Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Азилантски данок за визите

Тамара Грнчароска

Азилантските бранови од Македонија се закануваат да прераснат во ново визно цунами од ЕУ за земјава. Само по единаесет месеци безвизно патување за македонските граѓани, Брисел ја седна Македонија во магарешка клупа и ни се закани дека повторно ќе ни воведе визен режим. Автобусите од Шутка и од Липковскиот регион, кои во Белгија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Германија истоваруваа наши граѓани како економски азиланти, на европските престолнини им дојдоа преку глава.

Изнервирани од млакиот однос на македонските властите кон организираното барање азил на наши граѓани во земјите од ЕУ, и тоа преку туристички агенции, преку еврокомесарката за внатрешни работи, Сесилија Малстром, тие ни порачаа дека неколку земји-членки побарале засилена контрола на безвизниот режим и ако една или две од нив во иднина се почувствуваат загрозени и побараат мерки, одговорот може да биде повторно воведување визи.

Пораката од Брисел дојде како студен туш врз единствениот опиплив напредок што земјава изминатите години го постигна во поглед на ЕУ и шенген зоната - симнување на визниот режим. Ако граѓаните за миг се почувствуваа блиску до Европа, оти веќе не се непожелни таму и дека зад нив неповратно останаа редиците пред амбасадите за вадење визи, тие сега повторно се на чекор од тоа. Но, како во клетвата - да имаш, па да немаш - за македонските граѓани враќањето на стариот режим ќе биде пофрустрирачки отколку претходно.

Сето ова ќе се избегнеше ако уште во февруари властите ги сфатеа посериозно алармите што се вклучија во европските земји кога бројката на баратели на азил од земјава се мултиплицираше. Белгискиот премиер Летерм тогаш не дојде во Липково за да ги разгледа убавините на Македонија, туку да ни каже колку ги загрижува бројката на иселување од земјава во неговата. Но, беглата реакција на надлежните во земјава со делење флаери, информирање преку Интернет, средби со локалните власти и неколку пријави против туристички агенции, очигледно, не вродија со плод, па пред само еден месец повторно Липково, но и Шутка, ги посети белгискиот министер Ватле и повтори дека земјава мора да ги преземе сите мерки за да ги спречи азилантските бранови. Тревога крена и Германија, но тоа не ги растревожи надлежните во земјава, па тие повторно со флаери, информирање преку Интернет и средби со градоначалници тргнаа во информирање на најсиромашниот, најчесто речиси без никакво образование, слој граѓани што сочинуваат 90 проценти од азилантите.

И по правилото од играчка - плачка, сега дури и неверојатно ни звучи можноста за враќање на визниот режим. Сиот труд и пари што ги вложи државата во исполнувањето на техничките стандарди, борбата против криминалот, воспоставувањето визен центар, интегриран граничен систем за да го урне шенгенскиот ѕид за два милиона македонски граѓани, сега се тресат пред 2.000 економски азиланти што таа не успеа да ги задржи во земјава. Иако таа бројка на азиланти за 500-милионската Европа е мала, треба да се сфати дека ЕУ не сака да и' се повтори искуството што го имаше со имиграцијата од Бугарија и од Романија, па и само 200 азиланти од Македонија и' се чинат многу, особено што ние сме земја-кандидат за членство. Европа уште еднаш ги подвлече правилата, а на нас останува дали ќе ги сфатиме и прифатиме или не.

Иако се' уште не е доцна за поправен испит и за враќање на имиџот на „пријателска“ држава, Македонија ќе мора посериозно и поажурно да се справи со „азилантскиот синдром“ што зафати слоеви од општеството. Во спротивно, сиромаштијата, безработицата, но и слабиот контролен и казнен механизам во земјава за злоупотреба на безвизниот режим, ќе го земат својот данокот што ќе го платиме сите.


#
Статијата е прочитана 1229 пати.

Испрати коментар

Од: mile vo tranzicija
Датум: 10.11.2010 12:13:57
Како не им е страм на европејците па лугето се напатени и сакаат само да отидат и да се релаксираат и малце н�� шопинг да видат шо како. Па тоа се све фини господа од Липково и Шутка шо не им чини сега на господата од ЕУ нека им дадат малце права на лугето а они ке им вратат со врвни европски особини мултикултурност, зголемен наталитет, и тако дајле.
Од: Nikola vo EU
Датум: 10.11.2010 13:03:25
Tocno,2000 azilanti ne se predizvik za EU-no se raboti se princip.MK so godini rabotese na toa da se ukine necoveckiot vizen rezim,pa sega navstina nema smisla poradi paraziti-poedinci,koi sakat na smetka na Evropskite danocni obvrznici lezejki da lapat socialni beneficii.Germanija lani za repatriacija na MKski azilanti potrosi 3,8 Mio. €-i taa brojka e zanemarliva za bogatata Germanija-no i tuka ima,veruvate ili ne,siromasni sloevi koi gladno se legnuvaat vecerinja,pa spomenatata suma trebalo za niv da se koristat,a ne za MIRZLIVI lugje od Sutka i Lipkovo,koi znaat samo da trazat,a ne da pridonesuvaat za dobroto na okolinite vo koi ziveat.Ve molam,bidete samokriticni kon Drzavata i vladata,koja ve vodi.Da gi zadrzi azilantite vo MK od "razbirlivi pricini" ne e od nejzininteres,koja se nadeva preku azilantska emigracija,znaci vestacki,da se namali brojot na socijalni slucaji vo MK.Se plasam deka vladata vo nejzin "calimerov" stil i poradi suetata ke go prokocka bezvizniot rezim!Pozdrav
Од: atanas
Датум: 10.11.2010 13:31:59
pa sto ako go ukinat slobodniot vizen rezim za makedonija koga pola makedonci ke imaat bugarski pasos a pola albanci albanski pasos i pak ke mozat slobodno da patuvaat vo evropa i da ostanat kolku sakaat i da rabotat i da se obrazuvaat a onie sto ke ostanat samoo so makedonski pasos tie ne se proevropski orientirani tie se za bivsa jugoslavija i mozat tamu i da si ostanat
Од: Себатијан
Датум: 10.11.2010 15:15:42
Што толку се исплашиле господата од Брисел. Па колку бугари и Романци избегале од нивните матични земји , па никому ништо а за 2000 луге толкава паника па дајте му на лугето малку надеж за жибот .Никој нисто не носи во гроб ако ме разбирате што мислам да кажам.Секој се бори за подобар жибот па кога ке умре да не умре со отворени очи.
Од: Vistinata za Makedonija
Датум: 10.11.2010 15:35:18
Abre Nikola,za kogo zboris parazite se??Aj da pogledneme koj bea parazite i gagaci vo Makedonija?Sakas li?Koj gi dobivase stanovite gratis vo MKD: Kozle,Aerodrom,Kisela voda i da ne brojam uste.Fabrikite vo civi race bea,sigurno ne na Romite i Albancite.Koj ziveese vo MKD na priiveligiran nacin:klati vrata,zimaj plata!!Koj ja pokrade Makedonija so tranzicijata i parite na tie sto deneska baraat azil??Sigurno ne Romite i Albancite.Ako e nekoj parazit vo Makedonija se znae koj e,sigurno ne se Albancite i Romite,tuku vie moi dragi sogragani,nauceni od malecki da ziveete na tug grb i da im gi kradete sredstavata na malcinstvata.Pozdrav
Од: Mite
Датум: 10.11.2010 19:08:00
a dali EU dava Azil na gejovi ?? tie se navistina tuka diskriminirani i imaat potreba da odat vo EU..

Најди! во Утрински
Едиторијал






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'