Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Конкурсот на Европскиот универзитет ќе се повлече

Жаклина Хаџи-Зафирова

Министерството за образование и наука побара од Европскиот универзитет на Бојо Андревски да го повлече објавениот конкурс за упис на студенти во идната учебната година. Државните просветни инспектори му укажале на Андревски дека конкурсот има многу недостатоци поради тоа што не содржел информации за уписните рокови, за слободните места и условите за запишување.

Од Европскиот универзитет, кој претходниве десетина дена за време на „Деновите на образование и кариера“ наголемо запишуваше студенти и делеше 1.000 стипендии, негираат дека се работело за запишување. Тие велат дека во Mинистерството погрешно го толкувале законот и членовите на кои токму тие се повикуваат дека ги почитувале. Во јавноста се создаде заблуда со јавните промоции на некои приватни универзитети кои на секој начин се обидуваат да привлечат студенти нудејќи им ги нивните атрактивни програми, иако државната матура се' уште не е почната да се реализира. Некои приватни универзитети, нестрпливи да се наметнат на пазарот, уште отсега најавуваат дека роковите за упис ќе бидат веднаш по матурата.

„Од Европскиот универзитет побаравме да го повлечат конкурсот и да објават нов, согласно со Законот за високо образование. Според нашите укажувања, објавениот конкурс за запишување студенти во 2008-2009 година не е во согласност со член 108 став 4 од Законот за високо образование, односно не содржи постапки, рокови за пријавување. Тие имаат само наслов на факултетот, но немаат колку траат студиите, колку слободни места имаат и условите за запишување“, ни изјави директорот на Државниот просветен инспекторат, Ѓорѓи Николов. Тој појасни дека Европскиот универзитет не го прекршил законот со тоа што запишале студенти, туку со недостатоците во објавениот конкурс.

„Не знам дали е запишување или маркетиншки трик, но ќе провериме за што станува збор“, најави Николов. Инспекторатот испратил уште еден допис до сите факултети да ги почитуваат законските рокови.

Во Европскиот универзитет објаснуваат дека конкурсот го објавиле пет месеци пред изведување на наставата, што предвидува законот.

„Не станува збор за запишување студенти, туку кандидатите само си обезбедуваа место за идната учебна година“, вели Емилија Андоновска, портпаролка на Универзитетот. „Секој што аплицира треба да потпише договор со кој ќе го зачува местото кога ќе дојде времето за упис. Но, тие мора да имаат положено матура за да се запишат на факултет. Ако не положат, тогаш местото им стои за следната година“, вели таа. Андоновска не сакаше да прецизира колку студенти се запишале деновиве, иако процесот на упис ќе трае до крајот на оваа недела, што, според неа, било предвидено според Програмата за промоција на Универзитетот. Таа појаснува дека за оние кои се запишувале, требало да уплатат по 500 евра како депозит за упис, кој подоцна им се одбива од школарината.

 


Статијата е прочитана 657 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 29.04.2008 02:00:10
Steta... Taman Vecer si napravi naslovna i Latas se iskezi na vesta za 524514635645 stipendii na Evropski!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Повик до матурантите да го проверат Избирачкиот список
Ветото за НАТО беше лоша одлука
Висока воена делегација од Канада во посета на АРМ
И по овие избори влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА