Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Нино Величковски

дир. на ФКС на општ. Куманово

По повод 66 години од ослободувањето на Куманово, денеска ќе се одржат низа пригодни активности, во организација на Oпштината, како што се почнувањето со работа на „Куманово гас“, пуштањето на клучка на улицата „3. македонска бригада“ и една нова спортска сала. Финале на Денот на градот ќе биде вечерниот концерт на Харис Џиновиќ на градскиот плоштад, со почеток во 20 часот.

Ева Нединковска

пејачка

Денеска речиси цел ден сум ангажирана со часовите во јазичната школа на ЕТЦ на Црвен крст. Сепак, вечерта ми е посветена за музичката кариера. Влегувам во студио да ја снимам новата песна што ми ја подготви Никола Перевски-Пере и планирам наскоро да биде презентирана во етерот.

Коле Ангеловски

режисер

Деновиве сум во процес на монтажа на пилот-епизодата за евентуална хумористична серија. Така и денеска сум преокупиран со монтажата. Инаку се' друго се одвива вообичаено. И натаму по три дена во седмицата сум во Скопје, а четири во Маврово. Во овие „скопски денови“ се трудам да ја завршам пилот-епизодата.


#
Најди! во Утрински
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial