за претседател ја искористија кампањата на Македонија како пример за „нелојалната конкуренција“, која доаѓа од земјите од Источна Европа.

Две години подоцна, Македонија ја повторува истата работа. Во парискиот дневен весник „Фигаро“ е објавен оглас со кој се повикуваат француските претпријатија, кои сакаат да ги намалат трошоците, да инвестираат во Македонија. Рекламата на која покрај текстот за погодните услови за инвестирање во Македонија, се појавува и рака со ножици, за да се илустрира подобро намалувањето на трошоците, веднаш се најде под удар на критики на француските Интернет-форуми.

Една од најпосетените веб-страници „Арет сур леимаж“, специјализирана за коментирање на медиумите, рекламната кампања на Македонија ја објаснува како „директен повик до француските претпријатија да делокализираат во една европска земја каде што платите се разумни!“.

Пред две години, македонските претпријатија беа споредувани со полскиот водоводџија. „Но, со „македонското претпријатие се оди уште подалеку: данок од 10%, забрзана регистрација на претпријатијата и тоа што најмногу го лути компетитивната работна рака за само 370 евра месечна бруто-плата (сега таа е 400 евра). Ново социјално елдорадо!“, нагласи тогаш парискиот адвокат Родолф Бослу на брановите на најслушаното француско радио РТЛ.

Во новата македонска реклама, покрај другите погодни услови за инвестирање, се фали дека бруто-платите во Македонија се само 400 евра, а во Франција луѓето со најниски примања штрајкуваа повеќе од еден месец за да изнудат зголемување на платите за 200 евра!

Очигледно е дека намерата да се привлечат странски инвестиции е добронамерна, за тоа се залагаат сите влади и земји во светот. Но, тука се поставува прашањето дали иницијаторот на рекламната кампања бил информиран дали да се испрати повик во ова време за делокализација во една земја. Рекламата беше објавена речиси истовремено со најавата дека Франција влегува во длабока рецесија и дека се очекува да бидат изгубени 300.000 работни места како резултат на кризата, по новите рекордни 90.000 нови невработени само во јануари. Претседателот Никола Саркози, пред неколку дена, беше јасен: помошта што ќе ја добијат француските претпријатија од државата за излез од кризата ја услови со прекин на делокализацијата. И по цена да се скара со своите европски партнери. Против се и сите политички партии во Франција.

Повеќе од една година македонската Влада работи на подобрување на имиџот на нашата земја во Франција. Зачестените патувања на вицепремиерот Ивица Боцевски во Париз и неговите средби со министрите на француската влада оставија впечаток дека се одмрзнува француската воздржаност кон Македонија. Во таа насока, сигурно е дека рекламна кампања за инвестирање во Македонија нема да остане незабележана од француските политичари спроти европските избори, посебно од оние кои сакаат „повеќе Европа“, со хармонизација на законодавствата, но тргнувајќи од највисоките социјални придобивки, сега повторно ќе можат да се послужат со стравот од „македонското претпријатие“.

Плодовите од претходната кампања за инвестирање во Македонија не ни се познати. Реакциите на политичарите колку и да се остри, сепак, тие не влијаат многу врз одлуките на шефовите на претпријатијата и инвеститорите. Последниве се водени од интересот за профит отколку за социјалните грижи. Сите добро знаат дека капиталот не се грижи за моралот, тоа го призна и претседателот Саркози. Филип Херман, шеф на претпријатие од Алзас, инвестирањето во странство, во случајов во Македонија, го гледа како можност за претпријатијата да излезат на нов пазар, но моментно, според него, „потребно е да се види дали има претпријатија кои можат да инвестираат во странство. Во актуелната криза тие најнапред гледаат да ги зачуваат работните места во Франција и да го спасат самото претпријатие“.


Статијата е прочитана 950 пати.

Испрати коментар

Од: toni
Датум: 09.03.2009 00:59:51
Gi podrzuvam vakvite kampanji na vladata.Nemoze da cekame investitorite sami da cekame da dojdat mora sami da gi barame.A ova deka Francija se uplasila od nasite reklami e navistina smesno.
Од: МК
Датум: 09.03.2009 01:19:49
Јас предлагам нов систем на интер социјалистичко капиталистичка утопија како на примерот во Кина и Белорусија. Ако ја погледнеме эа пример Белорусија каде што 51% од биэнис компаниите со со државен капитал и 49% приватни со странски и домашни инвестиции ќе видите дека стапката на невработеност иэнесува помалку од 2% СПОРЕД статистиките на CIA World Fact Book 2008. Се га ви ди ти.
Од: Filip Shumski USA
Датум: 09.03.2009 02:45:58
A bash nie gajle nas shto svetot se soochuva so globalnata ekonomska kriza toa e nivna briga koga imaat nesposobni vladi kako nbashata bitnoe kaj nas teche mleko po ulicite i ploshtadite a akose pojacha i pchelarstvoto dogodina ke bide deka teche med i mleko , ne im treba nishto niv da prevzemaat nego neka ja kopiraat nashata vlada za koja nepostoi ekonoska kriza zanejze a shtose odnosi na svetkata ekonomska kriza taja e dogovorena R.M ke e zaobikoli.
Од: Princeza
Датум: 09.03.2009 11:23:31
Ако светов е сега некое време во криза, Македонија била во кризи многу поголеми од светскава. ВМРО со сите сили се трудат да не се почувствува оваа криза, да привлечат инвеститори преку разни програми и пропаганди и да ја развијат македонската економија
Од: dejan
Датум: 09.03.2009 12:45:53
E, Shumski, sto e ubavo od daleku taka da si laes. Isto kako kuce na mesecina. Znaes ti dali ovde ima kriza ili nema. Nasite zivoti se so godini vo kriza. Podolu zdravje. Mnogu mi e gajle za toa koj sto ke misli ako postapkata sto ja pravam ke i pomogne na mojata zemja. Ova osbeno se odnesuva na Francija koja za 1 milijarda dobiena od Grcija vo zamena za oruzje zaboravi na moral, cest i na nivnata parola za ednakvost. A da ne zborime na sto lici Evropa posle ova nivno odnesuvanje.
Од: sefket
Датум: 09.03.2009 12:59:22
treba vladata da bara idioti , zosto samo idioti mozat da investiraat vo makedonija i da se nadevaat na profit.investicija vo mk e kako da ste gi frlile parite vo bunar.ako na evn moze da mu se slucuva toa sto mu se slucuva posle takva golema investicija togas kolku li se izzivuva vladata vrz pomalite investitori?koji 10%,misli li nekoj deka nikoj nema da sedne i da rachuna?10% danok e cita lazga..a kolku reket treba da plati investitorot?
Од: Le Monde
Датум: 09.03.2009 13:16:39
Francija ima 8% nevrabotenost, vo Makeonija e poveke 40% (za prosecna plata da ne zboruvam), i med i mleko tece po ulicite, luge ziveat so mizerna plata, a dvacijata PO VTOR PAT ke ni itropne na vrata, 300 milioni ke troshime od zastedi (sto sme gi stedele edna decenija) i sme odele napred? Ni reklama na mars ne né spasuva, a kamo li prikaski kako na Princeza vo zemjata na VMRO. So ushte izled od 8 milijardi (ne 1milijard, pa duri 8), stopanstvoto na MK moze da dojde do totalen kolaps, proizodstvoto da zastate, pa lugeto duri i za leb ke trpat, ne daj boze
Од: Баба Ката од секлулица
Датум: 09.03.2009 15:38:46
Шефкете, земјаку мој, ти ја прочитав првата реченица и не ми требаше повеќе. Ти симнувам капа. Бог да ние на помош и на тебе и на мене.

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Протестен марш на професионалните војници
Згазено достоинство